Ругање со Христос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Oct 2018 06:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ругање со Христос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јaни Бојаџи: Доколку се повлечам и извинам ми понудија светла иднина, есапот од дома на пазар не им излезе баш точен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-dokolku-se-povlecham-i-izvinam-mi-ponudija-svetla-idnina-esapot-od-doma-na-pazar-ne-im-izleze-bash-tochen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-dokolku-se-povlecham-i-izvinam-mi-ponudija-svetla-idnina-esapot-od-doma-na-pazar-ne-im-izleze-bash-tochen/#respond Tue, 16 Oct 2018 06:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=115428

Режисерот на филмот „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи во интервју за Магазин.мк отворено вели дека му била понудена светла иднина доколку се извини и го промени филмот. Бојаџи открива и што му рекол неговиот татко на денот кога беше повикан на распит во полиција, што всушност е и денот кога беше закажана и одржана премиерата во Скопје во рамки на фестивалот Киненова. Магазин: Што се случи со “опомената” упатена преку вашиот татко? Мислам вие активно не информиравте на социјалните мрежи но има или нема обвинение за наводна трговија со артефакти? Зошто притворот беше тајмиран со премиерата? Помисливте ли да се откажете од се? ,,Немој случајно вечер да нема премиера! Арам да ти е ако го направиш тоа заради мене,,! Ете ова беа зборовите на татко ми пред да замине на распит во Скопје. Во такви моменти не ви се важни никакви филмови. Важен ви е само родителот. Но татко ми не ми остави право на избор. Беше сосема јасен. А тие што го познаваат знаат дека од кажаното не отстапува па ,,мајка Јана,,. Јас ви кажав дека тие сега се влезени во втората фаза на кампањата која според добрите фашистички практики сега се префрлаат врз мене и моето семејство. За среќа најголем артефакт кај мене дома е мојот татко кој ми е пример за се во животот. Верувам дека ова епизода во неговиот живот скоро ќе биде заборавена а е предмет на неговата наивност која ја злоупотребил еден човек со презиме Босиљанов кој е познат како верен и истакнат јуришник на партијата СДСМ од Струмица! Го кажувам ова за да знаат дека знам точно што прават и дека нема да дозволам на мојот татко да му недостига едно влакно од главата. Магазин: Бојаџи и покрај се изгледа дека власта и судството го изрежира “Ругање со Бојаџи”. Добивте и покана за суд со цел да ви биде изречена мерката забрана за прикажување но до тоа не стигна како барањето беше повлечено од самиот подносите. Сметате ли дека ако бевте потивок ќе успееја во намерата “Ругање со Христа” да не види “бел ден”? Не знам што сметале тие, ама сега е јасно дека есапот од дома на пазар не им излезе баш точен! Јас решив да не молчам. И покрај добрите понуди кои ги добив доколку неколку работи поправам, скратам, придотерам. Доколку се повлечам и извинам, ми понудија светла иднина и подршка за овој и сите други идни проекти! Многу повеќе за цензурирањето на филмот од страна на Владата и Министерството за култура, разните притисоци, за поддршката од претседателот Ѓорге Иванов, за самиот филм, но и за упорноста на Бојаџи прочитајте го целото интервју со режисерот на МАГАЗИН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-dokolku-se-povlecham-i-izvinam-mi-ponudija-svetla-idnina-esapot-od-doma-na-pazar-ne-im-izleze-bash-tochen/feed/ 0
Соопштение од Основниот суд Скопје 2 во врска со филмот „Ругање со Христос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshtenie-od-osnovniot-sud-skopje-2-vo-vrska-so-filmot-ruganje-so-hristos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshtenie-od-osnovniot-sud-skopje-2-vo-vrska-so-filmot-ruganje-so-hristos/#respond Wed, 10 Oct 2018 10:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=113250

По однос на текстовите објавени во одредени медиуми дека судијата го прифатила барањето на директорот на фестивалот „Кине Нова“, како и дека судијата не донела никаква одлука во врска со емитувањето на филмот. Имено, Основниот суд Скопје II Скопје, во врска со постапката за дозволување на привремена мерка по предметот ВПП2-250/18, а по предлог на предлагачот РМ-Министерство за култура, против противникот Здружение за промовирање и развој на филмската уметност и култура АРТ Синема Скопје, по повод одржаното рочиште на ден 10.10.2018 година, Ве известува за следното: По доставениот поднесок од РМ- Министерство за култура за повлекување на предлогот за дозволување на привремена мерка, судот на одржаното рочиште констатираше дека предлогот на предлагачот РМ Министерство за култура за дозволување на привремена мерка против Здружението АРТ Синема Скопје Е ПОВЛЕЧЕН. Основен суд Скопје 2 Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshtenie-od-osnovniot-sud-skopje-2-vo-vrska-so-filmot-ruganje-so-hristos/feed/ 0
Јани Бојаџи: Утре во 11 часот на рочиште ќе се бара забрана за прикажување на „Ругање со Христос“, ми ја забрануваат работата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-utre-vo-11-chasot-na-rochishte-kje-se-bara-zabrana-za-prikazuvanje-na-ruganje-so-hristos-mi-ja-zabranuvaat-rabotata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-utre-vo-11-chasot-na-rochishte-kje-se-bara-zabrana-za-prikazuvanje-na-ruganje-so-hristos-mi-ja-zabranuvaat-rabotata/#respond Mon, 08 Oct 2018 17:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=112447

Јани Бојаџи, режисерот на филмот „Ругање со Христос“, кој предизивика реакции во албанската јавноста, преку социјалните мрежи информира дека утре во 11 часот во Основниот суд Скопје 2 ќе биде одржано рочиште за забрана на неговиот филм. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме објавата на Бојаџи, напишана на Фејсбук. Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,,Ругање со Христос,,! Драги мои фашисти! Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата! О, неразумници! Вие мене ми го забранувате правото да работам, да заработам и да живеам! Вие мене ми го одземате правото на живот! Ова продолжува веќе два месеци! Јас сум уметник. Работник. Пролетер. Не поседувам средства за работа. Не поседувам недвижности. Ако не работам не можам да си платам ќирија, струја, вода, данок. Акоа не работам не можам да си го прехранам семејството! О, несреќници, вие мене ме убивате! Ова е истребување! Вие мене утре ме судите на глад и на смрт! Се молам за вашиот разум и за благост во вашето срце кога ќе ме судите! Се молам за вас и теперам од страв оти не знам до кога јас ќе бидам разумен и благ со вас, о мои обвинители и судии! Вие утре ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си. Оти ќе останете запаметени по тоа дека судите за нешто што не сте го виделе, а тоа е пострашно и ако лажно да сведочите! Драги мои фашисти, Јас знам дека по природата на тоа што сте – тирани и безумници, ќе го направите она што веќе сте го направиле во минатото! Таква си е нотропијата на фашизмот – ќе го излеете бесот и немоќта на улица и на невините, и ќе завршите под урнатините ! Но, ете, по не знам кој пат ви кажувам: не ви се плашам! Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам. Знам. Така е тоа со слободата – треба да си ја заслужиш! СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jani-bojadzi-utre-vo-11-chasot-na-rochishte-kje-se-bara-zabrana-za-prikazuvanje-na-ruganje-so-hristos-mi-ja-zabranuvaat-rabotata/feed/ 0
Филмот „Ругање за Христос“ од утре слободно ќе се прикажува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmot-ruganje-za-hristos-od-utre-slobodno-kje-se-prikazuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmot-ruganje-za-hristos-od-utre-slobodno-kje-se-prikazuva/#respond Sun, 07 Oct 2018 10:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=111852

Државниот правобранител на Република Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос". Како што соопштија од Државното правобранителство за МИА, решението е донесено по направи дополнителни и целосни согледувања и правни анализи. - Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведуваат од Државното правобранителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmot-ruganje-za-hristos-od-utre-slobodno-kje-se-prikazuva/feed/ 0
Бојаџи: Невиден фашизам, Владата сака да го спречи фестивалот „КинеНова“ поради премиерата на „Ругање со Христос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bojadzi-neviden-fashizam-vladata-saka-da-go-sprechi-festivalot-kinenova-poradi-premierata-na-ruganje-so-hristos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bojadzi-neviden-fashizam-vladata-saka-da-go-sprechi-festivalot-kinenova-poradi-premierata-na-ruganje-so-hristos/#respond Wed, 03 Oct 2018 20:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=110421

Власта прави се за да го спречи одржувањето на филмскиот фестивал „КинеНова“, поради одржувањето на премиерата на македонскиот филм „Ругање со Христос“, напиша Јане Бојаџи на својот Фејсбук. Бојаџи објаснува дека Власта со тоа што одлучила таа да ги продава билетите за премиерата на филмот, а на организаторите да им даде само десет покани, прави невиден преседан во историјата на македонската кинематографија. Ви го пренесуваме целосно статусот на Бојаџи: Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот „КинеНова“ а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм „Ругање со Христос“! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом „десет“ покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на „илјадагодишниот рајх“ на ваков начин! Ова е „антисемитизам“ со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – „земете или оставете“! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има! Почитувани, Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bojadzi-neviden-fashizam-vladata-saka-da-go-sprechi-festivalot-kinenova-poradi-premierata-na-ruganje-so-hristos/feed/ 0