Royal Caribbean Wonder of the Seas – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Mar 2022 12:57:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Royal Caribbean Wonder of the Seas – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Најголемиот брод во светот тргна на првото патување, има капацитет за 6.988 гости https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najgolemiot-brod-vo-svetot-trgna-na-prvoto-patuvanje-ima-kapacitet-za-6-988-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najgolemiot-brod-vo-svetot-trgna-na-prvoto-patuvanje-ima-kapacitet-za-6-988-gosti/#respond Tue, 08 Mar 2022 12:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=643328

Најголемиот брод за крстарење во светот, по три години градба е подготвен да ги дочека првите патници. Со должина од над 360 метри, „Royal Caribbean Wonder of the Seas“ е испорачан минатиот месец и своето патување од Флорида до Карибите го започна на 4 март. Крузерот со 18 палуби е изграден во Франција, а има капацитет за 6.988 гости и 2.300 членови на екипажот. -Возбудени сме што гостите ширум светот ќе ги запознаеме со „Wonder of the Seas“ и со неговите карактеристики кои се светска класа по шест години долг процес, вели Марк Тамис, висок потпретседател на хотелски операции во компанијата „Royal Caribbean International“. Бродот ќе започне со крстарења од пет до седум ноќевања од Флорида до Кариби, а во мај ќе крстари од Барселона и Рим. "Wonder of the Seas" има осум целини, од кои една содржи повеќе од 20.000 вистински билки, а услугите на бродот вклучуваат и она што се опишува како „највисок тобоган на море“, зиплајн преку 10 палуби, голем базен со  базен филмско платно. -Секогаш се гордеевме дека на гостите им нудиме најдобри и најиновативни бродови за навистина да им пружиме неверојатно искуство. Ова наше чудо го опфаќа сето тоа, додава Тамис. Бродот требало да биде испорачан во 2021 година, но тоа е одложено поради корона пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-najgolemiot-brod-vo-svetot-trgna-na-prvoto-patuvanje-ima-kapacitet-za-6-988-gosti/feed/ 0