ртс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jun 2023 14:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ртс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработените во РТС стапија во штрајк https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-rts-stapija-vo-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-rts-stapija-vo-shtrajk/#respond Thu, 01 Jun 2023 14:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=841233

Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС. Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените. Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, потоа „право на достоинствена и безбедна работа во јавниот сервис“, почитување на Колективниот договор и правична и реална систематизација на работни места. Меѓу барањата се и прием на хонорарни соработници на неопределено време и функционирање на РТС согласно Законот за јавни медиумски услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-rts-stapija-vo-shtrajk/feed/ 0
РТС: ЕУ ја одложи одлуката за забрана за увоз на руска нафта на Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-eu-ja-odlozi-odlukata-za-zabrana-za-uvoz-na-ruska-nafta-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-eu-ja-odlozi-odlukata-za-zabrana-za-uvoz-na-ruska-nafta-na-balkanot/#respond Thu, 06 Oct 2022 13:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=741944

Европската унија ја одложи одлуката за можното изземање на Западен Балкан од забраната за увоз на руска нафта и ќе се врати на ова прашање пред да стапи на сила забраната, јавува РТС, повикувајќи се на изјавата на неименуван европски функционер во Брисел, кој е вклучен во подготовката на санкциите против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Ќе треба да одлучиме дали Хрватска ќе може и понатаму да увезува руска нафта по морски пат, а потоа да ја испорача на други во Западен Балкан, беше кажано во Брисел, пренесува РТС. Како што се наведува, европскиот функционер нагласил дека од гледна точка на ЕУ „пожелно е земјите кандидати да се усогласат со политиката на санкции, а дебатата ќе покаже како неусогласеноста на Србија ќе влијае на дерогацијата т.е. одлуката за изземање од забраната за руска нафта“. Изворите наведуваат дека земјите-членки треба да одлучат дали Западен Балкан може да има „попривилегирана позиција“ од самите членки во однос на увозот на руска нафта, „имајќи предвид дека станува збор за трети земји кои ни се многу блиски“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-eu-ja-odlozi-odlukata-za-zabrana-za-uvoz-na-ruska-nafta-na-balkanot/feed/ 0
Провокации од РТС: Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/#respond Mon, 09 May 2022 20:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=674260

Српската државна телевизија РТС не ја прифати добро одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае македонската црква под името Охридска архиепископија за канонска црква. РТС објави текст со наслов „Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска“. Во текстот се пренесува дека медиумите во Скопје пишуваат за оваа одлука на Вселенската патријаршија и цело време се користи терминот „северномакедонска“ црква. Понатаму во текстот се цитира соопштението на Вселенската патријаршија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provokacii-od-rts-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-za-kanonska/feed/ 0
И тоа се случува кога се емитува програмата во живо – еве со какви технички проблеми се соочи презентерката на вести на РТС (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-toa-se-sluchuva-koga-se-emituva-programata-vo-zivo-eve-so-kakvi-tehnichki-problemi-se-soochi-prezenterkata-na-vesti-na-rts-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-toa-se-sluchuva-koga-se-emituva-programata-vo-zivo-eve-so-kakvi-tehnichki-problemi-se-soochi-prezenterkata-na-vesti-na-rts-video/#respond Tue, 01 Feb 2022 09:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=625301

Видео кое ги насмеа сите до солзи. Доказ дека водење програма во живо не е лесно и дека секогаш може да има некои непредвидени околности, е видеото од утринската програма на српската државна телевизија, РТС кое се појави на социјалните мрежи. Водителката се обидела во програмата да ја вклучи и колешката Гоца, но не помина се така лесно. „Време е да ги слушнеме најважните вести, Гоца е во централното биро. Гоцо… “, ѝ се обрати водителката на колешката која не ја слушна и продолжи да се подготвува. „Молам, што вели“, рече Гоца, која не сфати дека е во програмата во живо. „Не може да не слушне“, изјави водителката, но Гоца набрзо сфати дека е вклучена во програмата и почна да ги чита вестите. Погледнете го видеото кое ги насмеа сите! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/i-toa-se-sluchuva-koga-se-emituva-programata-vo-zivo-eve-so-kakvi-tehnichki-problemi-se-soochi-prezenterkata-na-vesti-na-rts-video/feed/ 0
Додека нејзината директорка даваше изјава во живо на РТС, медицинската сестра започна да се соблекува – хит видео го вжешти регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-nejzinata-direktorka-davashe-izjava-vo-zivo-na-rts-medicinskata-sestra-zapochna-da-se-soblekuva-hit-video-go-vzeshti-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-nejzinata-direktorka-davashe-izjava-vo-zivo-na-rts-medicinskata-sestra-zapochna-da-se-soblekuva-hit-video-go-vzeshti-regionot/#respond Wed, 01 Sep 2021 07:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=557624

Директорката на КБЦ Бежанијска коса зборувала во живо за коронавирусот и важноста на вакцинацијата, но изгледа дека нејзината колешка сакала да го привлече целото свое внимание. Имено, медицинската сестра помина низ екранот, седна на стол и почна да го соблекува горниот дел од медицинската униформа. Причината за соблекување на униформата е поради нејзино примање на вакцина, а видеото по снимката на националната телевизија стана хит на социјалните мрежи. Многу коментари се собраа под снимката, а некои дури и не забележале дека медицинската сестра влетала во директен пренос. „Ова е намерно така насочено за да сними повеќе луѓе“, „Кога првпат гледав, не видов жена како се соблекува“, „А зошто остана оваа гола?“, „Удобно“, „Ова е повеќе за третиот дневник“, се само дел од многуте коментари под ова видео. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeka-nejzinata-direktorka-davashe-izjava-vo-zivo-na-rts-medicinskata-sestra-zapochna-da-se-soblekuva-hit-video-go-vzeshti-regionot/feed/ 0
Заврши драмата во Србија: По пријава дека во зградата на РТС има бомба, еве што се случува сега https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-dramata-vo-srbija-po-prijava-deka-vo-zgradata-na-rts-ima-bomba-eve-shto-se-sluchuva-sega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-dramata-vo-srbija-po-prijava-deka-vo-zgradata-na-rts-ima-bomba-eve-shto-se-sluchuva-sega/#respond Fri, 16 Jul 2021 13:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=537761

Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Пред малку, драмата заврши и вработените се вратени назад. Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето. Денес околу 14 часот обезбедувањето им наредило на вработените да ги напуштат своите работни места додека не се утврди што се случува. Полицијата направила детална истрага. Бомба во зградата не е најдена, а дојавата била лажна. Сега вработените се вратени на своите работни места.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-dramata-vo-srbija-po-prijava-deka-vo-zgradata-na-rts-ima-bomba-eve-shto-se-sluchuva-sega/feed/ 0
Приврзаници на СзС ја блокираа РТС незадоволни од информирањето на Јавниот сервис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privrzanici-na-szs-ja-blokiraa-rts-nezadovolni-od-informiranjeto-na-javniot-servis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privrzanici-na-szs-ja-blokiraa-rts-nezadovolni-od-informiranjeto-na-javniot-servis/#respond Fri, 13 Dec 2019 15:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=277246

Лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) со повеќе стотина поддржувачи денеска точно во 12 часот ги блокираа сите три влеза во зградата на Радио телевизија Србија (РТС). Како што најавија, блокадата ќе трае до 20 часот и за тоа време никој нема да може да влезе, но секој кој сака ќе може да излезе од зградата на РТС. Како што јави дописникот на МИА од Белград демонстрантите доаѓајќи пред РТС носеа транспарент на кој пишуваше „ЕУ избери, Вучиќ или демократија!“ Како што изјави пред насобраните поддржувачи лидерот на Народната партија (НС) и председавач со Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, причината за мирниот протест и блокадата на РТС не е насилство, туку проблемот што „во изминатите осум години, РТС не ја работи својата работа“. – РТС не ја информира јавноста за тоа што се случува во земјата. Затоа сме тука и ќе бидеме тука осум час, посочи Јеремиќ, при тоа додавајќи додаде дека протестот и блокадата ќе бидат мирни за да се сврти внимание на јавноста за РТС поинаку да се однесува кон новинарите, кои се во заложништво на уредниците. – Сите знаеме дека оваа куќа не ја работи професионално својата работа како што треба, затоа што ако работеше, ќе реализираше интервју со „свиркачот“ од „Крушик“, Александар Обрадовиќ. Дозволете ми да ви дадам еден пример, а има стотици такви, кажа Јеремиќ. Тој истакна дека лидерите на СЗС не барале ништо за себе, ниту бараат да се појават на јавниот сервис, туку дека сакаат РТС да ги отвори своите врати за луѓето како Александар Обрадовиќ, Марија Лукиќ, која беше сексуално малтретирана од градоначалникот на Брус, или новинарот Милан Јовановиќ, кому му беше запалена куќата за што му се суди на поранешниот градоначалник на Гроцка. – Конкретно бараме ова да стане јавен сервис на Србија, да почне да ја работи својата работа и да ја извести српската јавност за сè што се случува, истакна Јеремиќ. Покрај Јеремиќ, на протестот се присутни и останатите лидери од СзС, меѓу кои и Бошко Обрадовиќ од Двери, Милан Лутовац од ДС, Драган Ѓилас и други. Во посебното интервју што МИА го направи пред РТС со лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас, кое целосно ќе објавиме деновиве, тој кажа дека тие ќе ги бојкотираат изборите и дека инсистираат и во Србија да се донесе Пржинскиот договор. – Важно е да се направи систем, како сега во Северна Македонија за новите избори, по ист систем и ние да направиме фер и чесни избори, без што Србија не може да оди напред и тоа го разговараме со луѓето од Европа, кои сакаат да помогнат. Во врска со најавениот бојкот на претстојните избори, Ѓилас изјави дека ниту една партија не постои за да прави бојкот, туку постои за да победи и да ја освои власта. – Ние сме пред РТС, во која ниту една афера не е објавена, а само Александар Вучиќ за еден месец бил околу 793 пати на телевизиите со национална фреквенции, а ние од опозицијата сме биле вкупно нула. Па, за какви избори ние говориме, како луѓето да чујат за нас… за каква слобода на медиумите говориме, истакна Ѓилас. Во барањата на СзС покрај наведените афери, се бара РТС да ја отвори вратата и да информира за плагијатот на министерот за финансии Синиша Мали, за вистината за Савамала, малверзациите со реконструкцијата на центарот на Белград, вистината за планот на Вучиќ за Косово, да информира за аферата со министерот на полицијата и неговиот татко за фабриката за оружје „Крушик“, за загадувањето на воздухот, масовната миграција на младите од Србија. Протестот што е предвидено да трае до 20 часот, засега е мирен и се одвива без инциденти. Тој од страна на новинарските здруженија во Србија и од РТС беше осуден, поради притисокот и спречувањето на новинарите да ја вршат слободно својата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privrzanici-na-szs-ja-blokiraa-rts-nezadovolni-od-informiranjeto-na-javniot-servis/feed/ 0
Србија во тага се сеќава: 19 години од бомбардирањето на РТС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-taga-se-sekjava-19-godini-od-bombardiranjeto-na-rts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-taga-se-sekjava-19-godini-od-bombardiranjeto-na-rts/#respond Mon, 23 Apr 2018 06:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=44585

Со полагање на венци и цвеќе на спомненикот „Зошто“ денеска ќе биде одбележана 19-годишнината од загинувањето на вработените во Радио-телевизија Србија при бомбардирањето во 1999 година. На комеморацијата ќе присуствуваат и Жени во црно и Жени од заедницата на жртви и преживеани од Босна и Херцеговина од подрачјето на Зворник. НАТО рано утрото на 23 април 1999 година ја погоди зградата на РТС со два проектила, при што загинаа 16 вработени. Меѓународната организација за човекови порава „Хјуман рајрс воч“ во 2000 година соопшти дека немало никакво оправдание за бомбардирање на зградата на РТС, додека лидерите на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан. Поранешнито директор на РТС, Драгољуб Милановиќ во 2002 година е осуден на 10 години затвор бидејќи не ја спровел наредбата на тогашната Сојузна влада за дислоцирање на луѓето и техниката. Негивата казна истече на 1 септември 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-taga-se-sekjava-19-godini-od-bombardiranjeto-na-rts/feed/ 0