рудници за јаглен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Mar 2021 10:27:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудници за јаглен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Производството на канабис емитува повеќе штетни гасови од индустријата на рудници за јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/#respond Fri, 12 Mar 2021 10:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=481231

Легалното производство на канабис во Колорадо емитува повеќе штетни гасови од државната индустрија на рудниците за јаглен, покажува најновото истражување. Производството и употребата на канабис од медицински или рекреативни причини моментно е легално во неколку американски сојузни држави, што доведе до значителен напредок на индустријата. Биоекологистката Хејли Самерс и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо ги анализирале нивоата на емисиите на штетни гасови кои доаѓаат од фармите со канабис. Тие откриле дека емисиите варираат од држава до држава, но приближно еден килограм произведен сув цвет емитува од 2,3 до 5,2 тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e). Во Колорадо емисиите од фармите со канабис изнесуваат околу 2,6 мегатони CO2e, што е повеќе од оние во рудниците за јаглен со 1,8 мегатони CO2e, пишува Њу сајентист. – Емисиите кои се создаваат од производството на 28 грама сушено цвеќе се еднакви на оние по согорувањето на 26 до 50 литри бензин, истакна Самерс. Поголемиот дел американски канабис се одгледува во затворени простории од две причини. Првата е дека некои земји не дозволуваат одгледување на отворено, а втората е дека производителите се плашат од кражба на растенијата. Ова значи дека најголемиот дел од емисиите при производството на канабис всушност доаѓаат од системот за осветлување и контрола на климата. Експертите затоа советуваат да се премине на одгледување на отворено, бидејќи тоа би ги намалило енергетските потреби и штетните емисии. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/feed/ 0
Дојче Банк: Од 2025 година нема да има повеќе кредити за рудници за јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/#respond Mon, 27 Jul 2020 13:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=382110

Дојче Банк денеска соопшти дека најдоцна до 2025 година ќе престане да ги финансира деловните активности поврзани со копање на јаглен низ целиот свет. Германскиот кредитор исто така објави дека ќе престане да финансира нови проекти на Арктикот и проекти поврзани со нафтени песоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/feed/ 0