ропство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 15:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ропство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандскиот премиер официјално се извини за улогата на Холандија во тргувањето со робови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/#respond Mon, 19 Dec 2022 15:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=777717

Холандскиот премиер, Марк Руте, денеска се извини во име на неговата влада за историската улога на Холандија во ропството и трговијата со робови, независно повиците за одложување на долгоочекуваната изјава. „Денеска се извинувам во име на холандската Влада за постапките на холандската држава во минатото“, рече Руте во говор за ропството во Националниот архив во Хаг. Говорот беше поздравен со молчење од поканетата публика. Руте сепак се извини денеска, иако некои активистички групи го повикаа да почека до 1 јули следната година, годишнината од укинувањето на ропството во земјата. Некои дури минатата недела излегоа на суд во неуспешен обид да го одложат неговиот говор. „Знаеме дека нема добро време за сè, нема соодветни зборови за сè, нема вистинско место за сè“, рече Руте. Тој рече дека Владата ќе формира инцијативен фонд за да помогне во справувањето со наследството на ропството во Холандија и нејзините поранешни колонии. Холандија некогаш беше трета по големина колонијална сила во светот и поробуваше околу 500 илјади луѓе во текот на 200 години. Тие главно биле киднапирани од Западна Африка, продадени и принудени да работат на плантажите во Суринам и на Антилите. Холандското кралство беше една од последните земји во Европа што официјално го укина ропството на 1 јули 1863 година. Активистите веруваат дека дури наредната година е всушност 150-годишнината од укинувањето на ропството, бидејќи многу заробеници биле принудени да продолжат да работат на плантажите и една деценија по укинувањето на ропството.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/feed/ 0
Бајден потпиша: 19 јуни национален празник по повод крај на ропството во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-19-juni-nacionalen-praznik-po-povod-kraj-na-ropstvoto-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-19-juni-nacionalen-praznik-po-povod-kraj-na-ropstvoto-vo-sad/#respond Fri, 18 Jun 2021 06:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=524991

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој го прогласи „Џунтинт“(Juneteenth) или 19 јуни за 11-ти федерален празник со кој се означува крајот на ропството. Претходно во средата, предлогот беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот конгрес со 415 гласа „за“ и 14 „против“. „Џунтинт, исто така, означува долга, тешка ропска ноќ и најава за посветло утро“, рече Бајден во Белата куќа пред потпишувањето на законот, додавајќи дека тој ден е потсетник за „страшните последици од ропството во земјата“. „Џунтинт“ го одбележува денот кога за последните робови во Америка, во 1865 година во Галвестон, Тексас, се вели дека се ослободени, две години по потпишувањето на Прокламацијата за еманципација за време на граѓанската војна, со што завршија 246 години ропство во САД. Голем број американски држави веќе го признале 19 јуни како празник, и тој ден е платен празник за вработените во државните управи во Тексас, Њујорк, Вирџинија и Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-19-juni-nacionalen-praznik-po-povod-kraj-na-ropstvoto-vo-sad/feed/ 0
Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/#respond Thu, 17 Jun 2021 07:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=524633

Американскиот Конгрес го усвои предлог-законот според кој 19 јуни е прогласен за празник во спомен на крајот на ропството и заминувањето на последните робови во 1865 година во државата Тексас. Претставничкиот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот доцна синоќа со 415 гласа и 14 против, а Сенатот го направи тоа едногласно. И порано имаше барања овој ден да биде прогласен за празник, но тие станаа почести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај 2020 година од бел полицаец. -Датумот 19 јуни не потсетува на историјата извалкана од бруталност и неправда, но, исто така, и на одговорноста што мора да ја имаме за да имаме иднина на напредокот, почитувајќи ја еднаквоста, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси. И американскиот претседател Џо Бајден треба да го потпише овој нов закон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/feed/ 0
Републикански сенатор повика денот кога се укина ропството во САД да се прогласи за федерален празник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikanski-senator-povika-denot-koga-se-ukina-ropstvoto-vo-sad-da-se-proglasi-za-federalen-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikanski-senator-povika-denot-koga-se-ukina-ropstvoto-vo-sad-da-se-proglasi-za-federalen-praznik/#respond Fri, 19 Jun 2020 19:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=360037

Републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин има намера да поднесе нацрт-закон со кој денешниот ден ќе се прогласи за федерален празник, датата кога во САД се одбележува крајот на епохата на ропството. На 19 јуни 1865 година армијата на северњачкиот Сојуз навлезе во тексашкиот град Галвестон, последната опора на конфедератите, со веста за тоа дека Граѓанската војна е завршена а 250 илјади жители на државата кои се робови, отсега се слободни. -Еден од најзначајните моменти во историјата на нашата нација се случи на 1 јануари 1863 година, кога претседателот Линколн ја прогласи Декларацијата за еманципација и конечно дојде до ослободување на сите робови на територијата на Конфедерацијата. Но робовите во Тексас таа вест ја дознаа дури две и пол години подоцна, изјави Корнин денеска обраќајќи се пред Сенатот. -Поминале две и пол години откако робовите од Југот дознале дека се слободни. И тоа се случило на денешен ден кој ние го нарекуваме Ден на еманципација. Овој ден не бил одбележуван официјално се до 1980 година, кога Тексас станала првата сојузна држава која го прогласи за празник. Неделава и Њујорк и Вирџинија го прогласија овој ден за официјален празник, тоа значи дека вработените во службите на државата ќе добијат платен слободен ден или плата за прекувремена работа. Денот на еманципација на поробените луѓе од африканско потекло (или Џунтеен) се одбележува и во 43 други држави и во округот Колумбија, но не како официјален државен празник. Овој ден се одбележува и во некои земји од Карибите, поранешни европски колонии. Во меѓувреме, низа американски компании како Гугл, Твитер и НФЛ лигата на американски футбал, планираат да го одбележуваат овој ден как празник. Тексас е последната конфедеративна држава која официјално го укина ропството во 1865 година и годинава се одбележува 165 годишнина од таа дата. Во иминативе неколку недели во САД се одвива своевидна лустрација на настани и личности одговорни за ропството и Граѓанската војна во 19 век. Прифаќањето на оваа дата за државен празник и уривањето и симнувањето на споменици и слики на повеќе конфедеративни политичари и воени лица кои се бореле за зачувување на робовладетелскиот систем, започна со активирање на граѓанското движење во САД со бранот масовни протести поттикнати од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikanski-senator-povika-denot-koga-se-ukina-ropstvoto-vo-sad-da-se-proglasi-za-federalen-praznik/feed/ 0
Макрон: Никогаш не смееме да ги заборавиме страниците од нашата историја испишани во времето на ропство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-nikogash-ne-smeeme-da-gi-zaboravime-stranicite-od-nashata-istorija-ispishani-vo-vremeto-na-ropstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-nikogash-ne-smeeme-da-gi-zaboravime-stranicite-od-nashata-istorija-ispishani-vo-vremeto-na-ropstvo/#respond Sun, 10 May 2020 17:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=344256

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара никогаш да не се заборави ропството, а по повод Денот на укинување на ропството, кој годинава во Франција се одбележува поскромно поради епидемијата на коронавирус. „Денот на сеќавање на трговијата со робови, ропството и неговото укинување, кој во Франција е воведен во 2001 година, постоа за никогаш да не заборавиме на тие страници од нашата историја“, напиша тој на социјалните мрежи. Макрон вели дека овој Ден потсетува на варварското тргување со црнци и на колонијалното ропство – тоа злосторство против човештвото кое се спроведувало со векови. – Но, исто така не потсетува и дека со осудата и уривањето на таквиот систем станавме она што сме: земја со човекови права, единствена и неделива Република, која од својата различитост ја црпи силата на универзалноста, додаде Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-nikogash-ne-smeeme-da-gi-zaboravime-stranicite-od-nashata-istorija-ispishani-vo-vremeto-na-ropstvo/feed/ 0