рози мицкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Jan 2023 15:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рози мицкоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров спроведе хуманитарна акција, која ја прави втора деценија, на акцијата годинава се приклучи и сопругата на Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-vo-gorche-petrov-sprovede-humanitarna-aktsija-koja-ja-pravi-vtora-detsenija-na-aktsijata-godinava-se-prikluchi-i-soprugata-na-mitskoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-vo-gorche-petrov-sprovede-humanitarna-aktsija-koja-ja-pravi-vtora-detsenija-na-aktsijata-godinava-se-prikluchi-i-soprugata-na-mitskoski/#respond Sun, 15 Jan 2023 15:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=787567

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров деновиве во хуманитарна акција, која ја прави веќе втора деценија, спроведена од членовите на Комитетот собираше намирници за исхрана. На акцијата оваа година и се приклучи и Рози Мицкоска, сопруга на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која даде несебичен придонес за акцијата да биде успешна. Собраните намирници, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров ги однесе во црквата Св. Петар и Павле, од каде истите ќе бидат предадени на хуманитарната организација Св. Спас, која секојдневно носи топол оброк во црквата за бездомници. Оваа година акцијата ја одбележа масовност и големи донации. „Кога власта ги занемарува лицата на кои им треба помош, ВМРО-ДПМНЕ прави се што е во негова можност да им помогне на тие лица. Човечноста мора да биде основна одлика на секој поединец, и тоа е еден од принципите на кој се потпира секој член на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како партија која ќе ја предводи идната влада ќе работи напорно, за ваквите акции да бидат се помалку потребни, преку развој на државата и создавање подобра иднина за сите„ - велат од партијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-vo-gorche-petrov-sprovede-humanitarna-aktsija-koja-ja-pravi-vtora-detsenija-na-aktsijata-godinava-se-prikluchi-i-soprugata-na-mitskoski/feed/ 0
Празнично во домот на семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichno-vo-domot-na-semejstvoto-na-liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichno-vo-domot-na-semejstvoto-na-liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/#respond Thu, 07 Jan 2021 09:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=452570

Именденот на Христијан е во центарот на прославата на божикните празници во семејството Мицкоски. Неговата сопруга Рози е задолжена за декорирање на домот и за подароците, а мајката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за традиционалните јадења кои секоја година се дел од бадниковата вечера и божикниот ручек. Во пресрет на најголемиот христијански празник бевме гости на госпоѓа Мицкоска, со која, освен за празничните подготовки и ритуали, разговаравме и за нејзините професионални и семејни обврски, за „новото нормално“ што ни го донесе пандемијата, а се разбира и за тоа каков е приватно лидерот на најголемата опозициска партија…, објавува Вечер. -Минатата година беше мрачна и стресна, пандемијата однесе многу животи, а и нашето семејство помина низ тежок период. Имавме навистина тешка година. Затоа, во Новата година, би сакала сите заедно да влеземе внимателно, со маски на лицето, но со отворена, чиста љубов во срцата. Ако ништо друго, пандемијата нè научи дека не е важно што има на трпезата туку дали сме сите на број, вели Рози Мицкоска, која без збор го прифати предлогот да ѕирнеме во нивниот дом и на читателите на весникот ВЕЧЕР да им ја пренесеме празничната атмосфера. – Ова се празнични денови кои го исполнуваат домот со радост и топлина и ни подаруваат сигурност и сила. За Бадник на трпезата ќе ги имаме сите традиционални посни јадења, гравче, сарма, макало, суво овошје, ореви, лешници и печена тиква. Во центар на вниманието е погачата со паричка, која е највозбудливиот момент, бидејќи сите очекуваме да видиме во чие парче ќе се најде, бидејќи, кај нас нема  местенка со паричката. На крајот на вечерата, како што е адетот, трпезата не ја собираме туку ја оставаме да преноќи. За Божик, пак, се готви подварок, печење, салати, кифли… Мојата свекрва е експерт за готвење и месење, така што моја обврска е изгледот на масата и сервирањето, вели нашата домаќинка. Таа додава дека вистинска радост е подготовката за малите коледарчиња, кои со коледарска песна утрото на Бадник, го навестуваат Христовото раѓање. „Во знак на благодарност за убавата вест ги даруваме со бонбони, јаболка, ореви, чоколади, лешници, костени, парички“. Традиција за семејството Мицкоски е и тоа што на Божик, на именденот на лидерот на опозицијата, утрото се оди на литургија во Соборниот храм и се носи украсена празнична погача на благословување. Минатите години, вечерта, имале и гости, но годинава поради пандемијата ќе се прославува според протокол. Целиот текст прочитајте го ТУКА. ФОТО: Петр СТОЈАНОВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichno-vo-domot-na-semejstvoto-na-liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski/feed/ 0
“Секој заслужува малку среќа”: Рози Мицкоска и пратеникот Стојаноски во пресрет на Божиќ посетија повеќе социјално ранливи семејства  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-zasluzuva-malku-srekja-rozi-mickoska-i-pratenikot-stojanovski-vo-presret-na-bozikj-posetija-povekje-socijalno-ranlivi-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-zasluzuva-malku-srekja-rozi-mickoska-i-pratenikot-stojanovski-vo-presret-na-bozikj-posetija-povekje-socijalno-ranlivi-semejstva/#respond Mon, 04 Jan 2021 14:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=451918

Традиционално, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров организира хумани мисии во пресрет на поголемите празнувања, па така беше и овој пат во пресрет на христијанскиот празник Христовото рожденство Божиќ. Пратеникот и претседател на комитет Бојан Стојаноски заедно со членот на Извршниот Комитет на партијата Марија Андоновска посетија неколку семејства во оваа скопска општина. На акцијата оваа година се приклучи и сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска која како што дознаваме секоја година посетува семејства од социјално ранливите категории со кои го поминува времето и споделува грижа и помош во пресрет на големите празници. Оваа година акцијата која се спроведува е под мотото “Секој заслужува малку среќа”. -Секој заслужува малку среќа и насмевка во период на овие празници. Тие за мене, и дружбата со овие луѓе е бесценета и претставува големо искуство. Да споделиме со овие луѓе тоа што имаме затоа што тие заслужуваат повеќе и да го свртиме вниманието на општеството кое мора да посвети поголемо внимание, изјави Рози Мицкоска. Тие ја посетија и црквата СВ Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-zasluzuva-malku-srekja-rozi-mickoska-i-pratenikot-stojanovski-vo-presret-na-bozikj-posetija-povekje-socijalno-ranlivi-semejstva/feed/ 0
Рози Мицкоска за „Вечер“: Ако ја гледаме добрината во луѓето, ќе стигнеме до среќата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rozi-mickoska-za-vecher-ako-ja-gledame-dobrinata-vo-lugjeto-kje-stigneme-do-srekjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rozi-mickoska-za-vecher-ako-ja-gledame-dobrinata-vo-lugjeto-kje-stigneme-do-srekjata/#respond Sat, 05 Jan 2019 12:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=148837

На Божик во семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има двојно славење. Со сите православни обичаи се слави Христовото раѓање, но и именденот на домаќинот. За подготовките за Бадник, Божик, именденот, но и за други прослави кои ги слави семејство, а кои се во јануари, задолжена е неговата сопруга Рози, пишува Вечер. -За Бадник правиме домашно лепче со паричка, а за децата е многу возбудлив моментот кога го кршиме. Пет години наназад паричката се паѓа кај Христијан. За Божик, кога е и неговиот именден, традиционално, со дома месена погача одиме во Соборниот храм, кршиме лепче и палиме свеќи за здравје. Потоа, во домашен амбиент ручаме само со најблиските, во пријатна атмосфера. Инаку, можам да кажам дека јануари е месецот на нашето семејство. На 20 јануари го славиме Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 јануари го славиме Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син, а, вели таа и додава, дека уште откога се венчале со Христијан, сами со семејството, или со најблиските пријатели, во домашен амбиент, ја слават и Нова година. Рози е вработена жена, која многу ја сака својата професија и како професор по македонски јазик во скопската гимназија “Орце Николов” дава се од себе да ги поттикне тинејџерите да читаат книги и добро да го научат и да го почитуваат мајчиниот јазик. Рози е и мајка на 12-годишниот Јован и на тригодишниот Антони, кои како што вели, ги растат заедно со сопругот, но сега, кога тој се занимава со политика, таа презема поголем дел од задачата за нивно виспитување. Иако нејзиниот сопруг на митинзите покажува голема енергија, таа вели дека во кругот на семејството и со децата е сосема смирен, и оти има исто толку енергија и за нив. За себе кажува дека е позитивна и ведра личност која верува дека во секој човек има нешто добро. -Тоа е она што ме води напред. Така ги воспитувам моите деца, така ги учам и моите ученици. Сакам да го гледам доброто во луѓето и верувајте, така се успева да се биде среќен во животот, со избрани зборови раскажува Рози Мицкоска, за „Вечер“. Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира, па го засакала градот и сега во него се чувствува убаво. Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година. -Се омажив за инженер, магистер на Машински факултет. Сега живеам со професор на Машинскиот факултет и политичар. Иако е огромен предизвик, се надевам дека успешно се снаоѓам во таа улога. Сега, како жена на политичар не ми е потешко од претходно, има повеќе обврски, но секако и повеќе предизвици, вели Мицкоска и додава дека нејзиниот сопруг во она што го работи, ја има целата нејзина поддршка. Додека Христијан е познат на македонската јавност, Рози е елегантната дама која на телевизиските инсерти може да се забележи покрај него. Таа е секогаш со уредна фризура, шминка и убава облека, кои иако ненападни паѓаат во очи, вели дека едноставно е дел од неа. Нема стилист, го купува и облекува тоа што ќе и се допадне во моментот. Нема омилен пејач, филм, ниту пак што било друго омилено… освен децата. -Немам омилени нешта, освен сопствените деца. Се друго само ми се допаѓа. Јас едноставно го правам тоа што прави да се чувствувам удобно во својата кожа, низ насмевка кажува таа. Сам се пријави во војска и дури потоа ме извести Рози Мицкоска како интересен момент од нивната долгогодишна врска го издвојува оној кога Христијан доброволно се пријавил да служи војска во 2004 година, а дури отпосле и го соопштил тоа. -Беше гардист во касарната во Илинден, со гордост кажува Рози во интервјуто за Вечер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rozi-mickoska-za-vecher-ako-ja-gledame-dobrinata-vo-lugjeto-kje-stigneme-do-srekjata/feed/ 0