рудник саса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 11:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рудник саса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-vlezot-na-caml-vo-sasa-52-milioni-dolari-vekje-investirani-vo-odrzliv-razvoj-i-dopolnitelni-vlozuvanja-planirani-za-narednite-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-vlezot-na-caml-vo-sasa-52-milioni-dolari-vekje-investirani-vo-odrzliv-razvoj-i-dopolnitelni-vlozuvanja-planirani-za-narednite-godini/#respond Wed, 16 Nov 2022 11:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=761600

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните вложувања во САСА и нивниот ефект и значење за пошироката заедница, како и со реализацијата на новиот капитален проект, вреден над 25 милиони долари, што треба да овозможи натамошен одржлив развој на САСА. „Одбележувањето на овој јубилеј е многу значајно за сите нас. Станувајќи дел од Централ Азија Металс групацијата, во САСА започна нов период на севкупна модернизација на производството и развој од што придобивки имаат сите, вклучувајќи ги вработените, локалната економија и заедницата. Поддршката што во континуитет ја добиваме од ЦАМЛ, како и соработката со институциите на локално и национално ниво и останатите партнери, се гаранција дека ќе ги реализираме новите капитални инвестиции кои ќе овозможат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА во годините што следуваат. На тој начин САСА ќе може да продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата“, изјави генералниот директор на САСА, Крис Колбурн. Во изминатите пет години ЦАМЛ инвестираше 52 милиони долари во сите значајни сегменти за развојот на САСА. Голем дел од овие средства се вложени во набавка на нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените. Дополнително, во овој период вложени се и над 1,7 милиони долари во реализацијата на различни одржливи активности и проекти наменети за поддршка на локалната заедница. „Со задоволство ја посетив една од водечките британски инвестиции во Северна Македонија во рудникот САСА, која се развива во партнерство со локалната заедница и обезбедува квалификувани работни места во Македонска Каменица. Инвестициите на Обединетото Кралство во Северна Македонија стануваат сѐ посилни и посилни“, рече британскиот амбасадор, Метју Лосон. Кон честитките за 5-годишниот јубилеј се приклучи и претседателот на најголемата бизнис асоцијација во земјата кој нагласи дека токму инвестициите во модернизација на рудниците ќе придонесат за продолжување на долгата традиција на македонското рударство. „Соочени со глобални здравствени, енергетски и ценовни кризи чии последици никој со сигурност не може да ги предвиди, инвестициите во одржлив развој се најдобриот начин како да се трасира патот кон подобра иднина. Покрај модернизацијата на производството, тие овозможуваат и зголемена безбедност и унапредување на условите за работа во рударството, поефикасна заштита на животната средина, уште поголема благосостојба на вработените и на нивните семејства и секако дополнителни придобивки за целокупниот економски развој на земјата, што е нашата заедничка цел“, истакна претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија, Бранко Азески. За градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, рудникот САСА, како најголем стопански капацитет во општината, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во актуелните кризни времиња. „Затоа одговорните компании и инвеститори како што се САСА и ЦАМЛ и понатаму ќе ја имаат поддршката од нашата локална самоуправа во реализација на нивните развојни проекти кои носат долгорочни придобивки за целата наша заедница и пошироко“, нагласи градоначалникот на Македонска Каменица. Централ Азија Металс (Central Asia Metals PLC) е рударска компанија која котира на АИМ пазарот на Лондонската берза (AIM: CAML). Освен рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица, таа поседува и 100% од операцијата за бакар Коунрад во Казахстан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-vlezot-na-caml-vo-sasa-52-milioni-dolari-vekje-investirani-vo-odrzliv-razvoj-i-dopolnitelni-vlozuvanja-planirani-za-narednite-godini/feed/ 0
На првата средба со новиот градоначалник, САСА ја потврди определбата за натамошна поддршка на заедницата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-prvata-sredba-so-noviot-gradonachalnik-sasa-ja-potvrdi-opredelbata-za-natamoshna-poddrshka-na-zaednicata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-prvata-sredba-so-noviot-gradonachalnik-sasa-ja-potvrdi-opredelbata-za-natamoshna-poddrshka-na-zaednicata/#respond Fri, 19 Nov 2021 17:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=597535

Рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, ќе продолжи со реализацијата на проекти во сите области кои имаат влијание врз квалитетот на животот на жителите на општина Македонска Каменица и за просперитетот на локалната заедница. Поддршката што ја обезбедува САСА за заедницата беше една од темите на првиот состанок на претставници на менаџерскиот тим на САСА со новиот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. На средбата беше констатирано дека добрата соработка меѓу Рудник САСА и локалната самоуправа, што е во интерес на целата заедница и придонесува за создавање на поволна клима која е неопходна за обезбедување одржлив развој на рудникот, ќе продолжи и во иднина. „Како генератор на локалниот економски развој, рудникот САСА има големо влијание врз социјалната стабилност и просперитетот на жителите од нашата општина и пошироко во целокупниот источен регион. Оттаму, од голема важност е тој да продолжи да расте и развива, со што ќе биде во можност и понатаму да го дава својот придонес за развојот на целокупната заедница. Во исполнување на своите развојни планови САСА и понатаму може да смета на соработката и партнерство со општината и останатите локални институции“, рече градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. На овој состанок градоначалникот Атанасовски, од страна на претставниците на менаџерскиот тим, беше запознаен со досегашните вложувања во САСА во сите сегменти од работењето, особено во делот на производството, безбедноста и условите за работа и благосостојбата на вработените, реализирани од страна на инвеститорите -  компанијата Централ Азија Металс од Лондон. „Во изминатите четири години откако Централ Азија Металс стана сопственик на САСА, инвестирани се над 30 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација, унапредување на безбедноста, подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и благосостојбата на вработените. Во тек е реализацијата на капитална програма во вредност од околу 20 милиони долари, што ќе ни овозможи приспособување кон поефикасен метод на рударство во иднина. Во моментов соработуваме со надлежните институции со цел да ја договориме имплементацијата на развојните проекти кои треба да обезбедат долг и просперитетен животен век на рудникот. Паралелно со ова, со основање на нашата добротворна Фондација, продолжуваме со нашата поддршка за развој на локалната заедница во области како што се: едукацијата на младите, грижата за животната средина и помош на најранливите членови на заедницата“, истакна на средбата со градоначалникот, генералниот директор на САСА, Скот Јеланд. Во оваа прилика, честитајќи му го стапувањето на функцијата, претставниците на менаџерскиот тим на САСА, на градоначалникот на Македонска Каменица му предадоа фотографија од почетокот на изградбата на новиот нископ што е дел од новиот инвестициски циклус на САСА и кој, откако ќе биде завршен, ќе овозможи полесен и поефикасен пристап до нови рудни наоѓалишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-prvata-sredba-so-noviot-gradonachalnik-sasa-ja-potvrdi-opredelbata-za-natamoshna-poddrshka-na-zaednicata/feed/ 0
САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasa-kje-prodolzi-da-vlozuva-nad-300-000-dolari-godishno-vo-razvojot-na-zaednicata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasa-kje-prodolzi-da-vlozuva-nad-300-000-dolari-godishno-vo-razvojot-na-zaednicata/#respond Thu, 17 Jun 2021 18:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=524920

Рудник САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите за идни вложувања на САСА во развојот на заедницата. „За нас во САСА успехот е целосен само доколку се сподели со луѓето и со заедницата во која ние живееме и работиме. Затоа, благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите сопственици – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, како и соработката со институциите на централно и локално ниво и партнерите, како што е Британската Амбасада, ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на  натамошен одржлив развој на САСА, што ќе ни отвори нови можности за уште поголеми вложувања во проекти кои се значајни за просперитетот на луѓето и локалната заедница“, изјави директорот за одржлив развој на САСА, Ивица Талевски, заблагодарувајќи ѝ се на Амбасадата на Обединетото Кралство и на амбасадорката Галовеј, за искажаниот интерес и континуираната поддршка. Во рамки на оваа посета, Амбасадорката на Обединетото Кралство помеѓу останатото се запозна со работата на Тренинг центарот за обука на САСА, како и со поддршката што ја дава компанијата за воведување на новиот концепт за дуално образование во рамки на општинското средно училиште и стипендиите што се доделуваат на студенти на универзитетот во Штип. Ваквата поддршка треба да ги зголеми перспективите за кариерен развој и вработување на младите. Амбасадорката беше запознаена со вложувањата на САСА во сегментот на здравствената заштита и поддршката на социјално ранливите граѓани во заедницата, особено во периодот на пандемијата од Ковид-19, како и со најновиот проект за изградбата на паркот „Младост“ во Македонска Каменица, во што се вложени над 100 илјади евра. Беше презентиран и планот за вложувања во хортикултурно уредување на новата зелена урбана зона во градот. „Македонска Каменица е одличен пример за тоа дека кога постои вистинска визија, разбирање и соработка помеѓу деловните субјекти, институциите и граѓаните, тогаш може да се постигнат видливи резултати кои носат прогрес и подобар квалитет на животот во заедницата.“, изјави амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, упатувајќи честитки за тимот на САСА и на Централ Азија Металс за целокупната досегашна работа и плановите за идни вложувања во развојот на заедницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasa-kje-prodolzi-da-vlozuva-nad-300-000-dolari-godishno-vo-razvojot-na-zaednicata/feed/ 0
Расте бројот на новозаразени во Македонска Каменица, 14 вработени во рудникот Саса се позитивни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-vo-makedonska-kamenica-14-vraboteni-vo-rudnikot-sasa-se-pozitivni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-vo-makedonska-kamenica-14-vraboteni-vo-rudnikot-sasa-se-pozitivni/#respond Wed, 11 Nov 2020 16:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=428122

Расте бројот на новозаразени од ковид-19 во Македонска Каменица. Најголем дел од активните случаи во оваа општина како што информираа од хигиено-епидемиолошкото одделение во Делчево се вработени во рудник Саса, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Од компанијата ја потврдија веста, информирајки дека во компанијата има вкупно 19 вработени кои се позитивни на вирусот, од кои пет лица од позитивните доаѓаат од компании што соработуваат со рудникот. -Рудник Саса во моментот има 14 вработени кои се тестирани како позитивни на ковид-19 и вкупно четири лица кои се во изолација, како резултат на близок контакт со лица позитивни на вирусот. Кај надворешните компании кои соработуваат со рудникот идентификувани се дополнителни пет лица инфицирани со вирусот и сите се наоѓаат во изолација. Рудник Саса и понатаму ќе продолжи да ги презема сите активности, со цел да се превенира ширењето на вирусот и да се обезбеди сигурноста и заштитата на здравјето на вработените во рудникот и на нашите сограѓани, се вели во информацијата од рудникот. Оттаму додаваат дека вработените редовно се информирани за здравствената состојба во компанијата, како и за мерките, кои треба да ги почитуваат за да го заштитат сопственото и здравјето на другите. -Рудник Саса, уште од самиот почеток на епидемијата во нашата земја, континуирано ја следи состојбата и ги спроведува сите протоколи и мерки за заштита од ковид-19, утврдени од надлежните државни институции, а има усвоено и дополнителни интерни протоколи и мерки за заштита. Направен е детален преглед на сите работни активности со цел да се осигура дека може да се обезбеди неопходното социјално растојание. Беа идентификувани и заштитени најранливите категории вработени, а сите кои можат да работат од дома се охрабрија да го сторат тоа. Истовремено се ограничија и сите надворешни посети во рамки на целиот руднички комплекс, додадоа од рудникот, пренесе Слободен печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-vo-makedonska-kamenica-14-vraboteni-vo-rudnikot-sasa-se-pozitivni/feed/ 0
Рудникот Саса ќе плати до 100.000 евра казна за истекувањето на јаловина во Каменичка Река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-kje-plati-do-100-000-evra-kazna-za-istekuvanjeto-na-jalovina-vo-kamenichka-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-kje-plati-do-100-000-evra-kazna-za-istekuvanjeto-na-jalovina-vo-kamenichka-reka/#respond Tue, 15 Sep 2020 10:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=403441

Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор. Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице Рудник Саса направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000 m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-kje-plati-do-100-000-evra-kazna-za-istekuvanjeto-na-jalovina-vo-kamenichka-reka/feed/ 0
ФОТО: Еколошка катастрофа во рудникот Саса во Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ekoloshka-katastrofa-vo-rudnik-sasa-makedonska-kamenica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ekoloshka-katastrofa-vo-rudnik-sasa-makedonska-kamenica/#respond Mon, 14 Sep 2020 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=402882

Изутрината пред шест часот истече јаловина во рудникот Саса кај Македонска Каменица. Рудникот има поново јаловиште, каде се собира остатокот од активноста на рударите и старо и култивизирано јаловиште кое се одржува, како што налага А- Интегрираната дозвола. Пред повеќе од десетина години се случи еколошка катастрофа од рудникот Саса, кога се излеа јаловина, која преку притоката, заврши во реката Брегалница од каде со вода за пиење се’ уште се снабдуваат жителите на Штип. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ekoloshka-katastrofa-vo-rudnik-sasa-makedonska-kamenica/feed/ 0
Рудникот САСА донираше апарат за анестезија за болницата во Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-donirashe-aparat-za-anestezija-za-bolnicata-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-donirashe-aparat-za-anestezija-za-bolnicata-vo-kochani/#respond Wed, 01 Jul 2020 14:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=366779

Во Општата болница со проширена дејност – Кочани денеска беше извршено официјалното примопредавање на новиот апарат за анестезија, донација од Рудник САСА. Се работи за најсовремен апарат за анестезија модел Fabius plus XL од производителот Dräger од Германија. Апаратот содржи и респиратор, односно интегриран модул за мерење на концентрација на гас во дишниот систем (SCIO модул). – Со оваа донација ќе имаме заокружен систем за лекување и на најтешките болни со апарат за анестезија и статичен респиратор во интензивната нега, како и мобилен респиратор за транспорт на болните во повисоките инстанци, изјави директорот на Општата болница со проширена дејност – Кочани, д-р Александар Серафимов. Овој современ медицински апарат за болницата во Кочани е дел од вкупната донација на рудникот САСА за справување со пандемијата на Ковид-19 во нашата земја, која се состои од медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства. Упатувајќи голема благодарност кон целокупниот персонал на болницата Кочани, како и до сите останати здравствени работници ширум земјата, за нивниот ангажман и залагање во третманот на пациентите со Ковид-19, како и на останатите пациенти, генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној рече дека се горди што во овие тешки времиња имаат можност да помогнат онаму каде што помошта е најпотребна. -Соработуваме со институциите на локално и национално ниво за да утврдиме како можеме најдобро да придонесеме во борбата против Ковид-19. Веруваме дека донациите што ги обезбедивме, како што е оваа за болницата во Кочани, ќе придонесат сите заедно полесно да ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна, изјави Телној.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-sasa-donirashe-aparat-za-anestezija-za-bolnicata-vo-kochani/feed/ 0
Синдикатот на „Саса“ во среда ги почнува преговорите со менаџментот на рудникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-sasa-vo-sreda-gi-pochnuva-pregovorite-so-menadzmentot-na-rudnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-sasa-vo-sreda-gi-pochnuva-pregovorite-so-menadzmentot-na-rudnikot/#respond Mon, 09 Apr 2018 11:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=38132

Синдикатот на вработените во рудникот „Саса“ членка на МЕСО - Мултиетничкиот синдикат за образование на РМ во среда ќе ги започне преговорите со менаџментот на рудникот за решавање на економско-социјалните барања на работниците, кои беа причина за штрајкот во март годинава. Како што информира претседателот на МЕСО и на Синдикалната организација на „Саса“ Драге Јованоски, рудникот „Саса“ во Македонска Каменица“ влезе во штрајк на 14 март и штрајкуваше два дена, при што беа наведени основните барања - зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на пензискиот стаж кој не бил регулиран  подолго време наназад неколку години. Тој посочи дека откако се утврдило дека преку 400 вработени се членови на МЕСО, додека во другиот синдикат се околу сто членови кои не штрајкуваат, бил надминат игнорантскиот однос на работодавачот кон овој синдикат, а нивните барања сфатени сериозно. Во разговорите за надминување на ситуацијата биле вклучени претставници на Владата за воопшто да отпочнат да преговараат за поставените барања. Услов бил да се повлечат поднесените судски постапки против Синдикатот од страна на работодавачот, додека од нивна страна штрајкот да биде ставен во мирување. - Одредени работи ги кристализиравме и за ден среда, 11 април во 15 часот стартуваат преговорите со менаџерскиот тим во „Саса“.Тие ќе се водат во седиштето на самиот рудник во Македонска Каменица. Се надеваме дека она што е поставено како штрајкувачко барање ќе го исполнат, рече Јованоски наведувајќи дека е утврден составот на преговарачкиот тим од синдикатот. На прашањето што доколку не се исполнат барањата, тој рече, дека штрајкот кој е ставен во мирување повторно ќе биде активиран и ќе се отпочне со класично штрајкување. Но вели, нивна и задача на менаџментот е да се постигне договор, со оглед дека од досегашните разговори сметаат дека има желба за исполнување на барањата од страна на раководството на „Саса“. Појасни дека во однос на барањето за стажот, преговарачкиот процес може да трае подолго, додека за прашањето за покачување на платата е директно и очекуваат брзо да го решат, можеби, вели, и во помала мера од очекувањата но, сепак, задоволително за сите рудари. Јованоски, засега не открива колкав процент на покачување на платите бараат. Според Јованоски, платата на копачите во рудниците се движи меѓу 40.000 и 60.000 денари, а во европски рамки за истата работа платата е 4.000 до 5.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-sasa-vo-sreda-gi-pochnuva-pregovorite-so-menadzmentot-na-rudnikot/feed/ 0
Јованов: Протестот на рударите од „Саса“ не е прекинат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanov-protestot-na-rudarite-od-sasa-ne-e-prekinat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanov-protestot-na-rudarite-od-sasa-ne-e-prekinat/#respond Thu, 15 Mar 2018 15:10:05 +0000 http://kurir.mk/?p=30243

Претседателот на локалниот огранок на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов ја демантираше информацијата од раководството на „Саса“ дека е постигнат договор за итен прекин на блокадата кон рудникот „Саса“. Јованов вели дека протестот трае веќе втор ден без прекин, односно рударите се на локалниот пат во селото Долно Саса и дење и ноќе. - Се служат со нечесни игри. Јас како претседател на синдикатот  пред еден час од членството добив едногласна поддршка со која што додека на Сашо Јованов не му се признае да биде дел од преговарачкиот тим и да му со овозможи непречена комуникација со менаџерскиот тим да влегува и излегува од фримата и додека не се исполнат барањата на рударите за повисоки плати нема да прекинеме со протестите, вели Јованов. Тој истакна дека над 300 рудари се на протестите во селото Долна Саса, најавува дека доколку не се прифатат нивните барања за да се седне на преговарчка маса, во тој случај од утре на протести излегуваат и нивните семејства, жени и деца. Менаџментот на рудникот „Саса“ и синдикалните лидери денеска соопштија дека постигнале согласност за прекин на штрајкот и за почеток на преговори. Од компанијата информираа дека на вчерашната средба била презентирана документација со кои било потврдено дека Синдикатот на МЕСО легитимно ги претставува интересите на дел од вработените во „Саса“ по што е договорено во рок од 20 дена синдикатите на МЕСО и СИЕР да формираат заеднички тим за преговори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanov-protestot-na-rudarite-od-sasa-ne-e-prekinat/feed/ 0