рсе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Jun 2020 08:20:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рсе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 РСЕ: Се темпира ли помошта за граѓаните со датумот за избори? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rse-se-tempira-li-pomoshta-za-gragjanite-so-datumot-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rse-se-tempira-li-pomoshta-za-gragjanite-so-datumot-za-izbori/#respond Thu, 11 Jun 2020 08:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=356464

Владата најави дека граѓаните со ниски примања ќе добијат платежна картичка за купување домашни производи, како дел од мерките за справување со корона-кризата, но картичките, првично најавени за 3 јули ќе доцнат. Критичарите се сомневаат дека помошта се темпира со датумот за избори, пишува Радио Слободна Европа.

Одложувањето на домашната платежна картичка, како помош за граѓаните за справување со корона-кризата, за дел од аналитичарите е знак дека ќе биде продолжена вонредната состојба и изборите ќе бидат одложени, додека други воопшто не ја поврзуваат со изборите. Вонредната состојба завршува в сабота и ако не биде продолжена, изборите треба да се одржат на 5 јули. Политичкиот аналитичар Александар Даштевски вели дека се работи за предизборен поткуп. Неспорно е дека се темпира со датумот за изборите. Гледате дека сега има 125 заболени и 7 мртви, значи состојбата оди на полошо и најверојатно на седницата в петок ќе се продолжи таа вонредна состојба. Најверојатно изборите ќе бидат на 19 јули, значи картичките ќе се поделат точно до денот пред гласање“, вели Даштевски. Од друга страна, аналитичарот Алберт Муслиу смета дека се работи за коинциденција. „Прво, не верувам дека калкулира зашто картичките беа најавени во период кога владата инсистираше за избори на 21 јуни, а картичките беа најавени за јули. Така што не би ги поврзувал тие прашања. Можеби има коинциденција“, вели тој. Во меѓувреме, владата продолжува со плановите за избори на 5 јули и вчера донесе уредба за ажурирање на избирачкиот список согласно тој датум. Целиот оригинален екст на РСЕ прочитајте го овде. 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rse-se-tempira-li-pomoshta-za-gragjanite-so-datumot-za-izbori/feed/ 0
Чулев за РСЕ: Сите капацитети во Министерството за внатрешни работи се ставени во функција на справување со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-rse-site-kapaciteti-vo-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-se-staveni-vo-funkcija-na-spravuvanje-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-rse-site-kapaciteti-vo-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-se-staveni-vo-funkcija-na-spravuvanje-so-koronavirusot/#respond Sun, 12 Apr 2020 07:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=330883

Мерки против коронавирусот се преземаа пред сè поради менталитетот на луѓето што живеат во нашата држава и коишто се многу друштвени. Имаме многу интензивни социјални контакти и луѓето тешко се откажуваат од нормалниот начин на живеење, така што и мерките на Владата се во таа насока, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој зборува и за заштитата на полицијата од вирусот и за неговата комуникација со останатиот дел од Владата.

Министре, на позиција сте околу 100 дена, бевте избран за организирање на изборите, а сега практично сте фокусирани на борба со коронавирусот. Може ли да прецизираме колку точно полицајци се ангажирани со ова, во обезбедување на лица во изолација, во обезбедување на полициски час, во обезбедување на лица коишто се во карантин? Колкав процент од полицијата е ангажирана во справување со коронавирусот? Сите капацитети во Министерството за внатрешни работи се ставени во функција на справување со коронавирусот. Ова ни е приоритет во нашето постапување, меѓутоа знаете дека полицијата е ангажирана и во она што значи регуларни активности, а тоа е одржување на јавен ред и мир и справување со сите облици на криминал и криминални дејствија. Токму затоа и прашувам колкав процент од вработените ви одзема ова справување со коронавирусот? Одзема голем дел, меѓутоа капацитетите на пример што беа во Гранична полицијата, со оглед дека имаме соработка и заеднички оперативен штаб со Армијата на нашата држава, значи сега се вклучени во секторите за внатрешни работи, со оглед дека голем дел од граничното обезбедување сега е преземено од страна на Армијата. Исто така Армијата ни асистира и во обезбедување на одредени објекти коишто се користат како државен карантин, а и обезбедување на објекти од витално значење, како што е Собранието, како што се одредени складишта, хеликоптерските полигони, а исто така и дел од дипломатско-конзуларните претставништва. Од тој аспект полициските сили коишто претходно беа ангажирани во овие работни задачи сега ги користиме во контрола на ограничувањето на движењето на граѓаните и во обезбедувањето на карантините и во спроведување на мерката самоизолација и изолација. Министре, зошто се одлучивте на спроведување на мерката полициски час, а не за она што го применуваат европските држави, односно контрола и казнување на неодговорните поединци? На ниво на Влада секој ден имаме координативен штаб на кој се разгледуваат сите оние препораки кои доаѓаат од Комисијата за заразни болести во која членуваат епидемиолози, инфектолози, тоа се лица кои се стручни во проблематиката и тие ги предлагаат мерките на владата. Врз основа на нивните стручни мислења беше дека пикот на заразата со коронавирусот во Македонија ќе биде во периодот што доаѓа, односно кон крајот на април, Владата одлучи да го зголеми ограничувањето на движењето, пред сè да се спречи социјалната интеракција меѓу луѓето, односно тоа да се сведе на минимум, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот. Јас лично да ви кажам исто така се залагам за поригорозни мерки. Какви мерки поригорозни од ова? Вклучително и овие мерки што сега се преземаа, пред сè заради менталитетот на луѓето што живеат во нашата држава и коишто се многу друштвени. Имаме многу интензивни социјални контакти и луѓето тешко се откажуваат од нормалниот начин на живеење, така што и мерките на Владата се во таа насока. Синдикатот на полицијата обвини дека полицијата немала доволно опрема. МВР доби две донации, вие ги дониравте во Кумановската болница. Нормално, на почетокот кризата нè затече сите, вклучително сите институции во државата и многу посилни држави од нас и ние имавме ограничена распределба на средства за заштита на полицијата, меѓутоа веднаш се преструктуиравме и имавме две значајни донации, а имавме донации и од НР Кина, од ОБСЕ и од другите партнери на полицијата, а истовремено направивме успешна реализација на тендерот за набавка на средства за заштита на полицијата. Се работи за заштитна опрема, маски, ракавици, заштитни визири и очила, за средства за дезинфекција и скафандери. Така, покрај од донациите, ние сега имаме и сопствени средства од успешниот тендер. Вас не ве гледаме на многу владини прес-конференции, туку вашата заменичка Славјанка Петровска. Зошто министре? Не ве викаат или вие одбивате да одите? Јас како министер за внатрешни работи сум по предлог на опозицијата и моја основна задача беше да организираме мирни, фер и демократски избори, меѓутоа сега оваа влада продолжува, а Министерството за внатрешни работи има дополнителни ингеренции коишто треба да ги извршува. Јас секогаш, без разлика што сум претставник од опозицијата, сè она што ќе дојде како насока од Владата најревносно ја извршувам во интерес на граѓаните. Но, во име на МВР, кога држи прес министерот за здравство Венко Филипче, до него е вашата заменичка, а не вие. Да. Сепак морам да кажам дека не секогаш наидувам и моите предлози до Владата, па и уредбите коишто ги предлагам не наидуваат на слух од страна на претседателот на Владата Оливер Спасовски и на другите министри, така што често ми се одбиваат предлози, а искрено не сум консултиран за одредени нивни предлози, уредби, за коишто тие вршат меѓусебни консултации. И кои се во доменот на МВР? Не во доменот на МВР, не, меѓутоа во она што значи како Влада, затоа што ние сега Владата во моментот има и законодавна улога, но и извршна улога и мислам дека сите тие треба да бидат меѓусебно дискутирани и споделувани. Не сум вклучен во тие дискусии, дури ни во одредени активности на Владата, јас пак ќе кажам во тие групи на социјални мрежи коишто ги имаат, а јас не сум вклучен, а досега ниту еднаш не сум викнат на прес-конференција којашто е организирана од страна на Владата. Некогаш некои работи се договараат и мимо мене со дополнителниот заменик, меѓутоа сепак тоа се работи кои не треба да ги пренагласуваме во ситуација кога заеднички треба да се справуваме со заканата од коронавирусот. Оригиналниот текст видете го овде.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-za-rse-site-kapaciteti-vo-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-se-staveni-vo-funkcija-na-spravuvanje-so-koronavirusot/feed/ 0
Анализа на РСЕ: Работниците не бараат правна помош оти не му веруваат на македонското судство! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-rse-rabotnicite-ne-baraat-pravna-pomosh-oti-ne-mu-veruvaat-na-makedonskoto-sudstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-rse-rabotnicite-ne-baraat-pravna-pomosh-oti-ne-mu-veruvaat-na-makedonskoto-sudstvo/#respond Tue, 28 Jan 2020 09:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=295613

Се намалува бројот на работници кои побарале правна помош од синдикатот поради некаква повреда на работничките права. Недовербата во судството се посочува како главна причина за нивната пасивност, но активистите апелираат работниците да бидат поактивни и погласни во барањето на нивните права, пишува Радио Слободна Европа.

Во првите шест месеци од 2019 година до Сојузот на синдикати се обратиле 804 работници кои побарале заштита на работниот однос по различни правни основи. Најголемиот број обраќања се од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, а најголем дел од барањата за помош од Синдикатот се однесуваат на неисплатени плати, надоместоци и неуплатени придонеси од плата, односно 514. Стотина барања за помош се однесуваат на правата во стечајна постапка, а за синдикални права постојат седумдесетина барања. Но од овие барања само мал дел се процесуирани во надлежниот суд, вели Катерина Поповска, правник во ССМ. „Ние како синдикат имаме различен начин на пристап и различен вид преземени дејствија. Имаме совети, мислења, изготвени барања, тужби, спогодби, предлози за извршување, дописи до инспектори, до обвинител итн. Во однос на судските постапки вкупен број на обраќања по кои биле поднесени тужби се 16 и се уште се во тек. Работните спорови имаат статус на итни спорови, но мора да се каже дека ретко кој од тие предмети се завршил пократко од тие две години“, вели Поповска. Од ССМ велат дека тенденцијата на барање помош од Синдикатот е во надолна линија, односно бројот на обраќања за помош од работниците се намалува. За истиот период во 2018 година тој број бил над 1007. Според Поповска, постојат повеќе причини поради кои работниците не се одлучуваат да покренат судски процес. „Причината пред се е што се поголем број на членови или работници се недоволно информирани во однос на своите права кои можат да ги остварат преку синдикатите, но најважно од се е тоа што истите не се осмелуваат да поведат постапки против своите работодавачи зошто стравуваат дека ќе ги изгубат своите работни места или ќе се соочат со одредени казни кои по различни основи знаат работодавачите да ги искористат. Од друга страна причина е недовербата во судството и инспекциите. Ние на пример се соочуваме со еден проблем во однос на инспекцијата за труд, која многу често знае да биде на страната на работодавачот“, вели Поповска.
Дека македонскиот работник е плашлив и негува голема недоверба кон институциите на системот се согласува и Ана Глигорова, активист во граѓанското здружение „Човекот над профитот“. „Имаме многу мал дел договори на неопределено. Најчести договори се договорите на три, шест месеци или една година кои се обновуваат. Тоа создава голема несигурност кај работникот. Вториот проблем е големата недоверба во судската власт. А секако проблем е и недоволната информираност кај дел од работниците околу нивните права“, изјави Глигорова. Таа вели дека реалноста покажува дека државата не функционира како социјална, иако според Уставот е така дефинирана. Но, сепак е оптимист дека работите ќе се сменат.
Целиот текст прочитајте го на  следниот линк: https://www.slobodnaevropa.mk/a/%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be/30335821.html
 
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-rse-rabotnicite-ne-baraat-pravna-pomosh-oti-ne-mu-veruvaat-na-makedonskoto-sudstvo/feed/ 0
Заев изразува подготвеност за промена на Уставот за решавање на спорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprotivno-na-ona-shto-prethodno-go-tvrdeshe-zaev-sega-najavi-promena-na-ustavot-i-referendum-so-vlezot-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprotivno-na-ona-shto-prethodno-go-tvrdeshe-zaev-sega-najavi-promena-na-ustavot-i-referendum-so-vlezot-vo-eu/#respond Sun, 29 Apr 2018 13:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=47667

  Македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат. -Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ. Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна, односно во спорот со Грција нема потреба од менување на Уставот. -Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени. – Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече Заев. Ваквиот став, кој денеска Заев самиот си го демантираше го повтори и во интервјуто за за германски Дер Шпигел, каде рече дека одржливо решение за спорот со името е можно само преку меѓународен договор -Име со географска одредница без дебати за идентитетот и промена на уставот, изјави Заев. Македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат. За разлика од претходните тврдења на Заев дека евентуалното решение за името ќе биде ставено на референдум и за тоа ќе одлучат македонските граѓани, Заев сега ретерира и ја отвора можноста референдумот да не биде спроведен веднаш, туку со евентуалниот влез на Македонија во ЕУ, со што навестува дека сега нема да има референдум при евентуален договор со Грција. -Ние и разговараме кога би се спровел референдум, дали би значело конечност на ова решение во одреден период, а не веднаш, можеби веднаш, па така е најдобро, сето тоа е дел од модалитетите за кои се разговара, така што рамката е многу важна, временската рамка за носењето на одлуките, но таа поприлично зависи и од изнаоѓањето на решението за проблемот со името, кој Грција го има со нас, вели Заев во интервјуто за РСЕ. Заев остава можност да се водат преговори со ЕУ паралелно со разговорите со Грција. Отворањето на можност за промена на Уставот е спротивно на претходното тврдење на Заев дека тој нема да се менува. Воедно се добива и впечаток дека се сака да се изигра можноста за референдум за името.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprotivno-na-ona-shto-prethodno-go-tvrdeshe-zaev-sega-najavi-promena-na-ustavot-i-referendum-so-vlezot-vo-eu/feed/ 0