РОСУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Nov 2018 10:55:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png РОСУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали за акцијата во северна Митровица: Пронајдено оружје и уапсени четири лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/#respond Fri, 23 Nov 2018 10:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=131148

Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на обвинителството се наведува дека во акцијата е извршен претрес на неколку објекти и имоти, за кои имало сознанија дека во нив може да се откријат значајни докази за кривичното дело, односно за досега нерасветленото убиство на Ивановиќ, еден од лидерите на косовски Срби. -Со цел да се спроведат законските процедури за обезбедување докази за апсењето на осомничените лица за кривичното дело – убиството на Оливер Ивановиќ, врз основа на барање на Специјалното обвинителство на Република Косово и писмениот налог од судија во претходна постапка од тешки злосторства во Приштина, претресени се неколку објекти и имоти во северниот дел на Митровица, затоа што е оценето дека има реални можности на тие места да се откријат и запленат значајни докази за кривичното дело, се вели во соопштението на обивнителството. Во акцијата, како што се наведува, „полицијата на Косово пронајде илегално оружје и други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“. Оливер Ивановиќ беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија, Граѓанската иницијатива СДП и досега немаше речиси никакви информации за сторителите и мотивите за убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-akcijata-vo-severna-mitrovica-pronajdeno-oruzje-i-uapseni-chetiri-lica/feed/ 0
Припадници на косовските специјални единици упаднаа во северниот дел на Косовска Митровица (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-kosovskite-specijalni-edinici-upadnaa-vo-severniot-del-na-kosovska-mitrovica-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-kosovskite-specijalni-edinici-upadnaa-vo-severniot-del-na-kosovska-mitrovica-video/#respond Fri, 23 Nov 2018 09:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=131094

Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и упасиле четири лица. Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ изјави дека се уапсени полицаецот Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ. Припадниците на Росу упаднале во нивните станови, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат правец. Според потпретседателот на Српска листа, Игор Симиќ, во акцијата биле уапсени и Марко Рошиќ и Недељко Спасојевиќ. Портпаролот на косовската полиција Даут Хоџај изјави дека единиците на косовската полиција упасиле четири лица во северниот дел на Косовска Митровица, а тоа е спроведено во рамки на истрагата за убиството на лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ. За српската телевизија РТС, Хоџај истакна дека по налог на надлежен суд единици на косовската полиција извршиле рација на четири локации. Во Косовска Митровица некаде пред шест часот се огласиле и сирени, кои се слушале речиси еден час. Како што објави РТС, се слушнале и неколку истрели. На плоштадот го градот се собрале голем број граѓани, кои се вознемирени поради денешните случувања. Градоначалникот Ракиќ ги повика граѓаните на воздржаност. Според најновите информации специјалните единици РОСУ веќе се повлекле од северниот дел на Косово. Во тек е вонредна седница на Владата на Србија поради упадот на РОСУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-kosovskite-specijalni-edinici-upadnaa-vo-severniot-del-na-kosovska-mitrovica-video/feed/ 0