ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 11:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Венчавка по речиси осум децении: Храмот на Пресвета Богородица во Ростуше светна во полн сјај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:22:27 +0000 https://kurir.mk/?p=875680

По речиси осум децении, како што потврдува црковната книга, во сечесниот храм на Пресвета Богородица во долнореканското село Ростуше, двајца млади го кажаа судбоносното „да“ и на вечна љубов се заколнаа пред Бога. Мартина и Владимир Јовевски и двајцата од Скопје, поодамнешни жители на селото Ростуше, двегодишната љубов ја крунисаа со брак со благослов од Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. -Денеска станува голема радост, како за земната, така и за небесната црква, затоа што во овој свет и сечесен храм што неодамна го осветувавме, се раѓа еден нов почеток, се гради уште една црква во мало – имено, светата брачна заедница помеѓу Владимир и Мартина. Дај Боже овој брак да биде квас за повеќе христијански бракови во славниот крај на Мијачијата, посака владиката Партениј. -Љубете се еден кон друг. Бидете од оние кои се љубат брзо и си проштеваат. Дури и кога ќе има некакво недоразбирање, љубовта ќе ве врати на правиот пат. Бракот е, пред сè, преданост и жртва. Денес луѓето не се научени на жртва, не сакаат подвиг. Насекаде бараат радост, исполнетост и љубов, но не ги наоѓаат, затоа што сакаат да го избегнат крстот. Сакаат некаков друг ’христос‘, кој ќе им ги исполнува само егоистичните желби. Но, Спасителот Христос ни вели: „Кој сака да врви по мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по мене. Бог да ве благослови и да ве обдари со таква божествена љубов што ќе ја најдете само во Христа, ги благослови владиката Партениј, чиј лик посотојано го красеше насмевка што ја чувствуваше во неговата душа. Честитајќи им го бракот со желби до година да ја крштеваат нивната рожба, не можевме а да не им го поставиме прашањето зошто метрополата ја замениле со селска средина. Одговорот и на двајцата е дека мирниот начин на живот, волшебната природа и блискоста на Бигорскиот манастир, кој е стар повеќе од илјада години е еден од мотивите поради кои одлучиле да го продолжат својот живот во селото Ростуше. -Ова место ни даде можност да се спознаеме себеси и да ги спознаеме вистинските вредности во животот. Една од клучните работи исто така е и подршката на владиката Партениј кој со неговото трпение и неизмерна љубов знае да ги насочи неговните духовни чеда и да го развие нивниот потенцијал, велат двајцата. За новиот брачен пар еден голем предизвик е да учествуваат во мисијата на Владиката Партениј за мултикултурниот развој на регионот. Откако решиле остатокот од животот да го продолжат во овој крај без никаков притисок и слободна волја, владиката Партениј им овозможи редовна работа во „Гостинскиот Палат“ „ и „ Куќа на Мијаците“ кои имаат посетители од целиот свет. Покрај оваа работа, Владимир при неговиот престој во манастирот магистрирал Дизајн на ентериер и се запишал на архитектонскиот факултет, а исто така секојдневно учествува и, во голем дел од проектите за внатрешно уредување во различни објекти во овој крај. -За ваков начин на живот сонувавме уште од деца, а Господ преку благословот на старецот и владика Партениј ни овозможува овој сон да се реализира. Господ преку благословот на нашиот владика ни овозможи овој наш сон да се реализира, посочуваат Мартина и Владимир. Храмот на Пресвета Богородица, издигнат над пенливата Радика и со поглед на Бигорскиот манастир, за кој постои сигурен запис дека постоел уште од првата половина на 15. век, беше обновен и осветен на 30 јули годинава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/feed/ 0
Осветување на сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/#respond Sun, 30 Jul 2023 10:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=861665

Со масовно присуство на верници од многу градови во државава, постојани и поранешни жители и нивни потомци од долнореканските села и од Дебар денеска осветен беше сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше. Осветувањето го извршија Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископ Антаниски г. Партениј. На богослужбата пред многубројните верен народ се обрати владиката Партениј. - Драги Христијани, Да Му благодариме на Господ Бог и на Пресветата Владичица наша Богородица што нè удостоија да го видиме на ова возвишение овде, во славниот мијачки крај, над некогашниот славен манастирски комплекс наречен Двораник, повторно во полн сјај овој свет и сечесен Храм, посветен на Мајката Божја. Бездруго многу поколенија го очекувале овој свештен миг. Оти, историјата на ова Светилиште се протега длабоко во вековите и со него се поврзани доста значајни моменти од историјата на православниот народ во овој крај, но и многу премрежија и искушенија, рече владиката. Додаде дека за Богородичната црква во село Ростуше имаат сигурен запис уште од првата половина на 15. век. -Имено, познатиот феудалец во тоа време од овие простори, Иван Кастриот, таткото на легендарниот Георгиј Кастриот, познат и како Скендербег, кој бил борец за христијанската вера, како мошне побожен Христијанин, посакал дел од своето владение да и го подари на Светата Гора Атонска, поконкретно на манастирот Хилендар. Така, во неговата дарителска Повелба до Хилендарската Света Обител стои, мег у другото, дека тој и ја подарил Црквата на Пресвета Богородица во с. Ростуше, којашто суштествувала од порано, заедно со селото Радостуше (Радост на душата) и селото Требиште. Оттогаш поминаа речиси 600 години и еве, по Божја промисла, ние токму сега го правиме осветувањето на новиот Храм на Царицата Мајка, кој не е ништо друго, освен едно непрекинато продолжение на црковната историја и наследство во овој крај, нагласи владиката Партениј. Архиерејската литургија со свое молитвено пеење ја збогати хорот Митрополит Козма Пречистански од Кичево. Свеченоста со културно уметнички настап ја збогатија Ансамбл Македонија и музичкиот состав Чагија мерак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше како владин повереник сомнително исплаќал народни пари на својот шура и дедо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kandidatot-na-sdsm-od-mavrovo-i-rostushe-kako-vladin-poverenik-somnitelno-isplakjal-narodni-pari-na-svojot-shura-i-dedo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kandidatot-na-sdsm-od-mavrovo-i-rostushe-kako-vladin-poverenik-somnitelno-isplakjal-narodni-pari-na-svojot-shura-i-dedo/#respond Thu, 18 Aug 2022 06:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=720242

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општината Марвово и Ростуше, Медат Куртовски од позиција владин повереник исплаќал сомнителни трансакции на свои блиски роднини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Имено Куртовски исплатил 1000 евра на својот шура и 950 евра на својот дедо. Вакви скандалозни исплати се правени и во основното училиште во Скудриње. Доколку имаше правна држава уште вчера после објавата на медиумите за оваа афера, надлежните институции ќе отвореа случај за ваквите исплати. Ама институциите молчат, а парите се таманат. Со други зборови функционерите на СДСМ арчат народни пари без око да им трепне и ги делат на свои луѓе како да се работи за семејно наследство. Ете затоа државата и општините раководени од СДСМ се во таква финансиска состојба. Ете затоа сме на ова дереџе. Народните пари ако не се поделени како хонорари, тогаш се дебели криминални тендери, ама битно во џебовите на функционерите на СДСМ. Во услови на тешка криза, 500 илјади сиромашни граѓани, колабирано стопанство, екипата на Ковачевски парите ги арчи и око не им трепнува. Ова мора да престане. Народот ќе ја порази оваа неспособна, неодговорна и криминогена структура на СДСМ, се вели во партиското соопштение на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kandidatot-na-sdsm-od-mavrovo-i-rostushe-kako-vladin-poverenik-somnitelno-isplakjal-narodni-pari-na-svojot-shura-i-dedo/feed/ 0
Утре истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за Советот на Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-za-gradonachalnici-na-mavrovo-i-rostushe-i-na-centar-zupa-i-za-sovetot-na-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-za-gradonachalnici-na-mavrovo-i-rostushe-i-na-centar-zupa-i-za-sovetot-na-tetovo/#respond Thu, 11 Aug 2022 14:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=717185

Утре истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово, што ќе се одржат на 20 август. – Рокот за пријавување за гласање во домашни услови, за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација поради ковид, истекува утре. Тие треба да се пријават или електронски во Општинската изборна комисија или преку овластено лице. Гласањето за овие лица е на 19 август, ден пред одржувањето на изборите, соопшти членот на ДИК Борис Кондарко. Бидејќи денот на одржување на изборите е сабота, овие лица треба да гласаат во петок на 19 август, во работен ден. – Со оглед на тоа што гласањето е во работен ден, сите членови на избирачките одбори, треба да бидат ослободени од работни обврски и општинските комисии треба да им дадат потврда која треба да ја однесат на работа, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху. На 19 август, петок, ќе гласаат и затворениците. Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-glasanje-vo-domashni-uslovi-za-izborite-za-gradonachalnici-na-mavrovo-i-rostushe-i-na-centar-zupa-i-za-sovetot-na-tetovo/feed/ 0
Поведена постапка против српски државјанин – бил директен учесник во тешка сообраќајка кај Ростуше каде едно лице загина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-srpski-drzavjanin-bil-direkten-uchesnik-vo-teshka-soobrakjajka-kaj-rostushe-kade-edno-lice-zagina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-srpski-drzavjanin-bil-direkten-uchesnik-vo-teshka-soobrakjajka-kaj-rostushe-kade-edno-lice-zagina/#respond Thu, 15 Apr 2021 09:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=497571

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 13 април управувал со товарно возило – влекач МАН со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во спротивен правец. Во несреќата, на лице место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди. Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-srpski-drzavjanin-bil-direkten-uchesnik-vo-teshka-soobrakjajka-kaj-rostushe-kade-edno-lice-zagina/feed/ 0
Во Гостивар до 19 часот гласале 28.355 граѓани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivar-do-19-chasot-glasale-28-355-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivar-do-19-chasot-glasale-28-355-gragjani/#respond Wed, 15 Jul 2020 17:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=376600

Од 79.945 граѓани со право на глас во Општина Гостивар, до 19 часот гласачкото право го оствариле 28.355 односно 35,47 проценти. Тоа претставува најголем одѕив од трите општини во Гостиварско. Во општина Врапчиште на два часа пред затварање на гласачките места на излегле 7.620 граѓани односно 29,41 проценти од 25.913 колку што ги ма на избирачкиот список Во општина Маврово и Ростуше до 19 часот на гласање излегле 2.728 граѓани или 27,29 проценти од 9.996 вкупниот број на избирачи Во трите општини на последниот пресек од мерењето на одѕивот на гласачите според ДИК на гласање излегле 38.703 граѓани од вкупниот број на гласачи. Десетина граѓани реагирале кај членовите на избирачките одбори дека ги немало на списокот и не им било дозволено да гласаат. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivar-do-19-chasot-glasale-28-355-gragjani/feed/ 0
Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти, најмала во Маврово и Ростуше 3,5 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivarskiot-region-najgolema-izleznost-ima-vo-gostivar-10-procenti-najmala-vo-mavrovo-i-rostushe-3-5-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivarskiot-region-najgolema-izleznost-ima-vo-gostivar-10-procenti-najmala-vo-mavrovo-i-rostushe-3-5-otsto/#respond Wed, 15 Jul 2020 11:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=376177

Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто. По селата во подшарпланинскиот регион, во Општина Врапчиште на гласање излегле 1.781 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста достигнува 6,87 отсто. Во најмалубројната општина која од оваа година е во ИЕ5 Маврово и Ростуше на гласање излегле 351 од вкупно 9,996 избрачи што е приближно 3,51 отсто. Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gostivarskiot-region-najgolema-izleznost-ima-vo-gostivar-10-procenti-najmala-vo-mavrovo-i-rostushe-3-5-otsto/feed/ 0
Во општина Маврово и Ростуше почна гласањето, отворени сите избирачки места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe-pochna-glasanjeto-otvoreni-site-izbirachki-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe-pochna-glasanjeto-otvoreni-site-izbirachki-mesta/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=375949

Според информациите на ОИК Маврово и Ростуше, утрово сите избирачки места се отворени и изборниот процес започнал навреме. Во општината која од овие избори припаѓа на петтата изборна единица право на глас имаат 9.996 граѓани. Тие правото на глас можат да го искористат на 39 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe-pochna-glasanjeto-otvoreni-site-izbirachki-mesta/feed/ 0
Четири нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-dva-vo-mavrovo-i-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-dva-vo-mavrovo-i-rostushe/#respond Sat, 06 Jun 2020 10:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=354393

Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП Комуналец. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на Ковид-19. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово Ростуше 2. Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 454 тестирања, досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-dva-vo-mavrovo-i-rostushe/feed/ 0
Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-pochuvstvuvan-vo-makedonija-epicentarot-vo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-pochuvstvuvan-vo-makedonija-epicentarot-vo-rostushe/#respond Mon, 20 Apr 2020 07:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=334505

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 00 часот и 43 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 71 km југозападно од Скопје во Ростушe, а потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот беше со јачина од 3 степени, а беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-pochuvstvuvan-vo-makedonija-epicentarot-vo-rostushe/feed/ 0