рубљи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 09:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рубљи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски проблеми: Курсот на доларот надмина 100 рубљи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ruski-problemi-kursot-na-dolarot-nadmina-100-rubli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ruski-problemi-kursot-na-dolarot-nadmina-100-rubli/#respond Mon, 14 Aug 2023 09:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=866447

Курсот на доларот на Московската берза за прв пат од 23 март 2022 година стана трицифрен. Трансакциите со порамнувања „утре“ во 09,20 часот по московско време се склучуваа по 100,19 рубли за долар со пораст на стапката од 0,8% во однос на затворањето на тргувањето во петокот, а претходно доларот се искачи на 100,5 рубли. Еврото чини 109,49 рубли, а поскапува за 1,53%. Кинескиот јуан додава 0,55% и се тргува за 13,77 рубли. Од почетокот на август, доларот и еврото поскапеа за уште 8%, а од почетокот на годината – за 39% и 43%, соодветно. Во исто време, рубљата поевтинуваше во однос на доларот шест месеци по ред, што беше најдолгиот период на пад на руската валута од крајот на 2014 година. Максим Орешкин, помошник на претседателот на Руската Федерација, во понеделникот рече дека главната причина за слабеењето на рубљата и забрзувањето на инфлацијата е лабавата монетарна политика, и покрај фактот што Централната банка на состанокот во јули неочекувано го подигна клучна стапка од 100 базични поени одеднаш, до 8,5% годишно. Орешкин рече и дека очекува „нормализација на курсот на рубљата во блиска иднина“. Заменик-претседателот на Централната банка на Руската Федерација Алексеј Заботкин во петокот изјави дека регулаторот не гледа ризици за финансиската стабилност поради падот на рубљата. Според него, „одлучувачки фактор“ во она што се случува со рубљата се извозно-увозните операции, а не одливот на капитал, кој од почетокот на војната надмина 250 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ruski-problemi-kursot-na-dolarot-nadmina-100-rubli/feed/ 0
Путин нареди еднократна исплата од 195.000 рубљи за војниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredi-ednokratna-isplata-od-195-000-rublji-za-vojnicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredi-ednokratna-isplata-od-195-000-rublji-za-vojnicite/#respond Fri, 04 Nov 2022 06:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=755509

Рускиот претседател Владимир Путин нареди еднократна исплата од 195.000 рубли (3.100 евра) за редовните припадници на армијата со договори и за оние кои се регрутирани да се борат во Украина, соопшти Кремљ. Москва минатата недела соопшти дека „делумната мобилизација“ на 300.000 резервисти завршила, но призна дека имало потешкотии. Повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите по негодувањето на јавноста поради случаите на мобилизација и покрај исклучоците од медицински причини или недостатиг од воено искуство. Во одредбата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин наведува дека целта на исплатата е да се „обезбедат дополнителни мерки за социјална поддршка“ на припадниците на редовните вооружени сили под договори и за регрутите. Не се дадени повеќе детали. Минималната месечна плата за војниците со договор е 160.000 рубли (нешто помалку од 2.600 евра), што е речиси трипати повеќе од просечната плата во Русија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-naredi-ednokratna-isplata-od-195-000-rublji-za-vojnicite/feed/ 0
Германија за прв пат во рубљи го плати рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/#respond Wed, 01 Jun 2022 09:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=684814

Германските енергетски компании „РВЕ“ и „Унипер“ потврдија дека за прв пат рускиот гас го платиле според правилата на Москва односно во рубљи преку посредничка банка во Русија. Според правилото усвоено на крајот март, набавувачите на руски гас од „непријателските земји“ мораат да отворат сметка во „Гаспром банка“ и на неа да уплатат дознаки во договорената валута, пред се во долари и евра. Банката тие средства на берзата ги менува за рубљи и ги дозначува на сметка на „Гаспром“. Москва за „непријателски“ држави ги смета сите членки на ЕУ, САД, Швајцарија и останатите кои поради инвазијата во Украина воведоа санкции против Русија, исклучувајќи ги големите руски банки од глобалниот финансиски систем. Таквите одредби определени од Москва ги подели земјите на ЕУ. Полска, Бугарија и Финска одбија да плаќаат за рускиот гас по новите правила, а „Гаспром“ од минатиот месец им ги запре испораките. Оваа седмица руската компанија најави дека ги стопира и испораките на гас за холандската „ГасТера“ и данскиот „Оерстед“. Германија е голем увозник на руски гас што минатата година сочинуваше повеќе од половината на увозот на тој енергенс, а значаен удел од увозот се реализираше токму преку „РВЕ“ и „Унипер“. Двете компании веќе најавија дека ќе отворат сметки во „Гаспром банка“, согласно важечките правила што ги диктира Москва, за да обезбедат континуирано снабдување на земјата со руски гас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/feed/ 0
И ГРЦИТЕ ЌЕ ПЛАТАТ ВО РУБЉИ? Нема прекин на рускиот гас, ќе има и за Бугарија преку Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-grcite-kje-platat-vo-rublji-nema-prekin-na-ruskiot-gas-kje-ima-i-za-bugarija-preku-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-grcite-kje-platat-vo-rublji-nema-prekin-na-ruskiot-gas-kje-ima-i-za-bugarija-preku-atina/#respond Thu, 28 Apr 2022 08:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=669031

Грција ќе му исплати на рускиот гигант „Газпром“ за снабдување со гас во „последните 10 дена од мај“, најави премиерот Киријакос Мицотакис, иако не прецизираше како ќе се изврши уплатата. Тој додаде дека можеби со ова ќе се избегнат проблемите за снабдување со гас за Грција на неодредено време. Меѓу другото, Грција се обврзува да ѝ помогне на Бугарија преку обезбедување течен гас од терминалот Ревитуса во близина на Атина, изјави за Ројтерс претставник од грчкото министерство за енергетика. Бугарија преговара и со Грција, но и со Турција за да обезбеди гас откако вчера „Газпром“ реши да ги запре испораките за оваа земја. Вчера попладне, Мицотакис претседаваше со итен состанок со претставници на енергетскиот сектор. По состанокот, неговата канцеларија издаде соопштение во кое се вели дека Грција не очекува никакво нарушување на снабдувањето со енергија. Грција се потпира врз руски гас за повеќе од 30 насто од своите годишни енергетски потреби и има договор со „Газпром“ кој трае до 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-grcite-kje-platat-vo-rublji-nema-prekin-na-ruskiot-gas-kje-ima-i-za-bugarija-preku-atina/feed/ 0
Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубљи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-pochna-ruskiot-gas-da-go-plakja-vo-rublji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-pochna-ruskiot-gas-da-go-plakja-vo-rublji/#respond Fri, 15 Apr 2022 06:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=663347

Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан. – Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот. Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи. Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи. Под „непријателски земји“ спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-pochna-ruskiot-gas-da-go-plakja-vo-rublji/feed/ 0
Европска комисија: Плаќањето за гас во рубљи ги прекршува санкциите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-komisija-plakjanjeto-za-gas-vo-rublji-gi-prekrshuva-sankciite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-komisija-plakjanjeto-za-gas-vo-rublji-gi-prekrshuva-sankciite-na-eu/#respond Thu, 14 Apr 2022 14:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=663071

Со плаќањето на рускиот гас во рубљи, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерната нота на Европската комисија што ја пренесува Хина. Во документот, кој е технички и прелиминарен и се заснова на неофицијален превод на рускиот претседателски декрет од 31 март, се вели дека законот додава неколку нови слоеви на обврски на купувачите на гас од ЕУ и практично го одзема финализирањето на купувањето од нивните раце. – Овој механизам ќе доведе до прекршување на постоечките европски рестриктивни мерки воведени против Русија, нејзината влада, централната банка и соработниците, како и на општата забрана за заобиколување на европските рестриктивни мерки, се вели во нотата. Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март издаде декрет со кој се бара од европските функционери да отворат најмалку две посебни сметки во Гаспромбанк – едната за евра и долари, а другата за рубљи. Сите плаќања за гас мора да одат преку таа банка. Според шемата, ЕУ ќе продолжи да плаќа на Гаспромбанк во договорената валута, евра или долари, но работата ќе биде завршена само кога руската банка ќе ја претвори валутата во рубљи во договор со централната банка и ќе ги уплати на другата сметка, се вели во документот на ЕК. – Резултатот е дека исплатата при уплатата на конечната сметка се довршува во валута што не е наведена во договорот, се вели во белешката. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-komisija-plakjanjeto-za-gas-vo-rublji-gi-prekrshuva-sankciite-na-eu/feed/ 0
Унгарија е подготвена да плаќа во рубљи за рускиот гас без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-e-podgotvena-da-plakja-vo-rublji-za-ruskiot-gas-bez-da-gi-prekrshi-sankciite-na-evropskata-unija-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-e-podgotvena-da-plakja-vo-rublji-za-ruskiot-gas-bez-da-gi-prekrshi-sankciite-na-evropskata-unija-protiv-rusija/#respond Mon, 11 Apr 2022 16:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=661521

Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубљи без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. – Што се однесува до плаќањето на гасот во рубљи, имаме решение кое гарантира дека нема да прекршиме никакви санкции, а во исто време обезбедуваме стабилно снабдување со гас за Унгарија, изјави Сијарто. Шефот на унгарската дипломатија објасни дека според шемата, филијалата на унгарската МВМ енергетска група ЦЕЕ Енерџи, следната сметка ќе ја плати во евра, која Гаспромбанк ќе ја претвори во рубљи и потоа ќе ја префрли на сметката на руски Гаспром експорт. Сијарто изјави дека опцијата за плаќање сметки во друга валута, наместо во евра, е вклучена во билатералниот договор меѓу CEE Energy и Гаспром експорт, кој беше склучен во септември 2021 година, а кој сега ќе биде модифициран за да ги одрази планираните промени. Тој не навлезе во детали, па не е јасно дали падот на руската валута на некој начин ќе влијае на новите услови за плаќање. Сијарто потсети дека Унгарија, која се потпира на Русија во снабдувањето со најголем дел од нафтата и гасот, беше против заземање заеднички став на ЕУ за прашањето за плаќање на руската енергија во рубљи, бидејќи Будимпешта тоа го смета за билатерално прашање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-e-podgotvena-da-plakja-vo-rublji-za-ruskiot-gas-bez-da-gi-prekrshi-sankciite-na-evropskata-unija-protiv-rusija/feed/ 0
Бориславова: Бугарија нема да плаќа за рускиот гас во рубљи и нема да биде уценувана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/#respond Sun, 03 Apr 2022 12:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=657733

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута, јави дописникот на МИА од Софија. Додека Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи. Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена. Вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев пред една недела изјави дека Бугарија нема да го плаќа рускиот гас со рубљи. – Имаме договор, што се почитува, изјави пред една недела Василев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/feed/ 0
Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања за рускиот гас во рубљи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-prouchuva-dekretot-na-kremlj-za-plakjanja-za-ruskiot-gas-vo-rublji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-prouchuva-dekretot-na-kremlj-za-plakjanja-za-ruskiot-gas-vo-rublji/#respond Fri, 01 Apr 2022 12:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=656942

Германската влада соопшти денеска дека го „испитува“ декретот на Кремљ дека плаќањата за рускиот гас сега мора да се вршат во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека испораките ќе бидат прекинати. Берлин и западните партнери инсистираат на тоа дека нивните договори со руски компании јасно наведуваат дека нивните плаќања може да се вршат исклучиво во евра или долари. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер вчера го критикуваше како обид за „уцена“ секое инсистирање на Москва сега да се плаќа во рубљи во услови на западни санкции поради војната во Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно ги предупреди „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, дека ќе бидат исклучени од рускиот гас доколку не отворат сметка во рубљи за да платат за испораката. Заменик-портпаролот на германската Влада Волфганг Бухнер денеска рече дека Берлин ја добил „уредбата“ во писмена форма и дека ја оценува „за да се утврди специфичното влијание“. Портпаролката на Министерството за економија на истиот брифинг рече дека е прерано да се процени ефектот на новата руска политика, но истакна дека кон Газпром банката, задолжена за спроведување на политиката, има „10 дена да ги објасни деталите за постапката“ за плаќање. Германија и Австрија во средата ги активираа своите планови за вонредни состојби за обезбедување гас, бидејќи се зголеми загриженоста дека Русија би можела да ги запре испораките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-prouchuva-dekretot-na-kremlj-za-plakjanja-za-ruskiot-gas-vo-rublji/feed/ 0
Путин тврди дека рускиот гас од денеска ќе се купува во рубљи, западните лидери не прифаќаат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-tvrdi-deka-ruskiot-gas-od-deneska-kje-se-kupuva-vo-rublji-zapadnite-lideri-ne-prifakjaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-tvrdi-deka-ruskiot-gas-od-deneska-kje-se-kupuva-vo-rublji-zapadnite-lideri-ne-prifakjaat/#respond Fri, 01 Apr 2022 05:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=656667

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вчера потпишал указ со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за рускиот гас во рубљи од 1 април, во кој се наведува дека постоечките договори ќе бидат суспендирани доколку уплатите не бидат извршени. – За да купат руски природен гас мора да отворат сметки во рубљи во руски банки. Од утре од тие сметки ќе се плаќа за испорачаниот гас. Доколку таквите плаќања не се реализираат, ќе сметаме дека е неисполнување на обврските на купувачот, со сите последици кои произлегуваат од тоа, рече Путин. Тој рече дека „никој ништо не и продава бесплатно“ на Русија и оти Москва „нема да се занимава со добротворна работа“, односно дека „ќе бидат стопирани постоечките договори“ доколку купувачите не ги прифатат новите услови. Указот потпишан од Путин предвидува купувачот на гас да има две сметки во руска банка, на една да уплати евра или долари и да ја овласти банката таа валута да ја претвори во рубљи кои се префрлаат на друг начин. Гасот официјално се купува од таа друга сметка, во рубљи. Американски медиуми оценуваат дека Путин сепак им дозволил на „непријателските земји“, оние кои воведоа санкции кон Москва, да продолжат да плаќаат за рускиот гас во странска валута, преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи. Указот на Путин предизвика реакции кај западните лидери, кои инсистираат на тоа дека ќе продолжат да плаќаат за гас во евра или долари. Набргу по објавувањето на указот, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека постоечките договори за купување на руски гас предвидуваат плаќање главно во евра, а понекогаш и во долари. Тој изјави дека во вчерашниот телефонски разговор „јасно му ставил до знаење на Путин дека така ќе остане“. – Внимателно ќе ги разгледаме неговите (на Путин) идеи за тоа како може да се направи тоа. Но, во секој случај, она што важи за компаниите е дека тие ќе можат да плаќаат во евра, изјави Шолц. Италијанскиот премиер Драги претходно денеска изјави дека добил и гаранции од Путин дека Европа нема да мора да плаќа во рубљи за рускиот гас, неопходен за греење и електрична енергија. Драги рече дека Путин за време на синоќешниот 40-минутен телефонски разговор го уверил дека „постојните договори остануваат во сила“ и оти „европските компании ќе продолжат да плаќаат за гасот во долари и евра“. Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека е неопходно да се почитуваат постоечките договори кои предвидуваат плаќање на гасот во евра или долари. Европа задоволува третина од потребите за гас од Русија, што ја прави енергијата најмоќната алатка со која располага Путин, додека се обидува да возврати на острите западни санкции поради руската инвазија врз Украина. Одлуката на Путин да бара плаќање во рубљи за рускиот гас ја зајакна руската валута, која падна на историски минимум по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-tvrdi-deka-ruskiot-gas-od-deneska-kje-se-kupuva-vo-rublji-zapadnite-lideri-ne-prifakjaat/feed/ 0