Рон Џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Oct 2020 14:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рон Џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште еден републикански сенатор позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-republikanski-senator-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-republikanski-senator-pozitiven-na-koronavirus/#respond Sat, 03 Oct 2020 14:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=411971

Републиканскиот сенатор Рон Џонсон е позитивен на коронавирус и тој е третиот републикански член во американскиот Сенат кој е заразен со овој вирус, објави на својот профил на Твитер Џејк Шерман, американски автор за „Политико“. Тестот е позитивен и кај републиканските сенатори Том Тилс од Северна Каролина, и Мајк Ли од Јута, двајцата членови на клучниот Комитет за правда, откако минатата недела присуствувале на неколку настани во Белата куќа поврзани со номинацијата на Ејми Кони Барет за нова судијка на Врховниот суд. Потврдувањето на судијката сега виси на конец. Вчера, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот Твитер профил објави дека тој и Првата дама на САД, Меланија Трамп, се позитивни на вирусот. Инаку, Трамп беше пренесен во воената болница Валтер Рид во Мериленд, бидејќи, откако беше потврдено дека е позитивен на вирусот, тој започна да ги покажува првите симптоми, како што се покачена телесна температура и кашлица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-republikanski-senator-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Американскиот сенатор Џонсон во посета на Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/#respond Mon, 10 Sep 2018 06:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=98682

Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“. Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот. Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи на средбата рекол дека работи на постигнување договор кој ќе има позитивни ефекти врз регионот, но оти тешко ќе се постигне. Џонсон вчера се сретна и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај со кого разговарал за ситуацијата во регионот. Харадинај веста за средбата со Џонсон ја објави на својата страница на Фејсбук наведувајќи дека Приштина е заинтересирана за постигнување оптимален правно обврзувачки договор со Белград. Американскиот сенатор денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, кде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Џонсон е член на Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот и претседавач на Пододборот за Европа и регионална безбедносна соработка, а претседава и со сенатскиот Одбор за внатрешна безбедност и владини работи. Тој треба да помогне во новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/feed/ 0
Сенаторот Рон Џонсон во посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-vo-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-vo-poseta-na-skopje/#respond Sun, 09 Sep 2018 06:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=98232

Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој е коспонзор на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа денеска престојува во посета на Скопје. Џонсон во претпладневните часови ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а највена е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Сенаторот Џонсон во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски активности пред претстојниот референдум, на 30 септември. Вчера во Скопје престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел, а изминатите денови беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц. Џонсон, кој е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност, освен Македонија, ќе ги посети и Грција, Србија и Косово. Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии. Воедно, тој е и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка. Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина. Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-vo-poseta-na-skopje/feed/ 0
Сенаторот Рон Џонсон од утре во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/#respond Sat, 08 Sep 2018 13:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=98143

Американскиот сенатор Рон Џонсон утре пристигнува во посета на Македонија на средби со државниот врв. Тој во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски активности пред претстојниот референдум, на 30 септември. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во Скопје и изнесе јасна порака до македонските граѓани - на 30 септемри да не седат дома, туку да излезат и да се изјаснат за иднината на нивната земја. Во пресрет на референдумот во посета на Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембур Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц. Џонсон, кој е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност, освен Македонија, ќе ги посети и Грција, Србија и Косово. Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии. Воедно, тој е и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatorot-ron-dzonson-od-utre-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0