ротквица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 18:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ротквица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мал, но моќен зеленчук – зошто мора да јадете ротквица? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mal-no-mokjen-zelenchuk-zoshto-mora-da-jadete-rotkvica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mal-no-mokjen-zelenchuk-zoshto-mora-da-jadete-rotkvica/#respond Fri, 27 May 2022 18:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=682642

Ротквицата е ниско калоричен зеленчук. Тие  се и природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања. Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Таа иако е мала, сепак е богата со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Во 100 грама ротквици има 28 kcal/117 KJ. Носители на калориите се јагленохидратите. Во минералниот состав на ротквицата доминира калиумот (233 mg), а потоа следат калциумот, натриумот, фосфорот и железото. Од витамините, најзастапени се: витаминот Ц и витамините од Б – групата. Витаминот Ц од ротквицата помага во создавање на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кои ги исфрла од телото канцерогените слободни радикали. Истражувањата кои ги спровел „National Institute on Aging“ докажале дека витаминот Ц го зголемува нивото на „добриот холестерол“ – HDL (липопротеин со голема густина), кој од артериите ги отстранува мастите, па на тој начин го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mal-no-mokjen-zelenchuk-zoshto-mora-da-jadete-rotkvica/feed/ 0
Ротквица – супер храна која неоправдано ја занемарувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rotkvica-super-hrana-koja-neopravdano-ja-zanemaruvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rotkvica-super-hrana-koja-neopravdano-ja-zanemaruvate/#respond Mon, 13 Apr 2020 08:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=331257

Ротквиците најчесто служат како додаток кон главното јадење, а луѓето не се свесни дека таа позитивно делува на нивниот организам. Богати се со влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум, а содржат малку калории. Тие се одличен сојузник во детоксикацијата, како и кон настојувањето да изгубите килограми. Овој зеленчук најдобро е да го консумирате во сиров облик, а еве неколку причини зошто треба почето да го јадете. Одлични при застој Нивниот луткаст вкус го поттикнува лачењето на соковите во желудникот и ја поттикнува работата на цревата, па се ефикасни кај лицата кои имаат застој во работата на цревата. Ги чистат бубрезите Ротквиците се сметаат за природен диуретик кој го поттикнува исфрлувањето на вишокот течности од организмот. Освен тоа, може да бидат ваш сојузник во превенција на инфекции кај уринарниот тракт, да ја намалат болката и чувството на пецкање при мокрење, ги чистат бубрезите, а многумина веруваат дека ги ублажуваат и проблемите со хемороиди. Го подобруваат имунитетот Тие се богати во витамин Ц, па со нивно редовно консумирање може да го одржите засилен вашиот имунитет. Го зајкнуваат срцето и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Консумирањето ротквици може да влијае на кардиоваскуларниот систм бидејќи благодарение на своите хранливи вредности може да помогнат во намалување на холестеролот и регулацијата на крвниот притисок. На кого може да му пречат ротквиците? Поради нивната лутина, на лицата кои имаат чувствителен желудник и болести на истиот како чир, проблеми со цревата, како и со бубрезите, треба да избегнуваат честа употреба на ротквиците. Тие не се препорачуваат за луѓето кои имаат болест на штитната жлезда поврзана со недостаток на јод во организмот. Се препорачува роткицата да се избегнува најмалку две недели пред планирана операција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rotkvica-super-hrana-koja-neopravdano-ja-zanemaruvate/feed/ 0