рпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 13:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/#respond Tue, 30 Aug 2022 13:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=726032

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. – Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих. Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА. Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/feed/ 0
РПЦ и Кремљ загрижени поради одлуката за афтокевалност на УПЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/#respond Fri, 12 Oct 2018 12:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=114110

Руската православна црква (РПЦ) најави „цврст и одлучен одговор“ на одлуката на Вселенската патријаршија да продолжи со постапката за давање на автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ). По одлуката на Цариградската патријаршија денеска реагираше и Кремљ, истакнувајќи дека политички и дипломатски ќе ги брани Русите и луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина од каква било илегална активност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е многу загрижен поради обидот за раскол во православната црква. - Ние сме запознаени со реакцијата на Руската православна црква на вчера донесената одлука од страна на Константинопол (седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул). Повеќе пати кажавме дека сме многу загрижени поради плановите за преземање на чекори кои би можеле да го поделат христијанскиот православен свет, наведе Песков. Тој додаде дека „руските секуларни власти не можат да се мешаат во меѓуцрквениот дијалог, никогаш не го правеле тоа и нема да го прават во иднина“. Цариградската патријаршија по вчерашната редовна седница на Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Вселенската патријаршија полага право на црквата во Украина. Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил по одлуката изјави дека тоа е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“. - Во досегашната историја нема ниту еден преседан Вселенската патријаршија така отворено и категорично да се меша во прашањата на друга православна црква, истакна портпаролот на патријархот Кирил, Александар Волков. Одлуката на Цариградската патријаршија вчера ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика. - Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rpc-i-kremlj-zagrizeni-poradi-odlukata-za-aftokevalnost-na-upc/feed/ 0