рудари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Apr 2023 14:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС: Најмалку 13 рудари загинаа во хаварија во рудник за злато во Бурунди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-najmalku-13-rudari-zaginaa-vo-havarija-vo-rudnik-za-zlato-vo-burundi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-najmalku-13-rudari-zaginaa-vo-havarija-vo-rudnik-za-zlato-vo-burundi/#respond Sun, 02 Apr 2023 14:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=819102

Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови  дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите. Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи. Полицијата и другите агенции за спасување вчера цел ден неуспешно се обидувале да ги извлечат рударите од јамите, поплавени со вода, поради излеаната река Ругого. Американските медиуми пренесуваат дека во Бурунди има чести рударските несреќи, особено во северозападниот и североисточниот дел на земјата, каде илегалните рудари претпочитаат да работат ноќе за да го избегнат надзорот од властите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-najmalku-13-rudari-zaginaa-vo-havarija-vo-rudnik-za-zlato-vo-burundi/feed/ 0
Тројца рудари затрупани во рудник во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-rudari-zatrupani-vo-rudnik-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-rudari-zatrupani-vo-rudnik-vo-shpanija/#respond Thu, 09 Mar 2023 12:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=809976

Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија, соопштија денеска локалните власти. Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона. Каталонската полиција соопшти дека тлото во рудникот се урнало и дека во тек е спасувачка операција. Пожарникарите објавија на Твитер дека уривањето се случило на длабочина од околу 900 метри. Со рудникот стопанисува компанијата Иберпоташ, а е во сопственост на групацијата ICL од Тел Авив. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-rudari-zatrupani-vo-rudnik-vo-shpanija/feed/ 0
Продолжува операцијата за спасување на рударите затрупани во рудник за злато во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/#respond Mon, 26 Dec 2022 16:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=780746

Продолжува операцијата за спасување на 18 рудари кои беа затрупани во рудник за злато во автономната област Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина. Како што јави агенцијата Ксинхуа, несреќата се случила во саботата околу 13.40 часот. Под земја во тој момент работеле вкупно 40 луѓе, а безбедно биле извлечени 22 рудари. Во неделата околу два часот по полноќ, спасувачите откриле застој, проток на воздух и гасови во рудникот. „Сега е утврдена точната локација на заробените луѓе. Сепак, сложената подземна ситуација и нестабилните околни карпи донесоа многу тешкотии во спасувачката операција. Се уште нема контакт со 18-те лица“, изјави Лу Веи, главен офицер за безбедност на индустријата за обоени метали во Ксинџијанг. По несреќата, во текот на ноќта, штабот за спасување мобилизираше повеќе од 300 лица, повеќе од 80 спасувачки возила и 467 комплети опрема за итни спасувачки операции. Шест машини за дупчење и стручни екипи излегле на местото на настанот. Професионалните спасувачи и релевантните владини тела исто така направија план за обезбедување на безбедноста и ефикасноста на спасувачката операција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/feed/ 0
Експлозија во рудник за јаглен во Турција, десетици рудари заробени под земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-rudnik-za-jaglen-vo-turcija-desetici-rudari-zarobeni-pod-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-rudnik-za-jaglen-vo-turcija-desetici-rudari-zarobeni-pod-zemja/#respond Fri, 14 Oct 2022 19:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=745518

Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија. Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време (15:15 часот по Гринич). На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари. – Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 се уште се заробени, рече гувернерот на Бартин, Нуртац Арслан. Засега нема пријавени жртви. Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор. Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-rudnik-za-jaglen-vo-turcija-desetici-rudari-zarobeni-pod-zemja/feed/ 0
Заглавени 120 рудари во Трепча поради прекин на електричната енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/#respond Tue, 27 Sep 2022 13:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=738010

Во косовскиоот рудник за јаглен Трепча попладнево останале заглавени 120 рудари од првата смена, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврди директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, кој изјави дека дефектот настанал поради удар на гром, кој уништил неколку изолатори во електричната мрежа на рудникот. Тој информира дека состојбата на рударите е добра и дека се очекува набргу да бидат извлечени. – Во соработка со екипите на Енергетската корпорација (КЕСКО) правиме напори за санирање на проблемот. За триесетина минути ќе го средиме дефектот и ќе ги извлечеме рударите со лифт. Тие се заглавени во 11-тиот, 10-тиот и 9-тиот хоризонт. Нивната состојба е добра, изјави Абдурахмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/feed/ 0
Ристов со поддршка за рударите: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/#respond Fri, 26 Aug 2022 11:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=724326

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас, изјави на денешната прес конференција Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш. Тој во оваа прилика кажа во овие денови до него стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што тој нема никакви официјални информации. - Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците, појасни Ристов. - Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат, вели тој. Ристов потсети дека се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. - Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-so-poddrshka-za-rudarite-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/feed/ 0
Стотина луѓе загинаа во судирите помеѓу рударите во Чад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/#respond Mon, 30 May 2022 13:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=683626

Околу сто луѓе се убиени во судирите што се случија на 23 и 24 мај помеѓу самостојните рудари на злато во северниот дел на Чад, изјави денеска министерот за одбрана Дауд Јаја Брахим. Судирите избија во рудник за злато во планинскиот округ Коури Боугоуди, во близина на границата со Либија. Брахим наведе дека сите неформални рударски операции се запрени и оти продолжува евакуацијата на луѓе од локацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-lugje-zaginaa-vo-sudirite-pomegju-rudarite-vo-chad/feed/ 0
Двајца загинати, осуммина исчезнати при експлозии во полски рудник за јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-osummina-ischeznati-pri-eksplozii-vo-polski-rudnik-za-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-osummina-ischeznati-pri-eksplozii-vo-polski-rudnik-za-jaglen/#respond Wed, 20 Apr 2022 08:44:33 +0000 https://kurir.mk/?p=665801

Најмалку две лица загинаа, а осум се водат како исчезнати, при две наводни експлозии на гас во рудник за јаглен во јужна Полска, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот. – Дваесет и едно лице се ранети. Не можеме да воспоставиме врска со осум лица кои работеа таму, изјави раководителот на рударската компанија JSW, Томаш Кудни за локалните медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-osummina-ischeznati-pri-eksplozii-vo-polski-rudnik-za-jaglen/feed/ 0
Рудари заробени во илегален рудник- во тек е операција на спасување, а полицијата уапси 7 осомничени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rudari-zarobeni-vo-ilegalen-rudnik-vo-tek-e-operacija-na-spasuvanje-a-policijata-uapsi-7-osomnicheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rudari-zarobeni-vo-ilegalen-rudnik-vo-tek-e-operacija-na-spasuvanje-a-policijata-uapsi-7-osomnicheni/#respond Fri, 17 Dec 2021 07:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=609579

Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа. Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси. Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот. Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои и сопственикот на рудникот, кој, според печатот, е во бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rudari-zarobeni-vo-ilegalen-rudnik-vo-tek-e-operacija-na-spasuvanje-a-policijata-uapsi-7-osomnicheni/feed/ 0
Операцијата продолжува: Спасени 33 од заробените 39 рудари во рудникот во Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacijata-prodolzuva-spaseni-33-od-zarobenite-39-rudari-vo-rudnikot-vo-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacijata-prodolzuva-spaseni-33-od-zarobenite-39-rudari-vo-rudnikot-vo-kanada/#respond Tue, 28 Sep 2021 15:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=569499

Триесет и тројца од вкупно 39 заробени рудари под земја во рудникот во источна Канада ноќеска успеаја да излезат од окното, а спасувачката операција продолжува, изјави шефот на спасувачките екипи. -Помина многу време. Останаа уште шест лица да се извлечат и се надеваме дека сите во текот на денот ќе бидат на површината, за телевизијата Си-Би-Ес денеска изјави Шон Рајдаут, лидерот на спасувачите. Рударите во неделата беа заробени во рудникот на длабочина од околу 900 метри, така што може операцијата да потрае и до десет часа, кажа Рајдаут, додавајќи дека рударите досега под земја се наоѓаа 48 часа. Според него, не сите се физички способни сами да се качат, па затоа се користат јажиња за да ги кренат. Рударите останаа заглавени на длабочина меѓу 900 и 1.200 метри поради дефект во лифтот што ги спушта работниците во рударската јама. Тие успеале да се затскријат додека чекале помош. Бразилската групација „Вале“, која е сопственик на рудникот, вчера објасни дека никој од рударите не е повреден во тој инцидент и дека имаат пристап до храна и вода. Шефот на групацијата „Вале“ за канадската провинција Онтарио во денешното соопштение наведе дека се среќни и чувствуваат олеснување бидејќи рударите кои излегле од рудникот се живи и здрави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operacijata-prodolzuva-spaseni-33-od-zarobenite-39-rudari-vo-rudnikot-vo-kanada/feed/ 0