рубља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 16:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рубља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рубљата на најниско ниво од првите денови на војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-na-najnisko-nivo-od-prvite-denovi-na-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-na-najnisko-nivo-od-prvite-denovi-na-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 14 Aug 2023 16:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=866656

Вредноста на руската валута, рубљата денеска го достигна најниското ниво од првите недели од војната во Украина, бидејќи Москва ги зголемува воените трошоци и санкциите на Западот го оптоваруваат нејзиниот извоз на енергенси. Еден доларот утрово чинеше 101 рубља, па продолжува падот на вредноста на руската валута за повеќе од 25 отсто во однос на почетокот на годината. Тоа е најниската вредност на рубљата во изминатите 17 месеци. Економскиот советник на претседателот Владимир Путин, Максим Орешкин денеска во авторски текст за државната новинска агенција Тасс за слабата рубља ја обвини „лабавата монетарна политика“. Орешкин изјави дека силната рубља е во интерес на руската економија и дека слабата валута „го отежнува економското преструктурирање и негативно влијае на реалните приходи на луѓето“. Руската централна банка утре ќе има седница поради вредноста на рубљата. Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин ја нападна Украина во февруари 2022 година, достигна 100,9950 за американски долар, што е нејзината најниска вредност во речиси 17 месеци.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-na-najnisko-nivo-od-prvite-denovi-na-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Рубљата падна на 11-месечен минимум во однос на доларот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-padna-na-11-mesechen-minimum-vo-odnos-na-dolarot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-padna-na-11-mesechen-minimum-vo-odnos-na-dolarot/#respond Thu, 06 Apr 2023 14:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=821088

Руската рубља денеска падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. Имено, еврото зајакна во однос на рубљата за 1,11 отсто и во 11:56 часот по средноевропско време се продаваше по 88,8501 рубља за евро. Во текот на изминатите шест месеци, валутата на еврозоната напредуваше за 48,76 отсто во однос на рубљата. Истовремено, доларот зајакна во однос на рубљата за 1,04 отсто, додека во изминатите шест месеци зајакна за вкупно 34,02 отсто во однос на руската рубља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rublata-padna-na-11-mesechen-minimum-vo-odnos-na-dolarot/feed/ 0
1 РУБЉА ЧИНИ 0,786 ДЕНАРИ Народната банка ја врати руската валута на официјалната курсна листа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/1-rublja-chini-0-786-denari-narodnata-banka-ja-vrati-ruskata-valuta-na-oficijalnata-kursna-lista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/1-rublja-chini-0-786-denari-narodnata-banka-ja-vrati-ruskata-valuta-na-oficijalnata-kursna-lista/#respond Thu, 28 Apr 2022 11:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=669163

По одлуката на Русија гасот да се плаќа во рубљи и по пауза од два месеца, оваа валута се врати на курсната листа на Народната банка. Со ова се овозможува и тргување со оваа валута. Според денешната курсна листа, соодносот рубља – денар е 1: 0,7866, односно 1 рубља се менува за 0,78 денари. Рубљата ја немаше на официјалната курсна листа на земјава од 2 март годинава. Народната банка во изјава за Плусинфо тогаш беше кажано дека причина е тоа што Европската централна банка нема референтна цена за оваа валута. – Од 2 март, кога Европската централна банка соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите, Народната банка информираше дека среден курс на денарот во однос на руската рубља е последно објавен на курсната листа со важност од 2 март 2022 година – рекоа од НБ. Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш рубљата се менувала за 0,5264 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/1-rublja-chini-0-786-denari-narodnata-banka-ja-vrati-ruskata-valuta-na-oficijalnata-kursna-lista/feed/ 0
Парични текови: Еврото на минимум, криптовалутите во минус, рубљата вреди помалку од цент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parichni-tekovi-evroto-na-minimum-kriptovalutite-vo-minus-rubljata-vredi-pomalku-od-cent/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parichni-tekovi-evroto-na-minimum-kriptovalutite-vo-minus-rubljata-vredi-pomalku-od-cent/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=639975

Еврото денеска се спушти до нивото на 21-месечниот минимум, поради загриженоста дека руската воена акција во Украина ќе го загрози европскиот раст, додека валутите поврзани со суровини достигнаа повеќенеделни максимуми покрај раст на извоните цени. Единствената валута на еврозоната на азиските берзи, според последните достапни информации, се тргуваше на ниво од 1,1097 долари што е незначително над минимумот (1,1058), објави „Ројтерс“. Еврото од почетокот на неделата е во пад од 1,5 отсто и на добар пат е четврта недела во низа да заврши во загуба во однос на американскиот долар. Сметаме дека еврото е многу ранливо во моментната криза. На корпоративно ниво имаме мрежа на комплексни односи меѓу ЕУ и руските компании , особено во енергетскиот сектор. Цената на енергијата порасна, како и на многу земјоделски производи. Војната во Украина навестува уште поголема и долготрајна инфлација и можно забавување на европскиот раст, вели Џејн Фоли од „Рабобанк“, виш стратег за девизниот пазар. И криптовалутите утрово во минус И пазарот на криптовалите бележи минус во последните 24 часа. Вредноста на биткоинот во последното деноноќие е во минус за 0,5 отсто и изнесува 43.574 долари. Етериумот, исто така, бележи пад за, речиси, два отсто и неговата вредност е 2.903 долари. Пад денеска бележат и останатите криптовалути, освен ХРП која е во плус за 0,13 отсто. Пад на рубљата Руската рубња сега вреди помалку од 1 цент. Од понеделникот, рубљата падна за, речиси, 30 отсто и се тргуваше по 119 за еден долар. Рубљата е во слободен пад по руските напади во Украина во изминатата недела. Дополнителен пад беше регистриран вчера, по објавата на Украина дека руски падобранци влегле во нејзиниот втор по големина град, Харков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parichni-tekovi-evroto-na-minimum-kriptovalutite-vo-minus-rubljata-vredi-pomalku-od-cent/feed/ 0
Русија забрани изнесување на готовина над 10.000 долари од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-iznesuvanje-na-gotovina-nad-10-000-dolari-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-iznesuvanje-na-gotovina-nad-10-000-dolari-od-drzavata/#respond Wed, 02 Mar 2022 06:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=639016

Руските граѓани веќе не можат да ја напуштат земјата со над 10.000 долари во странска валута во рака, откако претседателот Владимир Путин издаде таков декрет. Наредбата стапува во сила од денеска, јави Би-Би-Си. Потегот доаѓа откога санкциите од западните земји ја осакатија руската економија и ја намалија вредноста на рубљата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-iznesuvanje-na-gotovina-nad-10-000-dolari-od-drzavata/feed/ 0
Руската рубља падна за 26 проценти по санкциите на Западот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-padna-za-26-procenti-po-sankciite-na-zapadot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-padna-za-26-procenti-po-sankciite-na-zapadot/#respond Mon, 28 Feb 2022 07:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=637697

Oткако САД и нивните сојузници воведоа санкции и ги блокираа руските банки од банкарскиот систем SWIFT, бројни медиуми јавуваат дека руската валута, рубљата, паднала за 26 отсто. Централната банка на Русија и неколку други се блокирани. Според извештајот, рубљата во еден момент во текот на ноќта паднала за 40 отсто во однос на американскиот долар. Да потсетиме, Белата куќа во саботата вечерта соопшти дека во договор со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Канада, го поддржала исфрлувањето на руските банки од SWIFТ. Исто така, Европската унија одлучи да ги замрзне сите средства и трансакции на руската централна банка во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-padna-za-26-procenti-po-sankciite-na-zapadot/feed/ 0
Руската рубља со пад од девет отсто, Централната банка ветува интервенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-so-pad-od-devet-otsto-centralnata-banka-vetuva-intervencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-so-pad-od-devet-otsto-centralnata-banka-vetuva-intervencija/#respond Thu, 24 Feb 2022 08:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=635793

Руската рубља денеска регистрира пад на вредноста од девет отсто по нападите врз Украина. Централната банка на Русија соопшти дека ќе изврши интервенција. Московската берза во четвртокот соопшти дека го „прекинува“ тргувањето денеска, неколку часа откако претседателот Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rublja-so-pad-od-devet-otsto-centralnata-banka-vetuva-intervencija/feed/ 0