рсф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 19:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рсф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судански групи за човекови права: РСФ затворија повеќе од 5.000 луѓе во нехумани услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/#respond Fri, 14 Jul 2023 19:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=856832

Суданските групи за човекови права имаат докази дека Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) привеле повеќе од 5.000 луѓе во главниот град и ги држат во нехумани услови, изјавија денеска групите за британските медиуми. РСФ се бори против суданската Армија веќе три месеци и воспостави доминација над Картум. Жителите ги обвинија овие сили за ограбување и окупирање на домови. Силите за брза поддршка кажаа дека извештаите се неточни и дека држеле само воени заробеници кон кои рекле дека се однесуваат добро. -Меѓу приведените на неколку локации во Картум има борци, но и 3.500 цивили, меѓу кои жени и странски државјани, соопштија организациите, кои побараа нивните имиња да останат анонимни поради страв од одмазда. Организациите соопштија дека ќе им претстават на Обединетите нации документација за смртни случаи од тортура, како и случаи на „понижување, нехумани услови на притвор лишени од човечко достоинство и основни животни потреби“. Канцеларијата за човекови права на ОН вчера соопшти дека најмалку 87 луѓе биле закопани во масовна гробница во градот Ел Генеина во регионот Дарфур, обвинувајќи ги РСФ и милициите поврзани со нив за убиствата, што паравоените сили го негираа. Подоцна, Меѓународниот кривичен суд рече дека ќе ги истражи убиствата во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/feed/ 0
Се интензивираат борбите помеѓу РСФ и суданската армија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-intenziviraat-borbite-pomegu-rsf-i-sudanskata-armija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-intenziviraat-borbite-pomegu-rsf-i-sudanskata-armija/#respond Sat, 15 Apr 2023 12:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=824245

Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове. По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум. РСФ тврди дека воспоставила контрола над аеродромот во Картум, ја зазеле резиденцијата на армискиот командант и претседателската палата. Тврдењата на бунтовниците сè уште не се потврдени. РСФ утрово соопшти дека нејзините сили биле нападнати во една воена база во јужен Картум, додека армијата тврди дека борците се обиделе да заземат воен штаб. Тензиите помеѓу армијата и РСФ ескалираа по пролонгирањето на договорот за повторна демократизација на Судан, постигнат по воениот удар во 2021 година. Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали. РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но според армијата повторното воведување на цивилна власт треба да се случи за две години. РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година. Западните сили и регионалните лидери ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите и да се вратат на разговорите. Амбасадорот на САД во Судан, Џон Годфри преку Твитер побара прекин на борбите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-intenziviraat-borbite-pomegu-rsf-i-sudanskata-armija/feed/ 0