руси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 08:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=878612

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О'Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур. О'Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година. Тројцата требаше да одлетаат до вселенската станица минатата пролет, но нивната оригинална капсула служеше како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж - исто така двајца Руси и еден Американец - заминува дома на Земјата подоцна овој месец. Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата. Ова е прв вселенски лет за О'Хара и Чуб, додека командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбиталната станица. Екипажот требаше да пристигне на станицата три часа по полетувањето. На станицата ги пречекуваат седум астронаути од САД, Русија, Данска и Јапонија. Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време - повеќе од илјада дена - во вселената. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/feed/ 0
САД воведоа санкции за двајца руски шпиони кои според Вашингтон се обиделе да влијаат на избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-sanktsii-za-dvajtsa-ruski-shpioni-koi-spored-vashington-se-obidele-da-vlijaat-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-sanktsii-za-dvajtsa-ruski-shpioni-koi-spored-vashington-se-obidele-da-vlijaat-na-izbori/#respond Fri, 23 Jun 2023 16:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=849091

САД денеска воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои се обиделе да се вмешаат во изборите во земјата како дел од „глобалните операции за штетно влијание на Москва“, соопшти американското Министерство за финансии. Егор Сергеевич Попов и Алексеј Борисович Суходолов, офицери на руската Федерална служба за безбедност, работеа на поткопување на демократските процеси во САД и други земји преку мрежа на соучесници, се вели во соопштението. Во текстот се вели дека двајцата соработувале со Александар Викторович Јонов, Русин кој американското Министерство за правда го обвини минатата година за долгогодишни напори да ги искористи политичките групи во Флорида, Џорџија и Калифорнија за мешање во изборите. Не е прецизирано на кои избори се обиделе да влијаат двајцата Руси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-sanktsii-za-dvajtsa-ruski-shpioni-koi-spored-vashington-se-obidele-da-vlijaat-na-izbori/feed/ 0
Верешчук ги повикa Русите да не посвојуваат деца „украдени“ од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-gi-povika-rusite-da-ne-posvojuvaat-detsa-ukradeni-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-gi-povika-rusite-da-ne-posvojuvaat-detsa-ukradeni-od-ukraina/#respond Wed, 29 Mar 2023 06:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=817570

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија. Верешчук на својот канал на Телеграм изјави дека сирачињата биле „украдени во Украина“ и наводно биле дадени на посвојување во Русија. Таа додаде дека „силно им препорачува на руските граѓани да не посвојуваат украински сираци кои нелегално биле однесени од привремено окупираната територија на Украина“. - „Уште еднаш ги потсетувам сите руски таканаречени „посвоители“ и „старатели“: порано или подоцна ќе мора да одговарате, напиша Верешчук, која е задолжена за социјални прашања. Според украинското Министерство за интеграција на окупираните територии, 19.514 украински деца во моментов се сметаат за незаконски депортирани. Меѓународниот кривичен суд (МКС) кон средината на месецов издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и на рускиот омбудсман за правата на децата Марија Лвова Белова, обвинувајќи ги за наводно незаконско депортирање на деца од Украина во Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-gi-povika-rusite-da-ne-posvojuvaat-detsa-ukradeni-od-ukraina/feed/ 0
Русите урнаа цела населба во Мариупол во Украина и градат елитни станови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/#respond Sat, 28 Jan 2023 21:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=793289

Руски градежни работници почнаа со целосно демонтирање на населбата Азовија во градот Мариупол, окупирана од Русија, вклучително и неоштетени куќи, за да изградат „елитни“ станови, изјави советникот на градоначалникот Петар Андришченко. „Напролет московските градежници блиски до руската федерална влада ќе започнат со изградба на „елитни станови од економска класа“ како дел од програмата за недвижнини во Мариупол“, рече Андришенко. Тој не прецизираше од каде ја добил оваа информација. Двомесечната опсада на Мариупол од страна на Русија ги остави во урнатини повеќето од 450.000 жители на градот во Доњецката област. Во изминатите неколку месеци, Русија почна да користи булдожери за уривање на уништените станбени згради, што беше критикувано од бројни организации за човекови права, кои сметаат дека овој потег е обид да се прикријат воените злосторства. Се верува дека некои од нив сè уште содржат останки на убиени луѓе. Во декември, Русија демонтираше дел од Драмскиот театар кој служеше како засолниште за жителите на градот кога Русија го гранатираше на 16 март, при што загинаа до 600 луѓе кои се криеја таму. Андришенко рече дека новите руски уривања ќе остават многу жители без домови. Фондацијата за борба против корупцијата, управувана од затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во декември 2022 година објави дека рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов може да профитира од изградбата во Мариупол. Министерството ги ангажирало истите компании за изградба на куќи во уништениот Мариупол, под контрола на Русија и ги плаќало сметките на Иванов за градежни материјали за неговата приватна вила, пренесе Индекс.хр.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/feed/ 0
Русите гранатирале пазар во Берислав, петмина повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-granatirale-pazar-vo-berislav-petmina-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-granatirale-pazar-vo-berislav-petmina-povredeni/#respond Mon, 02 Jan 2023 11:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=783202

Пет лица се повредени во руски напад врз пазар во градот Берислав во јужна Украина. -Утринава Русите го нападнаа центарот на Берислав, го гранатираа градскиот пазар, објави на Телеграм Јарослав Јанушевич, гувернер на Херсонската област каде што се наоѓа Берислав. -Се претпоставува дека нападот бил извршен од привремено окупираната Каховка, додаде тој. Каховка се наоѓа на спротивната страна на реката Дњепар. Јанушевич рече дека од петмината повредени, три лица се во критична состојба. Русите вчера нападнаа и делови од Херсонската област под контрола на Украина, при што загина едно лице, а четворица се повредени. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-granatirale-pazar-vo-berislav-petmina-povredeni/feed/ 0
СП2022: Руси од Сибир допатуваа во Катар за да ја бодрат Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-rusi-od-sibir-dopatuvaa-vo-katar-za-da-ja-bodrat-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-rusi-od-sibir-dopatuvaa-vo-katar-za-da-ja-bodrat-srbija/#respond Thu, 24 Nov 2022 17:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=766048

Група Руси од Сибир допатуваа во Катар за да навиваат за репрезентацијата на Србија на вечерашниот натпревар од 1. Коло во групата Г на Светското првенство против Бразил. Српските медиуми пренесуваат дека руските навивачи биле забележани во градското метро, носејќи качкети со српски обележја. Дуелот меѓу Србија и петкратниот светски првак е на програмата вечерва од 20 часот на стадионот „Иконик“ во вториот по големина катарски град Лусаил. Претходно денеска во рамки на истата групата, Швајцарија го совлада Камерун со 1-0.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp2022-rusi-od-sibir-dopatuvaa-vo-katar-za-da-ja-bodrat-srbija/feed/ 0
Украина: Немаме докази дека Русите го напуштаат Херсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nemame-dokazi-deka-rusite-go-napushtaat-herson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nemame-dokazi-deka-rusite-go-napushtaat-herson/#respond Thu, 10 Nov 2022 21:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=758827

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сак изјави дека неговата земја сè уште „не гледа докази за големи движења на војниците од Херсон“. Сак во изјава за Скај њуз рече дека затоа украинските власти остануваат скептични во врска со најавите на Москва. Пред Русија вчера да соопшти дека се повлекува од Херсон, во градот имаше десетици илјади руски војници. Сак вели дека тоа се „значајни бројки“ и затоа ќе мора „да се почека и да се види“ дали Русите ќе почнат да го напуштаат градот. Иако Украина денеска ослободи неколку населби во близина на градот, Сак рече дека нивните војници сè уште немаат пристап до самиот град, кој со месеци е под руска окупација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-nemame-dokazi-deka-rusite-go-napushtaat-herson/feed/ 0
Во Црна Гора одобрен им е престој на 13.500 Руси и 11 илјади Украинци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/#respond Fri, 14 Oct 2022 08:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=745168

Привремен или постојан престој во Црна Гора им е одобрен на нешто повеќе од 13.500 руски државјани, додека истовремено во земјата има околу 11 илјади Украинци врз основа на привремена заштита или одобрен престој, покажуваат податоците на црногорското Министерството за внатрешни работи. Од почетокот на војната во Украина барање за престој во Црна Гора во времетраење до 90 дена побарале 112.755 граѓани на Русија и 50.614 Украинци. Министерството за внатрешни работи наведува дека од почетокот на војната во Украина на 24 февруари до 10 октомври годинава е регистриран влез во земјата на 119.619 државјани на Руската Федерација, од кои 103.406 биле регистрирани и на заминување. „За истиот период престој до 90 дена пријавиле 112.755 државјани на Руската Федерација“, соопшти црногорското МВР. Во моментов, 8.157 граѓани на Руската Федерација живеат во Црна Гора врз основа на одобрен привремен престој, од кои 4.269 врз основа на одобрен продолжен престој додека 1.146 Руси живеат во Црна Гора со одобрен постојан престој. За истиот период регистриран е влез на 73.558 државјани на Украина, додека на излез биле регистрирани 65.700 украински државјани. „За истиот период престој до 90 дена пријавиле 50.614 граѓани на Украина“, соопшти црногорското МВР. Во земјата моментално престојуваат 934 граѓани на Украина врз основа на одобрен привремен престој, 1.141 државјанин на Украина по продолжен привремен престој, како и 2.359 граѓани на Украина со одобрен постојан престој. „Барања за одобрување на привремена заштита поднеле 6.722 граѓани на Украина, од кои одобрени се 5.833 барања, додека 889 се во постапка“, покажуваат податоците на црногорското Министерство за внатрешни работи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/feed/ 0
Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=738803

Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама. Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области. Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи дека ” во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум фарса”. – Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките што ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе. Тие не само што не ја одразуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што нè зближува под покривот на Обединетите нации, додаде Рама. Посочи дека неговата земја ги осудува овие ” фабрикувани дејствија во Москва” и оти неговата земја ” не признава ниту една од овие незаконитости”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-rusite-koi-ne-sakaat-da-vojuvaat-se-dobredojdeni-vo-albanija/feed/ 0
Од почетокот на воената агресија врз Украина неколку илјади Руси пристигнале во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-voenata-agresija-vrz-ukraina-nekolku-iljadi-rusi-pristignale-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-voenata-agresija-vrz-ukraina-nekolku-iljadi-rusi-pristignale-vo-belgrad/#respond Wed, 28 Sep 2022 08:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738362

Од почетокот на воената агесија на Русија врз Украина во февруари, зголемен е бројот на доселување на руски државјани во Србија, најмногу во Белград и Нови Сад, а по мопбилизацијата на интензитет добија и барањата за засолниште и за трансфер, јави дописникот на МИА од Белград. Доселувањето на голем број Руси во Србија, се должи на неколку фактори, пред се на добрите политичко-економски односи или како што се потенцира „братски односи“ на двете држави, безвизниот режим, невоведувањето санкции и секојдневните директни авио линии од Белград за повеќе руски градови, за кои долго време нема слободна карта и која на црно достигнува цена и до 2.000 долари. Премиерката Ана Брнабиќ обелодени во неделата дека во последните неколку месеци во Србија засолниште нашле 12.000 руски државјани и дека половината од нив веќе имаат добиено работни дозволи, најмногу во ИТ секторот. Американските медиуми во проценката одат со уште поголема бројка, дека во Србија дошле околу 50.000 руски жители, како и дека наредните две недели се очекуваат да пристигнат уште 4.000 лица. Според медиумите, од почетокот на годината во хотелите во Белград се остварени 224.000 ноќевања на руски државјани. Тие се организираат преку Фејсбук и Телеграм, а при пристигнувањето во главниот град на Србија, не прашуваат за цени за изнајмување на становите, така да просечната цена за изнајмување во Белград, во зависност во кој дел од градот станот се наоѓа, е зголемена за 50 отсто, така да цената на двособен стан сега изнесува од 600-800 евра или за трособен стан од 1000-1500 евра и повеќе кога станува збор за изнајмување на куќи или станови во ексклузивни зони, како што се Белград на вода, Дедиње или Сењак. Тие изнајмуваат станови на период од три месеци до една година, со што се стекнуваат со едно од правата за добивање на престој во Србија. Зголемување на цените почнува да создава проблеми, така да медиумите го цитираа русинот Јуриј Петров, кој добил понуда за изнајмување на гарсоњера од 18 квадрати, „со баба и три мачки“ за цена од 800 евра, по што изјавил дека „можеби мобилизацијата и не е најлоша работа“. Доселувањето и изнајмувањето станови е топ тема во Белград, а од вчера медиумите почнаа да пишуваат за тоа дали „Србија ќе ги депортира русите кои избегале од мобилизацијата, доколку Москва тоа го побара.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-pochetokot-na-voenata-agresija-vrz-ukraina-nekolku-iljadi-rusi-pristignale-vo-belgrad/feed/ 0