рудници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 13:54:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грозданов: Каква е улогата на Бучим за негативната перцепција за нови инвестиции во рударството? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=890378

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов, во колумната насловена „Бучим помеѓу лагите и фактите“ се осврна на евентуалната поврзаност на оваа компанија со останатите инвестиции во рударскиот сектор во земјава. Меѓу нив и онаа за отворањето рудник за бакар во Иловица, зад која стои канадска компанија. Претходно веќе стана јасно дека Бучим имал понуда до „Еуромакс ресоурцес“ за соработка при рударскиот процес во Иловица, која била одбиена. Во неа, се наведува дека со понудата на Бучим би можела да се овозможи поддршка од локалното население, еко-активистите и институциите за рудникот во Иловица. Според Грозданов никој од Македонија нема правен основ да ветува или да заштитува обид за задржување монопол врз одредена стопанска гранка во овој случај рударството. -Уште помалку има право да ветува дека тоа е завршена работа преку изјави на неодговорни општественици и неодговорни и крајно сомнителни документи од научно образовни институции како што е МАНУ. Македонија за нивна жал во одредени сегменти се уште е организирана држава која има сериозни научници кои знаат и можат и мораат да се вклучат во процесот кој се вика „Целосна Индустријализација“, која ќе ја преобразат Македонија во „Производствено“, а не во „Потрошувачко општество“ кое ќе биде увозно зависно, особено за основните животни производи, пишува Грозданов. Грозданов оценува дека овој период сме сведоци на општествен судир меѓу носителите на подолго време пласираните манипулации и лаги од една страна и носителите на вистината за рударските околности од друга страна. -Здраво разумните стануваат се погласни пред неуките силеџии, и апелираат до оние исплашени аналитичари, политичари, новинари, екологисти, дипломати, научници...да не молчат, бидејќи влогот е преголем. Зошто некому му пречи Македонија да влезе во ЕУ како рударски економски џин? На граѓаните на оваа Држава треба да им се објасни дека нашата почва лежи на милијарди евра во рудно богатство! Сите заедно треба да кажеме СТОП на сиромаштијата! Нема никој повеќе да не држи во заложништво, смета Грозданов. За аналитичарот, секторот за односи со јавност во Бучим, кој е во сопственост на компанијата „Солвеј инвестмент груп“ направил сериозен фаул со последниот демант. -Наслов во медиум предизвикан од демант, како од соништата за мене: „Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија со седиште во Швајцарија. Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија“. Во делот на нивните факти од демантот велат дека Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин, туку дека е основана од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија, кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Бидејќи помнењето многу добро се уште ме држи, веднаш ми доаѓа демантот да го секцирам со мајтап. Тој потсетува дека во 2012 година имало средба помеѓу Зоран Ставревски- министер за финансии и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчебрак кој тогаш изјавува дека големи руски компании покажуваат зголемена активност и набројува инвестиции меѓу кои и онаа на Солвеј во рудниците Саса и Бучим од 50 милиони долари и најавува потенцијал за размена од 1 милијарда долари. -Симптоматично тогаш не се јавила потреба за демант од Солвеј. Средба 2019 година по повод јубилеј 40 години од постоењето на Бучим помеѓу амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин, заедно со Владимир Хрисанов, трговски советник при амбасадата, во придружба на Ѓорги Дика претседател и Дејан Бешлиев - извршен директор, двајцата од македонско-руската комора и раководството на Бучим, предводено од Николајчо Николов, заменик-менаџер на компанијата. Разговорот е воден исклучиво за развојот на Бучим до 2030 година и тоа преку „НОВИОТ РУДНИК БОРОВ ДОЛ“, како и за развојот на Општина Радовиш. Симптоматично и после оваа средба нема демант на Солвеј, пишува аналитичарот. Според него, оваа хронологија на настаните дополнително инвестира во дилемата, каква е улогата на Бучим, компанија членка на Македонско – руската стопанска комора, во креирањето на негативната перцепција на јавноста за отворањето нови рудници?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/feed/ 0
ОД РУДНИК ЗА БАКАР ДО ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА: ЖИВОТНО ПАТУВАЊЕ НА ЕДЕН ГЕОЛОГ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/#respond Wed, 11 Oct 2023 08:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=887687

Додека седев под мојот трем, гледајќи го сонцето како се спушта под хоризонтот, не можев а да не размислувам за мојата повеќедецениска кариера како геолог во рудникот за бакар Бучим. Пензионирањето ми даде време вистински да ги ценам промените на кои бев сведок во рударската индустрија, промени кои се усогласуваат со новите позитивни трендови во рударството и транзицијата кон зелена економија. Во минатото, индустријата имаше поинакво лице. Експлоатацијата на бакар се одвиваше без доволно да се внимава на еколошките последици. Рударските практики често беа поврзани со борбата за повеќе руда кои доведуваа до загадување на животната средина. Како геолог, од прва рака ги видов лузните врз животната средина што ги оставија зад себе некои рударски активности. Но, како што минуваа годините, рударската индустрија почна да се трансформира. Тоа беше поттикнато од сознанието дека треба да правиме добро, одржливо да ги извлекуваме корисните минерали и да придонесуваме за позелена иднина. Оваа трансформација беше нешто што никогаш не мислев дека ќе доживеам да го видам. Една од најзначајните промени беше усвојувањето на иновативни технологии. Рударските компании почнаа да користат напредни техники за геолошко картирање, далечинско набљудување и аналитика на податоци за прецизно да ги лоцираат наоѓалиштата на метали. Ова не само што ја зголеми ефикасноста, туку и го намали влијанието на истражувањето врз животната средина. Покрај технолошкиот напредок, индустријата почна да става поголем акцент на одговорноста за животната средина. Одржливите рударски практики станаа норма наместо исклучок. Новите рудниците се дизајнирани со одговорно размислување за зачувување на екосистемот, а ефикасноста во користењето на водата и енергијата станаа клучни цели. Некогаш неплодните предели околу рудниците сега се ревитализираат, а луѓето и животните се враќаат во своите живеалиштата. Можеби најинспиративната промена за мене е интеграцијата на обновливите извори на енергија. Рудниците, напојувани од ветер, сончева и хидроенергија, повеќе не придонесуваат за емисиите на стакленички гасови. Тие го намалуваа нивниот јаглероден отпечаток и активно придонесуваат за транзицијата на зелената енергија давајќи ги критичните минерали. Исто така, сувите јаловишта го намалуваат ризикот од загадување на водата, ја подобруваат безбедноста со тоа што го намалуваат ризикот од дефекти на камениот насип, зафаќаат помала површина во споредба со конвенционалните јаловишта и ги олеснуваат напорите за рехабилитација и рекултивација на локацијата. Како геолог, имам чувство на гордост знаејќи дека мојата индустрија во современиево игра улога во справувањето со климатските промени. Ангажманот на заедницата исто така еволуираше. Рударските компании ја научија лекцијата за важноста од тесна соработка со локалните заедници, обезбедување работни места, поддршка на образованието и инвестирање во инфраструктурни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на жителите. Некогаш спорните односи меѓу рударските компании и локалните заедници се трансформираа во партнерство фокусирано на взаемна корист. Во ерата на модерното одговорно рударство, проактивниот ангажман и транспарентната комуникација со локалните заедници станаа составен дел на рударските компании. Како пример, за посветеност на одговорно рударство што сакам да го спомнам е компанијата Еуромакс, носител на проектот Иловица – Штука, на кои приоритет е одржливоста и одговорноста за животната средина, нивната соработката со локалните засегнати страни за да ги решат проблемите, да имплементираат строги еколошки заштитни мерки и да обезбедат дека нивните активности ќе имаат минимално влијание врз животната средина. Овој пристап ја минимизира потребата еколошките невладини организации (НВО) да шират страв меѓу локалното население за новите одржливи рудници, бидејќи заедниците можат од прва рака да ја видат посветеноста на одговорните практики и придобивките што одговорното рударство може да ги донесе во нивниот регион, вклучително и создавање работни места, економски развој и грижа за животната средина. Додека го пиев вечерниот чај, размислував за тоа како овие позитивни трендови во рударството совршено се усогласија со зелената економија што еволуира. Бакарот, критична компонента во технологиите за обновлива енергија, како што се турбините на ветер, соларните панели и електричните возила, е многу значаен. Рударството, одговорно и одржливо повеќе не е само профит; тоа обезбедува и еден позелен свет. Сфатив дека сум бил сведок на извонредна трансформација во рударската индустрија, онаа која ги прифатил иновациите, одржливоста и посветеноста да има позитивно влијание врз животната средина и заедниците. Мојата кариера како геолог во рудникот за бакар започна во друга ера, но заврши во индустрија која помага да се обликува поодржлива и позелена иднина. Додека гледав во ѕвездите над главата, не можев а да не имам чувство на оптимизам. Следната генерација геолози и рудари ќе го продолжат ова патување кон поодржлива и поодговорна рударска индустрија, оставајќи зад себе наследство на позитивни промени за генерациите што доаѓаат. М-р Коста Поцков дпл. инг. геолог]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/feed/ 0
Зошто аршините на еко-активистите за Иловица не важат и за Бучим? Македонија спие на жица од бакар, злато и сребро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=886291

Македонците имаат среќа што се населени на целата жица на скапоцени метали како бакар, злато и сребро и тие се генерално во планините, а не во полињата, велат експерти, кои не го делат мислењето со дел од еко-активистите и со министерката за животна средина Каја Шукова во однос на отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“, пишува порталот Плусинфо.мк. Тие се зачудени како може министерката Шукова со завршен Технолошко–металуршки факултет, да изјавува дека земјоделието е главна економска гранка во Македонија, посебно во струмичкото поле и во Тиквешијата. – Нелогично е да се каже дека „нема да се даде земјоделието“ кое е во целосен колапс и земјава е речиси целосно увозно зависна, а да се лежи на милијарди евра. Проценка е дека 18 милијарди евра лежат во првично истражената руда на скапоцени обоени метали во земјава. Министерката Шукова ги помешала процесите што се употребуваат во рударството и би требало да знае дека сите предвидени процеси за рудникот за бакар во Иловица се металуршки, екстрактивни и со минимален ризик за животната средина – велат рударско-металуршки инженери. „Иднината поткрепена со наука предвидува извлекување на злато без употреба на цијанид и жива, односно со употреба на тиосулфат. Тоа е еколошки далеку помалку штетна хемикалија која има јасни предности посебно во делот на намалување на ризиците кон животната средина, во делот на касетно одлагање на суви јаловишта“, објасни инженерот Виктор Грозданов во една од своите колумни. Употребата на цијанид во Македонија е веќе забранета и со измените во Законот за минерални суровини од 2019 година, но таму се наведува дека ваквото правило не важи и за веќе отворените рудници. Додека во струмичкиот регион се организираа протести против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“ под изговор дека ќе се употребува цијанид, иако тоа е забрането со закон, во јавноста владее молк за некои рудници кои наводно секојдневно во земјава ја употребуваат оваа опасна за ракување хемикалија. – Крајно симптоматично е што на најгласните противници на изградбата на рудникот Иловица, кој според сите најави на концесионерот, би се градел според најсовремени технологии, не им пречи рудникот Бучим, каде се експлоатира бакар. Никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за Иловица никогаш не протестирал и не побарал рудникот Бучим да престане со работа – велат инженери. Од компанијата Бучим побаравме одговор дали во процесот на експлоатација на бакарот некогаш користеле цијанид, но оттаму до објавување на текстот на добивме одговор. Како што веќе објавивме деновиве, „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019 година испратилa понуда до компанијата „Еуромакс рисурсис“ да се вклучи во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветиле „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим. Од иницијативата „И здравје и работа“ истакнаа дека поради агресивноста на неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот во Иловица, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Тие повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, политички романтичари од СДСМ и некои други партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“. Иницијативата „И здравје и работа“ инсистира на одговори на прашањата „кој има фирма која работи за потребите на еден рудник за експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 км од општините Босилово, Ново Село и Струмица и дали е точно дека ако се отвори Иловица-Штука претходно опишаниот рудник за експлоатација на бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?“. „Еуромакс ресурсис“, носителот на концесијата во Иловица е канадска корпорација во која „Трафигура“ како светски рударски гигант во рударската индустрија, е еден од главните акционери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/feed/ 0
Струмичката котлина се празни од иселување, а повеќе од 2000 нови работни места во рудникот Иловица чекаат правна разврска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/#respond Mon, 25 Sep 2023 10:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=881520

Загрижувачки податоци донесе стартот на новата учебна година, особено во југоисточниот дел од земјава. Безмалку насекаде е регистриран помал број на запишани првачиња, но ваквата состојба е најизразена во струмичко. Во дури четири населени места во општината учебната година започна без ниту едно прваче. Оваа година училишните клупи ќе останат празни во селата Раборци, Попчево, Габрово и Мемешли. Ако се споредат податоците статистички, се забележува дека ваквиот тренд, на се помалку новозапишани првачиња во струмичко, започнува во 2017-тата година. Иселувањето кај нас главно е резултат на невработеноста и барањето подобри услови за работа. Сепак, по се изгледа ваквите катастрофални податоци што ја потврдуваат „белата чума“ не претставуваат пречка да се запираат инвестициите во регионот. Меѓу нив е и една од најголемите најавени инвестиции во земјава, односно отворањето на рудник за бакар „Иловица-Штука“. Оваа инвестиција беше предвидено да отвори илјади директни вработувања и над две илјади индиректни, со предност при вработување за локалното население. Дел од жителите на околните села бараат инвестицијата да се реализира. Неодамна за регионалниот портал југоинфо.мк тие истакнаа дека „работите можат да тргнат на подобро, додека неперспективноста ги опустоши селата“. Анкетираните граѓани апелираа Владата и надлежните институции да ги слушнат и тие што се за отворање на рудникот и да седнат на заедничка маса за да се најде решение и за таа цел да се формира независно тело кое ќе го контролира ископот и преработката на рудата и дали тоа се врши според пропишаните стандарди. -Најголем проблем во струмичкиот регион е „белата чума“ и затоа ако не се направи нешто радикално на тој план за повеќе од една деценија струмичкиот крај може да биде Мариово, рече еден од жителите на Босилово, Огњан Лазаров. Во меѓувреме, на Денот на рударите стана јасно дека учеството на рударската индустрија во вкупниот бруто-домашниот производ на земјата се движи околу два процента, што е релативно скромно во споредба со високо развиените индустриски земји, каде придонесот на рударството во вкупната економија е далеку поголемо. Воедно, во земјава во последните 40 години е отворен само еден рудник, а дополнително просечната плата во рударство во вредност е пониска од пред 30 години и сега изнесува 580 евра. Од Министерството за економија најавија дека со несмалено темпо ќе ги продолжат планираните активности во рударството, обрнувајќи особено внимание на овој економски сегмент во насока на одржлив раст и развој и како што велат, „остварувајќи партнерски однос со човечкиот потенцијал кој работи во овој значаен економски сектор“. -Рударите се наш бесценет човечки ресурс, а рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој. Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба со особено внимание да се грижиме за наоѓалиштата на минерални суровини кај нас“, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Токму ова Министерство издаде позитивно мислење за спојување на двете концесии во Иловица, што ќе овозможеше реализација на инвестијата. Но, Владата иако првично даде согласност, потоа под притисок на дел од јавноста, ја поништи одлуката за спојување на концесиите. Директорот за комуникации и односи со јавноста во компанијата инвеститор „Еуромакс Ресоурцес“, Живко Груевски, претходно во гостување во една национална телевизија изјави дека перманентните напади врз рудникот Иловица – Штука се резултат на добро организирани хибридни активности и платени „актери“ кои имаат за цел со лажни информации да сеат страв и паника кај населението. -За жал, овогодишното прославување на Денот на рударите означува една организирана хајка и организиран напад против рударската индустрија во нашата држава, нешто што започна како организирана хајка под слоганите „Рудници на смртта„ и Спас за југоистокот. Започна уште во втората половина на 2016 година во Гевгелија, Валандово, Струмица и кулминира овие денови во една хистерија во јавноста околу т.н “Рудници на смртта“. Според мене се работи за една навистина добро организирана хибридна активност, блендирани економски и политички интереси, концентрирани и подготвени во и надвор од нашата држава, а спроведени од неколкумина добро мотивирани, добро платени актери, кои што имаат задача да го спроведат тоа и да сеат страв, да сеат една збунетост кај народот, изјави Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/feed/ 0
Рударскиот гигант Групацијата „Трафигура“ клучен фактор за концесиите за Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/#respond Mon, 31 Jul 2023 08:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=861920

Кога противниците на инвестицијата бараат и тврдат дека актуелната Влада не смее по „ниту една цена“ да дозволи да се изгради рудникот Иловица, несомнено треба да се земе предвид дека таа таканаречена „ниту една цена“ всушност има висина и големина како една финансиска атомска бомба која ќе ја раздрма македонска економија до невидени размери. Сегашните постапки на Владата како колектив или индивидуални постапки на одредени министри за рударските концесии може да ја загрозат иднината на повеќе  идни генерации. Една од водечките светски компании во рударската индустрија Групацијата „Трафигура“ се јавува како покровител на инвестицијата во рудникот Иловица. Меѓудругото оваа Групација се занимава и со трговија со метали и други суровини. Оваа компанија е еден од клучните акционери во „Еуромакс ресоурцес“, која пак во Македонија ги застапува правата кои произлегуваат за рударските концесии во Иловица. „Трафигура“ е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. Компанијата, освен со метали, се занимава и со енергенси, а е основана во 1993 година. Набрзо прераснува во компанија која има клучни сопственички удели во изградбата и активностите на голем број рудници, топилници, нафтоводи, пристаништа и терминали за складирање во светот. Паралелно „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии. Во портфолиото на компанијата е истакнато дека тие „најмногу инвестираат во решенија кои придонесуваат за производство на зелена енергија, која пак е најпотребна за енергетската транзиција со нула емисии на јаглерод“. Оттаму велат дека за постигнување на своите цели, инвестирале во повеќе компании и проекти. Меѓу нив се „Пума енерџи“, која контролира пренос на горива, како и „Импала терминали“, која се занимава со складирање на стоки и логистика. Третата покрупна инвестиција е во „Nyrstar“, меѓународен производител на метали и минерали неопходни за постигнување на енергетската транзиција. Покрај тоа, „Трафигура“ е мнозински сопственик на TFG Marine, како и во H2 Energy. „Galena Asset Management“ од друга страна е целосно во сопственост на „Трафигура“ и претставува нејзина инвестициска подружница. Од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ неодамна соопштија дека правните можности за покренување меѓународната арбитража против државата произлегуваат од билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Тие постојано потенцираат дека нивен мнозински акционер е Групацијата „Трафигура“, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба. „Спогодбата предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-Хок Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL)“, соопштија од „Еуромакс ресоурцес“. „Еуромакс Ресоурцис“ истакнаа дека ги информирале своите акционери за неодамнешното поништување на претходната Одлука за одобрување за спојување на концесиите од страна на Владата. „Ваквата нова Владина одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено спојувањето. Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за спојување на концесиите со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина. Земајќи ги предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги преземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери“ Оттаму додадоа дека сите инволвирани страни, што може да се протолкува дека ваквата формулација се однесува и за дејствија на поединечни министри, може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa. Според проценките, евентуалната меѓународна арбитража може да ја чини државата најмалку една милијарда евра, не вклучувајќи ги затезните камати од спорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/feed/ 0
Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=861248

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе се отвори арбитражна постапка и дека тоа сега е само претпоставка. Министерката информира дека Владата ги следи настаните и работи според законите и верува дека доколку инвеститорот отвори таква постапка, исходот нема да биде на товар на граѓаните. „На последната седница на Владата министерот за економија Крешник Бектеши детално ја образложи целата постапка поврзана со рудниците во изминатите речиси две децении, а Владата одлучи да ја поништи одлуката за спојување на концесиите на Еуромакс ресосрис. Како ќе продолжи понатаму постапката зависи од министерството за економија“, рече Шукова. Владата пред два дена ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, а тогаш министерот за економија, Бектеши рече дека тоа е враќање назад во состојбата кога немаше никаква одлука за барањето на „Еуромакс ресорсис“. Тој нагласи дека повеќе државни и локални институции со години наназад носат позитивни мислења за потенцијалната инвестиција иако, како што рече, ако донесат еден акт дека отворањето рудник е спротивно на стандардите за заштита на животната средина и потенцијална опасност за водата, почвата и шумите, како што се зборува, тогаш неговото министерство ќе има основа веднаш да ги раскине концесиите. Претходно, во јуни Владата донесе одлука да се спојат двете концесии на „Еуромакс ресурсис“, што предизвика револт кај граѓаните, а еколошките здруженија од регионот организираа протест во Струмица. Тие вчера ја поздравија одлуката на Владата да не се дозволи спојување на концесиите и побараа тие дефинитивно да бидат укинати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/feed/ 0
Со растечката побарувачка за минерали, растат и меѓународните арбитражи во рударството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/so-rastechkata-pobaruvachka-za-minerali-rastat-i-megunarodnite-arbitrazhi-vo-rudarstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/so-rastechkata-pobaruvachka-za-minerali-rastat-i-megunarodnite-arbitrazhi-vo-rudarstvoto/#respond Mon, 24 Jul 2023 13:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=859491

Порастот на бројот на спорови во меѓународна арбитража варира со текот на годините, но е регистрирано значајно зголемување на бројот на поднесени предмети во последните неколку години на светско ниво. Ова особено важи за рударскиот сектор, бидејќи над третина од тужбите во изминативе години се покренати токму од рударски компании. Најголемиот дел од тужбите се меѓу инвеститорите и државата.   Додека активностите за пронаѓање нафта и гас опаѓа, рударскиот сектор експоненцијално расте. Бакар, кобалт, литиум, силициум и цинк се дел од минералите кои се од суштинско значење за зелената транзиција. За нив расте побарувачката поради нивната употреба во технологијата на производство, а тоа резултира со зголемен број на барања за дозволи за експлоатација на минерали. Сепак, главната причина за покренувањето на тужбите се политичките и правните нестабилности во регионите богати со руда, за кои сега има најголема побарувачка. Во светски рамки, еден од поголемите случаи од минатата година е арбитражната постапка која ја покрена рударската компанија со австралиски капитал „Гренланд Лимитед Минералс“ против Гренланд, односно регионот кој е под јурисдикција на Данска. Инвеститорот во 2010-тата година добива дозвола за експлоатација на минерални суровини во Кванефјелд, кое е второто најголемо наоѓалиште во светот на ретки оксиди и шестото најголемо наоѓалиште на ураниум. Дозволата за експлоатација е издадена од локалните власти во Гренланд. Во 2015-тата година пак, компанијата поднесува барање за дозвола за ископ до владата на Гренланд. Но, рударството станува значајно прашање на изборите во Гренланд во 2021 година. Новата владина коалиција издава национална забрана за ископување ураниум, која всушност го блокира развојот на рудникот. Па така, компанија нема гаранција дека дозволата за ископ ќе им биде издадена и поради правната несигурност покренува меѓународна арбитража против Гренланд и Данска. Од „Гренланд Лимитед Минералс“ информираа дека инвестирале над 130 милиони долари во проектот Кванефјелд и бараат отштета, а проектот поминал низ ригорозна проценка на животната средина и останува клучен извор на технолошките метали што ќе бидат потребни за транзиција кон зелена енергија. Од Владата на Гренланд пак одговорија дека „со покренувањето арбитража, Гренланд Минералс избра да не ја почитува волјата на народот“. Случајот со меѓународната тужба на инвеститорот против Гренланд и Данска е само една од вкупно 40-те покренати минатата година од областа на рударството. Против Македонија пак, активни се три меѓународни арбитражи кои се однесуваат на рударски проекти. Меѓу нив, е постапката покрената од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово. Арбитражна постапка покрена и словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за нефер и третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк ‘Саса’ од Македонска Каменица во 2004 година. Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година. Сепак, државата се соочува со нова најава за меѓународна арбитража. Последно предупредување до Владата пристигнало и од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Неодамна од компанијата истакнаа дека доколку правдата не биде задоволена кај нас и тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража. „Доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати“, соопштија претходно од Еуромакс Ресоурсес. Во пресрет на најавеното ревидирање на Владата на одлуката за спојување на концесиите од компанијата побараа да се почитува владеењето на правото и да се извршат „правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина“. Според компанијата, постапката за спојување на концесиите може да продолжи, за што не постојат правни и фактички пречки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/so-rastechkata-pobaruvachka-za-minerali-rastat-i-megunarodnite-arbitrazhi-vo-rudarstvoto/feed/ 0
Рударска експанзија или финансиски амбис за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarska-ekspanzija-ili-finansiski-ambis-za-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarska-ekspanzija-ili-finansiski-ambis-za-graganite/#respond Wed, 12 Jul 2023 12:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=855830

Над 1,3 милијарди евра изнесува потенцијалната отштета што државата ќе ја плати доколку загуби во споровите во меѓународна арбитража. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи информира дека станува збор само за основицата, без затезни камати, со кои овој износ се искачува над 1,5 милијарди евра. Битиќи неодамна брифираше дека од 2017 година па досега против Македонија се поведени осум арбитражни спорови, од кои пет се активни, анализира А1 он. Претходно од Државниот завод за ревизија порачаа да се утврдат причините поради кои против Македонија се покренуваат арбитражни постапки и да се побара одговорност. „Доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари (945 милиони евра и 420 милиони долари)“, наведоа од Заводот во нивниот последен Извештај. Според извештајот, основната вредност на споровите е во вкупен износ од околу 833 милиони евра, додека пак трошоците, како што се каматите и надоместоците за адвокатски услуги, изнесуваат околу 496 милиони евра. Државата веќе ја ситни огромната сума од 1,3 милијарди евра. За петте спорови од 2018 година па навака се одлеваат пари на граѓаните. Исплатени се 15,6 милиони евра на повеќе адвокатски фирми. Претходно од Владата информираа дека соработуваат со адвокатските фирми „White&Case“, „Orrick, Herrington&Sutcliffe“ и „McDermott Will&Emery“, поради нивниот добар рејтинг на глобалната листа. Само во текот на една година, односно 2021-ва, Генералниот секретаријат на Владата потрошил 3,8 милиони евра за ангажирање на адвокатски друштва за застапување во арбитражни постапки во странство. Инаку, последно Македонија во спор пред странските судови загуби од Хеленик Петролеум. Државата беше обвинета дека не го испочитувала купопродажниот Договор потпишан при преземањето на ОКТА во 1999 година. Хеленик Петролеум побара надомест, зашто државата не откупувала по 500.000 тони мазут од ОКТА, иако така било наведено во Договорот за купопродажба на акции и концесија. Македонија загуби во пресудата на Арбитражниот суд во Париз и беше наложено на фирмата да и плати 21,5 милиони евра пари на даночните обврзници. Голем дел од тужбите кон државата се поради непочитување на обврски од концесии во рударскиот и преработувачкиот сектор. Меѓу нив, е постапката покрената од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово. Концесијата за експлоатација на минерални суровини и беше доделена на компанијата Сардич МЦ. Но, Владата го раскина Договорот со Сардич кога рудникот Казандол беше при крај со изградбата. Компанијата најави дека ќе бара отштета од 380 милиони евра. Арбитражна постапка покрена и словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за нефер и третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк ‘Саса’ од Македонска Каменица во 2004 година. Откако го загубил спорот пред судовите во Македонија, тој покрена инвестициска арбитража, а за отштета бара 492 милиони евра. Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година. Сепак, како што брифира Битиќи, државата во овој случај е уверена во позитивен исход. Од она што е познато и „Еуромакс ресоурсес“, кој е инвеститор во рудник за бакар во Иловица, води правна битка, но пред домашните институции. Спорот настана по едностраниот раскин од страна на Владата на договорот за концесија за експлоатација. Од фирмата инвеститор истакнаа дека доколку правдата не биде задоволена кај нас и тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража. „Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно–политичка агенда. Компанијата Еуромакс рисорсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати“, соопштија од Еуромакс Ресоурсес. Доколку и оваа компанија инвеститор ја оствари најавата за покренување меѓународна арбитража, на државата и се заканува сума од над 2,5 милијарди евра за отштети кон приватни компании. Оваа сума е безмалку половина од актуелниот годишен буџет, кој изнесува 5,3 милијарди евра. Ревизорите веќе порачаа да се обрне внимание поради импликациите врз буџетот од страна на судските пресуди во меѓународна арбитража. Според математиките, ако државата ги загуби споровите секој македонски државјанин ќе биде задолжен за скоро две илјади евра. Инвеститорите пак изразија увереност во позитивен исход, зашто инвестициите се заштитени со меѓународни договори и се сигурни дека одлуките на арбитражите ќе бидат на нивна страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarska-ekspanzija-ili-finansiski-ambis-za-graganite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Денес Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-denes-denot-na-rudarite-sdsm-go-chestita-so-zatvoranje-na-dva-golemi-rudnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-denes-denot-na-rudarite-sdsm-go-chestita-so-zatvoranje-na-dva-golemi-rudnici/#respond Sun, 28 Aug 2022 13:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=725094

На лицемерноста на СДСМ нема крај! Денес Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес СДСМ стави клуч на Бучим и Боров Дол.

Граѓаните од овој дел на Македонија останаа на улица. Сега 100-тици семејства останаа без егизстенција.

Секој поминат ден со СДСМ на власт граѓаните ги чини многу.

Што побрзо падне СДСМ од власт толку Македонија ќе се сочува“ - велат од партијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-denes-denot-na-rudarite-sdsm-go-chestita-so-zatvoranje-na-dva-golemi-rudnici/feed/ 0
Елементарна непогода во рудниците на РЕК Битола каква не е забележана во последните 20 години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elementarna-nepogoda-vo-rudnicite-na-rek-bitola-kakva-ne-e-zabelezana-vo-poslednite-20-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elementarna-nepogoda-vo-rudnicite-na-rek-bitola-kakva-ne-e-zabelezana-vo-poslednite-20-godini-video/#respond Thu, 06 Aug 2020 13:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=387300

Обилните врнежи од дожд во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во Рудникот Суводол на РЕК Битола. Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. На терен e и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски заедно со директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на комбинатот и стручните служби на РЕК Битола. Според вработени, ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи од дожд, во Рудникот Суводол не е забележана во последните 20 години. За состојбите во Рудникот Суводол на РЕК Битола известена е Владата на Република Македонија, како и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Македонија преку Министерството за одбрана. Сите тиа ги ставија своите ресурси на располагање за интервенција, доколку има потреба. И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и истото продолжува согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем. Слична е состојбата и во Рудникот Брод Гнеотино каде во моментов се копа кровна јаловина. Се преземаат напори и таму да се санираат штетите за да се подготви рудникот за дисконтинуиран ископ на јаглен на почетокот на септември, ос цел да се добијат потребните колични за грејната сезона 2020/2021 година. Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци. Во сите активности што се преземаат за санација на последиците од обилните дождови, приоритет останува безбедноста на вработените, а потоа и опремата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elementarna-nepogoda-vo-rudnicite-na-rek-bitola-kakva-ne-e-zabelezana-vo-poslednite-20-godini-video/feed/ 0