рудник иловица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 06:45:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудник иловица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Владата лаже дека спречила рудници, со Дестани од ДУИ во Иловица, Ковачевски мора да молчи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-lazhe-deka-sprechila-rudnitsi-so-destani-od-dui-vo-ilovitsa-kovachevski-mora-da-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-lazhe-deka-sprechila-rudnitsi-so-destani-od-dui-vo-ilovitsa-kovachevski-mora-da-molchi/#respond Fri, 28 Jul 2023 06:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=861009

Владата лаже дека спречила рудници, со Дестани од ДУИ во Иловица, Ковачевски мора да молчи. Ковачевски не направи ништо да спречи рудници, напротив не смееше ниту да излезе во јавност. Бектеши беше тој кој ја испрати пораката, од која е јасна намерата на власта, а тоа е дека со Дестани во Иловица или ќе има рудник или Македонија ќе изгуби арбитража. И во едниот и во другиот случај фирмата блиска до ДУИ ќе заработи стотина милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ако СДС и ДУИ беа против Иловица, немаше на владина седница да дозволат влез на компанија на Дестани во Еуромакс Ресурсис. Власта можела да не даде согласност Дестани да стане сопственик во Еуромакс Ресурсис. По влезот на Дестани во Еуромакс Ресурсис хајката од страна на власта против рудниците запира. Очигледна е намерата на СДС и ДУИ фирмата блиска до ДУИ да профитира на грбот на граѓаните, животната средина и државата, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-lazhe-deka-sprechila-rudnitsi-so-destani-od-dui-vo-ilovitsa-kovachevski-mora-da-molchi/feed/ 0
Мицкоски за Иловица: Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-ilovitsa-vo-ovaa-vlada-se-maheri-za-da-sozdadat-problem-a-potoa-da-se-obiduvaat-so-politichki-luping-da-go-reshavaat-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-ilovitsa-vo-ovaa-vlada-se-maheri-za-da-sozdadat-problem-a-potoa-da-se-obiduvaat-so-politichki-luping-da-go-reshavaat-problemot/#respond Thu, 27 Jul 2023 10:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=860644

Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот, рече лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец коментирајќи ја најавата за изнаоѓање на решение за рудниците Иловица. Според Мицкоски јасни се ставовите на Владата. „Јасна е позицијата таму. Станува збор за бизнис интереси на оваа Влада пред се тука мислам на поголемиот партнер во Владата, ДУИ. Повторно не можам да разберам зошто СДСМ ги брани бизнис интересите на ДУИ во Струмица, но времето ќе покаже која била вистината“, рече Мицкоски. Мицкоски најави дека ситуцијата во врска со рудниците дополнително ќе се решава од идната влада. „Дополнително идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со овој случај. ВМРО-ДПМНЕ е зад интересот на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-ilovitsa-vo-ovaa-vlada-se-maheri-za-da-sozdadat-problem-a-potoa-da-se-obiduvaat-so-politichki-luping-da-go-reshavaat-problemot/feed/ 0
Мицкоски за случајот Иловица: Зошто СДСМ ги штити интересите на ДУИ во Струмица? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-sluchajot-ilovitsa-zoshto-sdsm-gi-shtiti-interesite-na-dui-vo-strumitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-sluchajot-ilovitsa-zoshto-sdsm-gi-shtiti-interesite-na-dui-vo-strumitsa/#respond Tue, 25 Jul 2023 10:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=859784

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола упати две пораки во однос на случајот со рудникот Иловица. „Имам две пораки. Првата е, тие што се излажани овој пат да внимаваат да не бидат повторно излажани. Второ, не можам да разберам зошто СДСМ ги штити бизнис интересите на ДУИ во Струмица и која е цената на оние што ја имаат оние кои дигаат два прста и се од оваа коалиција, а ја имаат за да ги штитат интересите на ДУИ во Струмица“, рече лидерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашања за тоа која е неговата порака во врска со случајот на спојување на концесиите на рудниците Иловица. Според Мицкоски наскоро сите ќе ја слушнат и пораката од народот. „Претпоставувам, набрзо од денеска тие самите ќе го слушнат одговорот од народот“, кажа Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-sluchajot-ilovitsa-zoshto-sdsm-gi-shtiti-interesite-na-dui-vo-strumitsa/feed/ 0
„Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminogenata-vlada-na-kovachevski-glasa-odluki-za-luge-bliski-do-dui-da-se-obezbedat-so-milionski-profiti-na-shteta-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminogenata-vlada-na-kovachevski-glasa-odluki-za-luge-bliski-do-dui-da-se-obezbedat-so-milionski-profiti-na-shteta-na-graganite/#respond Tue, 25 Jul 2023 07:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=859684

Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека Дестани, човек на ДУИ платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка. -Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко. Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата. Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават. Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука. Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ. Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани. СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал. Одговорноста доаѓа по изборите, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminogenata-vlada-na-kovachevski-glasa-odluki-za-luge-bliski-do-dui-da-se-obezbedat-so-milionski-profiti-na-shteta-na-graganite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Владата дозволила Дестани да влезе во Иловица, веднаш потоа институциите ја враќаат и Концесијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dozvolila-destani-da-vleze-vo-ilovitsa-vednash-potoa-institutsiite-ja-vrakaat-i-kontsesijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dozvolila-destani-da-vleze-vo-ilovitsa-vednash-potoa-institutsiite-ja-vrakaat-i-kontsesijata/#respond Mon, 24 Jul 2023 06:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=859320

Владата дозволила Дестани да влезе во Иловица, веднаш потоа институциите ја враќаат и Концесијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -9 дена откако Дестани влегува во Иловица, Управниот суд ја поништива Одлуката за еднострано раскинување на Концесијата. Дестани влегол во фирма, за што платил, а според закон требал да плати и 7% од висината на Концесијата на име такса, која немала активна Концесија. Ниту Дестани, ниту било која друга фирма нема да влезе во деловен однос каде шансите за успех се 0%, освен ако зад тоа не стои СДС и ДУИ со ветување, велат од партијата. Од таму додаваат дека откако Дестани влегува во Иловица, не само што е вратена Концесија, туку и се спојувааг Концесиите, а Ковачевски глуми дека ништо не знае, а всушност се знае и најмалку два пати на влада давал согласност поврзано околу влезот на Дестани во Иловица и спојувањето на концесиите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dozvolila-destani-da-vleze-vo-ilovitsa-vednash-potoa-institutsiite-ja-vrakaat-i-kontsesijata/feed/ 0
„Како компанијата на Дестани која нема искуство во копањето на злато ќе гарантира дека нема да се контаминира почвата од Иловица?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-kompanijata-na-destani-koja-nema-iskustvo-vo-kopaneto-na-zlato-ke-garantira-deka-nema-da-se-kontaminira-pochvata-od-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-kompanijata-na-destani-koja-nema-iskustvo-vo-kopaneto-na-zlato-ke-garantira-deka-nema-da-se-kontaminira-pochvata-od-ilovitsa/#respond Sun, 23 Jul 2023 07:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=859117

Владата тврдеше дека нема да има рудник во Иловица, а потоа сама дозволи компанија на семејството Дестани блиско до ДУИ да влезе во Еуромакс Ресурсис, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваа дека ако СДС и ДУИ не дозволеле, компaнијата на Дестани не можела да се стекне со удел во фирмата концесионер. „Дестани платил за да влезе во фирма која немала концесија над Иловица во тој момент, зошто била одземена. Откако Дестани влегува во Еуромакс Ресурсис, истата го добива спорот пред Управен суд, и се враќа концесијата. Дали власта однапред е договорена со Дестани? И дали е вистина дека компанијата на Дестани воопшто не доставила студија за влијание врз животната средина работата на рудникот? Како компанија како таа на Дестани без никакво искуство во копањето на злато, може да гарантира дека нема да се контаминира почвата? Граѓаните со право се загрижени“, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-kompanijata-na-destani-koja-nema-iskustvo-vo-kopaneto-na-zlato-ke-garantira-deka-nema-da-se-kontaminira-pochvata-od-ilovitsa/feed/ 0
„Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kreshnik-bekteshi-go-potopi-kovachevski-prizna-deka-kontsesijata-za-ilovitsa-ja-dale-sds-i-dui-sega-ushte-da-kazhat-shto-dogovorile-so-destani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kreshnik-bekteshi-go-potopi-kovachevski-prizna-deka-kontsesijata-za-ilovitsa-ja-dale-sds-i-dui-sega-ushte-da-kazhat-shto-dogovorile-so-destani/#respond Thu, 20 Jul 2023 07:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=858293

Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Крешник Бектеши призна дека СДС и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица и со тоа ги помножи со нула Ковачевски и СДС кои една недела градат реторика на лаги, и покрај сите документи кои излегоа во јавноста и ги негираат. И не само што СДС и ДУИ се виновни за Иловица, туку истите тие дозволиле во рудникот наместо светски познатата компанија за тргување со метали Трафигура, со годишен обрт од 300 милијарди долари да влезе компанија на семејството Дестани од ДУИ. Дестани немаат никакво искуство од копањето на метали, особено не на злато, народот во струмичко со право е вознемирен дека постои опасност од контаминација на почвата, велат од партијата. Од таму додаваат дека со што Дестани ја убедил владата и истата му дозволила да преземе удели во Иловица? Дали поврзаноста со ДУИ или можеби нешто друго било пресудно за власта да биде уверена дека Дестани е вистинскиот избор, и наместо да го одбие барањето на Дестани за преземање, го прифатила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kreshnik-bekteshi-go-potopi-kovachevski-prizna-deka-kontsesijata-za-ilovitsa-ja-dale-sds-i-dui-sega-ushte-da-kazhat-shto-dogovorile-so-destani/feed/ 0
Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euromaks-resoursis-nadlezhnite-institutsii-bez-odlagane-da-ovozmozhat-realizatsija-na-najgolemata-stranska-investitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euromaks-resoursis-nadlezhnite-institutsii-bez-odlagane-da-ovozmozhat-realizatsija-na-najgolemata-stranska-investitsija/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=853012

Еуромакс Ресоурсис со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс Ресоурсис. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес. Впрочем, Република Северна Македонија како полноправен член на НАТО Алијансата и држава која ги отпочна преговорите за полноправно членство во ЕУ, меѓу другото има должност и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите за домашните, но и за странските инвеститори. Одлуката на Управниот Суд по која постапи Владата на Република Северна Македонија не е прва судска пресуда во полза на Еуромакс Ресоурсис. Имено, во март и ноември 2020, Управниот и Вишиот Управен Суд правосилно го поништија Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос која се однесуваше на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини. Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно – политичка агенда. Еуромакс Ресоурсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека на прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната Арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати. Прецизирањето на правните околности и издавањето на соодветни дозволи за почеток на работа на рудникот Иловица – Штука ќе го отвори патот за реализација на директна странска инвестиција од 340 милиони евра и тоа само во првите две години на изградбата на рударскиот комплекс. Проектот ќе овозможи отворање на повеќе од 3.000 нови директни и индиректни работни места. Со отворањето на рудникот, согласно проектот, 24 милиони евра годишно ќе се слеваат во државниот Буџет на име даноци, надоместоци и концесии, од кои околу 4 милиони директно на буџетските сметки на општините Босилово и Ново Село. Функционирањето на рудникот ќе придонесе и за повеќе приходи и нови вработувања во голем број на компании во регионот. Согласно проектот, предвидени се договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра само за време на изградбата на рудникот. Во следните години на годишно ниво се предвидува дека преку договори за набавки кон локални компании да бидат исплаќани по 74 милиони евра. Почитувајќи ја грижата на жителите на Општините Ново Село и Босилово, регионот, целокупната јавност, во оваа прилика, сакаме веднаш да ja потенцираме најважната работа. Во технолошкиот процес во рудникот Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и наjсовремени техники и практики за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Највисок приоритет за нашите светски реномирани инвеститори е Еуромакс Ресоурсес да ги имплементира сите највисоки стандарди за одржливо рударство на 21-от век. Затоа, ги охрабруваме граѓаните и јавноста да поставуваат прашања и да ги отвораат сите евентуални дилеми. Ние сме подготвени да го објасниме секој чекор од процесот на експлоатација на рудникот. Истовремено, апелираме да не се потпаѓа по лажните вести кои се наменети да се спречи по секоја цена економскиот развој и забрзаниот прогрес на регионот и цела Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euromaks-resoursis-nadlezhnite-institutsii-bez-odlagane-da-ovozmozhat-realizatsija-na-najgolemata-stranska-investitsija/feed/ 0
Заев нема одговор до Николоски зошто нема истрага за Галена од Кајмански острови која го купи рудникот Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-odgovor-do-nikoloski-zoshto-nema-istraga-za-galena-od-kajmanski-ostrovi-koja-go-kupi-rudnikot-ilovica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-odgovor-do-nikoloski-zoshto-nema-istraga-za-galena-od-kajmanski-ostrovi-koja-go-kupi-rudnikot-ilovica/#respond Wed, 30 Dec 2020 12:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=450301

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, го праша Зоран Заев дали институциите кои што се под надлежност на владата Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на Галена а која го има под концесија рудникот Иловица. Третото прашање кое сакам да го поставам се однесува на рудникот Иловица. Сакам да кажам дека таму не може да има рудник затоа што треба да се зачува целиот тој регион и јавно сум го кажувал тоа и прецизно сум го кажувал и во текот на изборната кампања и после тоа. Во 2015 година комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 април носи решение со кое што известува за концентрација и кажува дека Друштвото Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови. Тоа за пошироката јавност е оваа зграда. На оваа зграда според информациите на престижниот британски весник Дејли мејл се регистрирани уште 20.000 компании, а зградата како што гледате е прилично мала. Претседателот на СДСМ Барак Обама во една прилика за оваа зграда вели или е најголемата куќа на светот, што секако дека не е, или се работи за најголемата шема на даночна евазија односно на прекривање на данок, вели Николоски и додаде: Имајќи предвид дека Галена во овој момент поседува 53,1 процент од Еуромакс рисосрсис, а како нивен претставник во бордот на директори се јавува никој друг туку Иван Вутов син на Цоло Вутов еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој што се занима со рударство и кој што нема баш вака домар имиџ во однос на неговите аквизиции и во Бугарија и во останати држави во кои што работел. Моето прашање е дали односно да бидам попрецизен затоа што не сме виделе ништо во јавноста зошто надлежните институции кои што се под надлежност на владата, тука пред се мислам на Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од 15 април 2019 година до денес крајот на годината не го испитале потеклото на капитал на Галена рисорсис имајќи во предвид дека доаѓа од даночен рај од Кајмански острови за кои што поранешниот претседател на САД Барак Обама вели дека се работи или за најголемата куќа во светот што секако дека не е или за најголемата шема за перење на пари? Николоски, вели дека ова не е прв ваков случај откако владата на СДСМ е на власт, потсетувајќи ја јавноста дека само еден ден по формирање на владата се донел детален урбанистички план за Панама на Миодраг Дака Давидовиќ. Ова не е прв пат да зборуваме за атрактивни дестинации и даночни раеви откако е оваа влада на власт, видовме дека сличен случај имавме со Панама и со Миодраг Дака Давидовиќ и што детален урбанистички план помина само еден ден после формирањето на новата влада на 31 август, така што прашањето е дали институциите кои што се под надлежност на владата Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на Галена која што е регистрирана на Кајманските острови и затоа што јавноста до денеска не е запозната со таквата работа, ако не извршиле зошто не го направиле тоа, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-odgovor-do-nikoloski-zoshto-nema-istraga-za-galena-od-kajmanski-ostrovi-koja-go-kupi-rudnikot-ilovica/feed/ 0
Кои се бугарските газди на „Иловица“ поради кои Заев од Струмица ја загуби еколошката свест? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-bugarskite-gazdi-na-ilovica-poradi-koi-zaev-od-strumica-ja-zagubi-ekoloshkata-svest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-bugarskite-gazdi-na-ilovica-poradi-koi-zaev-od-strumica-ja-zagubi-ekoloshkata-svest/#respond Fri, 25 Dec 2020 10:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=448172

Прашањето за Иловица е прашање за опстакок на Источна Македонија. Отворањето на овој рудник ќе значи уништување на целиот крај таму, односно еколошка катастрофа. Затоа и еколошките здруженија и жителите на овој крај се против отворање на рудникот, пишува Република. Политичката заднина на еколошката катастрофа на повидок ја открива потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. -Кога му требаа политички поени, Зоран Заев беше против отворањето на Иловица и Владата им ја одзеде концесијата на сопствениците. Еуромакс, тогашниот сопственик на Иловица се жалеше пред Управниот суд и изгуби и Вишиот управен суд реши да пресуди во корист на Еуромакс, но само откако се промени соственицата на Еуромакс. Оттогаш Зоран Заев го нема збор да каже дали се уште е против отворање на Иловица, зашто тој, како и јас, е носител на ИЕ 4, а ова е дел од ИЕ4, рече Николоски синоќа во гостување на ТВ Алфа. Николоски приложи документ од македонската влада од 15 април 2019 година, во којшто пишува дека Комисијата за заштита на конкуренцијата примила известување за регистрација со којашто друштвото „Галена рисорсес еквитис лимитед“ со регистрирано седиште на Кајманските Острови ќе се стекне со контрола над Еуромакс лимитид, регистрирана во Канада. По влегувањето на „Галена“ во „Иловица“, таа се стекнува со 53% од вкупните акции. Европската банка за обнова и развој има 7% од акциите, Ричард Грифитс и Ениксон партнерс исто така по 7%, Ричмонд капитал 4% и менаџментот нешто помалку од 4%.
Акционерската структура на „Иловица“: Галена ЛТД е сопственик на 53% од акциите
Рудникот Иловица преку ноќ доби дозвола за работа откако беше продаден на фирма со седиште на Кајмански Острови, а директор стана син на познат бугарски бизнисмен.
Фирмата Галена ЛТД, која е сопственик на Иловица, е регистрирана во оваа куќа на Кајманските Острови, заедно со уште 20.000 фирми
Во оваа куќа е регистриран сопственикот на Иловица. Во неа се регистрирани уште 20 илјади фирми. Своевремено поранешниот претседател на САД Барак Обама рече дека или се работи за најголемата куќа на светот или за добро осмислена шема за перење пари и финансиска девастација, потсетува Николоски. Николоски објави нов документ во кој пишува дека „Галена еквитис“ ЛТД е контролирана и менаџирана од „Галена асес менаџмент“ и нејзин основен бизнис е да инвестира во купување долгови и акции во касна фаза на мали и средни компании кои понатаму ќе се развиваат во делот на истражување природни ресурси и рударство.
Што прави Владата?
-Владата му ја одзема концесијата на Еуромакс. Еуромакс влегува во долгови и оваа фирма го купува за беспари, објаснува Николоски. Економските интереси на Галена еквитис ЛТД, пак, се поделени меѓу „Трафигура груп“ и бугарска фирма целосно сопственост на Цоло Вутов, член на Бордот на директори на компанијата и најголем акционер во „Геотрејдинг“.
Кој е Цоло Вутов?
Цоло Вутов е еден од најбогатите луѓе во Бугарија, сопственик на рудници, близок со речиси сите власти во Бугарија. Откако Галена асет менаџмент станува сопственик на 53% од акциите на Иловица, за директор во Иловица Цоло Вутов го поставува својот син Иван Вутов.  
Иван Вутов поставен за директор на Иловица
-Откако таткото, најверојатно, станува сопственик на Иловица, го става синот во Бордот на директори. Велам најверојатно, зашто се работи за шема на даночни раеви, па тешко се стигнува до крајот. Но, ако сум можел јас да истражам олку, македонските власти можат многу повеќе, објаснува порпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски коментира дека одеднаш откако Цоло Вутов станува сопственик на Иловица, а Иван Вутов директор, концесијата на рудникот не е спорна, а Зоран Заев оттогаш не спомнал дали е за или против отворање на овој рудник. -Добро е Заев да одговри дали се уште е против отворање на рудник, зашто во кампањата беше против. Значи, луѓето гласале за него, а ако сега е за отворање рудник, значи ги излажал луѓето. Јас и во кампања велев дека сум против и сега велам дека сум против, нагласи Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-bugarskite-gazdi-na-ilovica-poradi-koi-zaev-od-strumica-ja-zagubi-ekoloshkata-svest/feed/ 0