рудник бучим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 15:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудник бучим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnicite-buchim-i-borov-dol-povtorno-pochnuvaat-so-proizvodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnicite-buchim-i-borov-dol-povtorno-pochnuvaat-so-proizvodstvoto/#respond Fri, 21 Oct 2022 15:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=749136

Од вторник рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција, соопштија денеска од овие компании. Во соопштението се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим. – Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги започнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите, стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим. Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnicite-buchim-i-borov-dol-povtorno-pochnuvaat-so-proizvodstvoto/feed/ 0
Во тек е сè уште истрагата за двете загинати лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-se-ushte-istragata-za-dvete-zaginati-lica-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-se-ushte-istragata-za-dvete-zaginati-lica-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish/#respond Thu, 13 Jan 2022 15:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=618937

Истрагата за загинувањето на две лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш се уште е во тек Три месеци по загинувањето на две лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш се уште трае истрагата за причините за овој трагичен настан во кој загинаа двајца членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Од Јавното обвинителство информираа дека ОЈО Радовиш при вршење на увидот издало насоки и наредби за обезбедување и вештачење на траги и докази од местото на настанот. -Издадени се барања за податоци, документација. Сослушани се повеќе лица кои можат да дадат податоци потребни за расчистување на настанот. Обвинителството ги очекува извештаите од наредените вештачења. Во меѓувреме се преземаат и други дејствија во насока на утврдување на факти во предметот. По прибирање на материјалните и вербалните докази, нивно разгледување и анализа, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, стои во информацијата од ЈО. Во несреќата, која се случи на 13 октомври лани загинаа алпинистите Зоран Мајсторски и Драган Станишков и двајцата од Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-se-ushte-istragata-za-dvete-zaginati-lica-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish/feed/ 0
Две лица загинаа во рудникот Бучим кај Радовиш- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-zaginaa-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-zaginaa-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish-eve-gi-detalite/#respond Wed, 13 Oct 2021 13:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=578359

Во 11:43 часот, денеска две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Во официјалната изјава на рудникот „Бучим” стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати. – Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот. Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. – Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. „Бучим“ целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите, се додава во официјалната изјава на „Бучим“, од каде искажуваат искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица. Настанот го потврди и портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека увидот е во тек, а го вршат полициски екипи и јавен обвинител. Повеќе детали за трагичниот настан од полицијата најавуваат за подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-zaginaa-vo-rudnikot-buchim-kaj-radovish-eve-gi-detalite/feed/ 0