Роскосмос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 08:23:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роскосмос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-otkri-model-od-novata-ruska-vselenska-stanica-vo-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-otkri-model-od-novata-ruska-vselenska-stanica-vo-razvoj/#respond Tue, 16 Aug 2022 08:23:11 +0000 https://kurir.mk/?p=719155

Откако Русија објави дека има намера и одлука за напуштање на Меѓународната вселенска станица (МВС), сега руската државна вселенска агенција Роскосмос посочи и како ќе изгледа нејзината нова станица во развој, т.е. претстави модел од неа. Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток со четири модули. Станицата потоа ќе биде проширена на вкупно шест модули со сервисна платформа. Дизајнот овозможува сместување на четири лица, а станицата, наводно, ќе нуди и подобри способности за следење на Земјата во споредба со условите што Русија ги има на МВС. Сѐ уште недостасуваат подробности, како, на пр. датумите, но според тамошните медиуми, првото лансирање ќе се случи меѓу 2025. и 2030 година, а второто – меѓу 2030. и 2035 година. Тоа значи дека би можело да мине долго време откога Русија ќе ја напушти МВС во 2024. до можноста за користење функционална замена. Роскосмос во јули објави дека ја напушта МВС како одговор на западните санкции и другите мерки наметнати поради нападот врз Украина во февруари. Така, 2024 година ќе го означи крајот на оваа 20-годишна американско-руско соработка на МВС. Русија сепак ќе ги исполни своите обврски до 2024 година, а има и нов договор за размена на места на заедничките летови со САД. Недостигот на своја станица, на Русија ѝ ја ограничува можноста за набљудување на Земјата, како и истражувања со ниска гравитација. Тоа е, исто така, прашање и на национална гордост – бидејќи Русија ја напушти својата станица Мир во 2001 година. РОСС не само што ќе ѝ помогне на Русија да продолжи таму каде што руските власти застанале, туку тоа ќе претставува плод на претходните и новите напори, велат тамошни извори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-otkri-model-od-novata-ruska-vselenska-stanica-vo-razvoj/feed/ 0
Роскосмос ја напушта МВС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/#respond Tue, 03 May 2022 10:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=671053

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС). Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците. Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука. – Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски – ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано, рече Рогозин. Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува – Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА. Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија „Спејс-Икс“ може да помогне во функционирањето на МВС. Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-ja-napushta-mvs/feed/ 0
Роскосмос го испраќа јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на МВС https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roskosmos-go-isprakja-japonskiot-milijarder-jusaki-maezava-na-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roskosmos-go-isprakja-japonskiot-milijarder-jusaki-maezava-na-mvs/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=605132

Руската вселенска агенција Роскосмос утре ќе го испрати јапонскиот милијардер Јусаки Маезава на Меѓународната вселенска станица (МВС). Со ова, како и со испраќањето на глумицата Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, Москва се враќа во бизнисот со вселенски туризам по повеќегодишна пауза. Еден од најбогатите Јапонци, 46-годишниот Маезава ќе полета од космодромот Бајконур во Казахстан, во придружба на неговиот помошник Јозо Хирано. Ова ќе стави крај на подолгата пауза во руската туристичко-вселенска програма, од летот на канадскиот милијардер и соосновач на „Сирк ду-солеј“ (Cirque du Soleil) – Гај Лалиберте, во 2009 година. „Вселенската прошетка“ на Маезава доаѓа во предизвикувачки период за Русија, чиј вселенски туризам се бори да остане во чекор со западната конкуренција во оваа „вселенска трка“. Американската компанија „Спејс-Икс“ во сопственост на Илон Маск, минативе години ја почна својата програма „Кру драгон“. Ова ги ограничи, но сепак, остави простор и за руските „Сојузи“, често изнајмени и од НАСА, дозволувајќи ѝ притоа на Москва да прифаќа и туристи „со подлабок џеб“, како што е Маезава – 30-тиот најбогат човек во Јапонија. Во партнерство со американската компанија „Спејс адвенчрс“, Русија досега испрати седум туристи во Вселената. Маезава и Хирано ќе бидат првите од Јапонија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roskosmos-go-isprakja-japonskiot-milijarder-jusaki-maezava-na-mvs/feed/ 0
Приведен советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-sovetnik-na-shefot-na-ruskata-vselenska-agencija-roskosmos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-sovetnik-na-shefot-na-ruskata-vselenska-agencija-roskosmos/#respond Tue, 07 Jul 2020 10:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=370788

Советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос е приведен од надлежните и е обвинет за државно предавство. „Приведувањето на Иван Сафронов, поранешен новинар специјализиран за теми од одбраната, воено-индустрискиот комплекс и вселенската индустрија, не е поврзано со неговата работа како советник на генералниот директор Дмитриј Рогозин“, се наведува во соопштението на Роскосмос. Сафронов работи во агенцијата како советник за медиуми од мај. Претходно, тој работеше како специјален дописник за весниците „Комерсант“ и „Ведомости“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-sovetnik-na-shefot-na-ruskata-vselenska-agencija-roskosmos/feed/ 0
Роскосмос ќе лансира над 40 вселенски ракети во 2020 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-kje-lansira-nad-40-vselenski-raketi-vo-2020-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-kje-lansira-nad-40-vselenski-raketi-vo-2020-godini/#respond Mon, 30 Dec 2019 20:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=284080

Руската Федерална вселенска агенција Роскосмос планира да лансира повеќе од 40 вселенски ракети во 2020 година. – Во 2020 година Русија планира да изврши повеќе од 40 лансирања на вселенски ракети, се наведува во соопштението. Како што е наведено од Роскосмос, лансирањата ќе бидат извршени од космодромите Бајконур, Восточниј, Плесецк и вселенскиот центар во Француска Гвајана. Претходно, генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на прес-конференција на космодромот Восточниј изјави дека следната година се планирани 20 лансирања на носечки ракети „Сојуз“. Во 2020 година, исто така, ќе продолжат тестирањата на носечката ракета „Ангара“ и лансирањата на ракети „Протон-М“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roskosmos-kje-lansira-nad-40-vselenski-raketi-vo-2020-godini/feed/ 0