русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ со осуда на трансферот на оружје меѓу Северна Кореја и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/#respond Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=896370

Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Северна Кореја и Руската Федерација наменето за употреба во илегалната, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). - Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Северна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението. Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН на која и самата е коавтор од страна на Москва и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/feed/ 0
Русија соопшти дека ќе преземе соодветни мерки против Бугарија поради протерувањето на руски новинар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=895837

Русија денеска ја предупреди Бугарија дека ќе преземе соодветни мерки поради одлуката на властите во Софија да го протераат дописникот на „Росискаја газета“ Александар Гацак од причини поврзани со националната безбедност. „Бугарските власти упорно ни навестуваа дека сето ова треба да го оставиме надвор од информациското поле“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Ситуацијата се влошува со срамниот факт што специјализираните меѓународни структури го игнорираат таквиот третман на професионалните новинари... Ми се чини дека тоа само ги охрабрува властите во одредени земји да продолжат да ги кршат правата на новинарите и медиумите и да наметнуваат цензура“, рече Захарова на прес-конференција. Таа исто така изјави дека руското Министерство за надворешни работи го повикало дописникот на бугарското национално радио во Москва. Гацак побара засолниште во Руската амбасада во Софија, откако бил повикан од бугарското Министерство за внатрешни работи. Бугарската државна агенција за национална безбедност (ДАНС) соопшти дека новинарот вчера ја напуштил земјата. Гацак неколку години работел како дописник на „Росискаја газета“ во Софија. Во неговите публикации има и материјали кои биле критички настроени кон бугарските власти, јавија западни медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/feed/ 0
Клименко: Русија го изведе најголемиот напад во оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895454

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека Русија гранатирала повеќе од 100 населени места во изминатите 24 часа, повеќе од кој било друг ден оваа година. Руските сили истрелаа милиони гранати врз украинските градови и села долж линијата на фронтот откако ја започнаа офанзивата минатиот февруари, со што многу места во источна Украина станаа урнатини. -Во последните 24 часа непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број на градови и села кои се нападнати од почетокот на годината, напиша Клименко на социјалните мрежи. Тој извести и за руски напад врз нафтена рафинерија во Кременчук, индустриски град во централниот дел на земјата. -Немаше жртви, но беа потребни неколку часа речиси 100 пожарникари да го изгаснат пожарот, рече Клименко. Киев и Западот стравуваат дека Русија ќе ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина пред студената зима, како што направи Москва минатата година. Во текот на ноќта при гранатирање загина едно лице во североисточниот регион Харков и едно во јужниот регион Херсон, соопштија локалните власти. Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека собориле 18 од 20-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека руското Министерство за одбрана информира дека собориле две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск, кои граничат со Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/feed/ 0
Руски бизнисмен осуден во Холандија за прекршување на санкциите кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-osuden-vo-holandija-za-prekrshuvane-na-sanktsiite-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-osuden-vo-holandija-za-prekrshuvane-na-sanktsiite-kon-rusija/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=895275

Окружниот суд во холандскиот град Ротердам прогласи за виновен 56-годишен руски државјанин под обвинение за прекршување на санкциите на ЕУ кон Русија и во отсуство му изрече 18 месеци затвор и парична казна од 200.000 евра. - Обвинетиот, како де факто менаџер на компанија повеќе од седум месеци, е виновен за воспоставување и спроведување на шема за извоз на електронски уреди и производи со двојна намена на компании со седиште во Русија, што претставува прекршување на законодавството за санкции. Со ваквото однесување обвинетиот намерно и тенденциозно ги заобиколил ограничувачките мерки воведени од Европската унија, со што го поткопува меѓународното и домашното право, соопшти Окружниот суд во Ротердам. Осудениот Дмитри К., кој е жител на градот Горсел во холандската провинција Гелдерланд, беше уапсен минатата година откако неговата банка ги известила властите за „сомнителни трансакции“ на сметката на неговата компанија. Тој беше пуштен од притвор да се брани од слобода до завршување на судската постапка, по што побегна во Русија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според Јавното обвинителство, Дмитри К. во текот на минатата година во Русија испорачувал микрочипови и беспилотни летала со двојна намена, со што ги прекршил санкциите на ЕУ кон земјата воведени поради руската агресија врз Украина. Во обвинителниот акт се наведува дека компанијата во сопственост на осомничениот нарачувала производи опфатени со режимот на санкции во име на руски фирми, при што како краен корисник на нарачката често била наведена измислена украинска компанија. Тој поднесувал и лажни фактури на име на фирма од Малдивите, која се водела како официјален клиент за набавка на уредите, кои потоа биле реекспортирани во Русија. Европската Унија презема мерки за да спречи заобиколување на санкциите кон Русија, кои опфатија и ограничувања на извозот на стоки и технологија со двојна намена во трети земји кои не се членки на ЕУ. Инаку, ова не е единствен случај на прекршување на санкциите од страна на поединци или фирми од Холандија, која е една од заговорниците за остри казнени мерки кон Русија. Во септември, висок службеник во холандското Министерство за одбрана беше уапсен поради извоз на резервни делови за авиони во Русија преку трети земји, а минатиот месец неколку компании и поединци од Холандија беа казнети поради учество во изградбата на Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот Крим со територијата на Русија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-osuden-vo-holandija-za-prekrshuvane-na-sanktsiite-kon-rusija/feed/ 0
Остин: Путин ќе победи во Украина ако Вашингтон ја прекине помошта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/#respond Tue, 31 Oct 2023 21:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895098

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин стравува дека Русија ќе биде успешна во војната против Украина доколку САД не ја продолжат својата поддршка за нападнатата земја. На денешното сослушување пред Комитетот за доделување средства на американскиот Сенат во Вашингтон, Остин беше прашан за тоа колку време има Украина пред рускиот претседател Владимир Путин да победи во војната доколку нема дополнителна американска воена помош за Украина. Остин рече дека е тешко да се даде точна временска рамка. Но, рече тој, „можам да гарантирам дека без нашата поддршка Путин ќе биде успешен“. - Ако сега го извлечеме тепихот од под нив, Путин само ќе стане посилен и ќе биде успешен во тоа што сака да го прави, нагласи Остин. Остин и американскиот државен секретар Антони Блинкен беа на сослушувањето за да одговорат на прашањата за пакетот помош од околу 105 милијарди долари што американскиот претседател Џо Бајден го побара од Конгресот, кој вклучува поддршка за Израел и Украина. Некои републиканци во Претставничкиот дом на САД се противат на дополнителна помош за Украина. Двајцата министри истакнаа дека итно е потребна поддршка за двете земји, исто така затоа што двете војни ги поврзува блискиот сојуз меѓу Русија и Иран, на пример во размената на воена опрема. Има многу предности што може да се добијат од истовремените инвестиции, рекоа тие, велејќи дека тие исто така испраќаат силен сигнал до непријателите на Вашингтон. На крајот на краиштата, поддршката не се однесува на ништо друго освен на американската национална безбедност, истакнаа функционерите, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostin-putin-ke-pobedi-vo-ukraina-ako-vashington-ja-prekine-pomoshta/feed/ 0
Конфликтот на Блискиот Исток – можност Русија и Кина да ги истакнат сопствените интереси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/#respond Fri, 27 Oct 2023 07:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=893654

Откако го преземаа товарот на безусловната одбрана на Израел во неговата војна против Хамас и неговото вооружување, САД ризикуваат да ги отурнат од себе своите поддржувачи во арапскиот свет. Губење на влијание кое, според експертите, може да биде корисно за Русија и особено за Кина. Вашингтон се обиде да ја изолира Москва, а до одреден степен и Пекинг, со преземање на водството во широката меѓународна коалиција за одбрана на Украина, но конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење многу наликува на замка за американската дипломатија. Исто како и невозможниот консензус во Советот за безбедност на ОН, каде што минатата недела САД ставија вето на нацрт-резолуцијата поднесена од Бразил, критикувајќи го недостатокот на експлицитно повикување на „правото на Израел да се брани“. САД подоцна лиферуваа друга нацрт-резолуција која го потврди „правото на самоодбрана на сите држави“, не само на Израел. Повеќе од 1.400 лица се убиени во Израел од нападот на Хамас на 7 октомври, а локалните власти објавија за киднапирање на околу 220 заложници - Израелци, странци и лица со двојно државјанство. Организацијата „Хамас“, која ја контролира Газа, вчера објави нови податоци за бројот на жртви - 5.791, меѓу кои 2.360 деца - од почетокот на израелското постојано бомбардирање на Појасот Газа во рамките на одмаздничките напади (по нападот во октомври 7 ). „Непоколеблива“ поддршка Во коментарите кои најверојатно се насочени кон арапскиот свет, Русија ги обвини САД дека го влошуваат конфликтот со зголемување на своето воено присуство на Блискиот Исток, а Кина го осуди американското вето. Американските власти го отфрлија кинескиот и рускиот прекор, сомневајќи се дека Москва и Пекинг ќе се вклучат во истата интензивна дипломатија како државниот секретар Ентони Блинкен, кој направи молскавична турнеја низ 11 земји во регионот. Меѓутоа, САД историски отсекогаш биле релативно изолирани во својата поддршка за Израел, иако засега нивните европски сојузници генерално му се придружуваат на американскиот претседател Џо Бајден во неговата „непоколеблива“ поддршка за израелскиот сојузник. На почетокот на својот мандат, Џо Бајден ја игнорираше сложената ситуација на Блискиот Исток, гледајќи ја Кина како најголем долгорочен предизвик за САД. -Тоа не е регион каде што САД сакаа да имаат силен белег и да бидат активно вклучени. Во исто време, овој претседател особено е длабоко ангажиран со Израел, рече Лесли Вињамури од лондонската тинк-тенк „Чатам Хаус“ (Chatham House). Кина „е подготвена да види дека вниманието на САД се оттргнува од нејзината основна стратешка грижа“, се вели во извештајот. „Поени за заработка“ -Никој не очекува Русија да постигне резултати, без разлика дали тоа е прекин на огнот или учество во преговори за заложниците, вели Јуџин Румер, кој ја предводи програмата за Русија во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Од 2022 година, сè се вртеше околу Украина, па кога се случи оваа трагедија, тоа беше подарок за (рускиот претседател Владимир) Путин, бидејќи наеднаш фокусот се смени“, додаде тој. Џо Бајден ја поврза Русија на Владимир Путин со палестинското исламистичко движење, велејќи во говорот минатата недела дека двете страни се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“. Русија ги осуди овие изјави. Во Советот за безбедност на ОН, рускиот претставник Василиј Небензја ги обвини САД дека не реагираат на меѓународните повици за прекин на огнот. Во меѓувреме, Кина и САД се обидуваат дипломатски да ја капитализираат кризата, а темата се очекува да биде во центарот на разговорите меѓу Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на САД на крајот на неделата. САД особено ја повикаа Кина да го искористи своето влијание врз Иран, сојузникот на Хамас. Пекинг, кој експлицитно не го осуди нападот на Хамас, испрати пратеник во регионот кој ја потврди историската поддршка на Кина за палестинската кауза. Според Џонатан Фултон од аналитичкиот центар Атлантскиот совет, Пекинг го гледа конфликтот како „можност да се освојат поени против САД“, најверојатно надевајќи се дека ќе ја добие поддршката од арапскиот свет додека Кина се соочува со обвинувања за геноцид врз муслиманите Ујгури. Тој, сепак, верува дека главниот интерес на Пекинг за Блискиот Исток останува економски, бидејќи втората по големина економија во светот во голема мера зависи од увозот на нафта. -Очигледно е подобро Кина да ги има САД заглавени на Блискиот Исток и Персискиот Залив, објаснува Фултон.(Франс прес/миа) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/feed/ 0
Бела куќа: Русија „егзекутира војници“ кои одбиваат наредби во новите напади врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/#respond Thu, 26 Oct 2023 19:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893548

Русија егзекутира војници кои не ги следат наредбите во нејзината крвава нова офанзива во источна Украина, додека претрпува „значителни“ загуби, нагласи Белата куќа. „Имаме информации дека руската војска всушност егзекутирала војници кои одбиваат да ги следат наредбите“, изјави на брифинг портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби. „Имаме информации дека руските команданти се закануваат со егзекуција на цели единици доколку се обидат да се повлечат од украинскиот артилериски оган“, додаде тој. „Тоа е за осуда“. Кирби не даде повеќе детали на прашањето за наводните егзекуции или како САД дошле до информациите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/feed/ 0
НАТО ја повика Русија да се повлече од Молдавија, Кишињев е подготвен да учествува во вежби на Алијансата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-ja-povika-rusija-da-se-povleche-od-moldavija-kishinev-e-podgotven-da-uchestvuva-vo-vezhbi-na-alijansata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-ja-povika-rusija-da-se-povleche-od-moldavija-kishinev-e-podgotven-da-uchestvuva-vo-vezhbi-na-alijansata/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=893240

НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија, ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од територијата на земјата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на средбата со молдавскиот премиер Дорин Речан, во седиштето на Алијансата во Брисел. -Москва продолжува да врши притисок врз Молдавија, вклучително и со енергетска уцена и ширење на дезинформации, настојувајќи да го дестабилизира општеството и да ја поткопа демократијата во оваа земја, кажа Столтенберг. Тој посочи дека Молдавија одлучно одговорила на војната во Украина, осудувајќи го рускиот напад и ја подобрува сопствената безбедност. Молдавија може да смета на нашата поддршка, додаде генералниот секретар. Според него, Алијансата ги поддржува подобрувањето на кибер одбраната и стратешките комуникации на Молдавија и изрази очекување дека тоа ќе и помогне на земјата на патот кон ЕУ. Премиерот Речан посочи дека Молдавија би сакала да учествува не само во мисиите, туку и во вежбите на НАТО. -Рускиот напад врз Украина не поттикна да преземеме дополнителни чекори за нашата безбедност и за зајакнување на општеството, институциите и нашата одбрана, додаде молдавскиот премиер.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-ja-povika-rusija-da-se-povleche-od-moldavija-kishinev-e-podgotven-da-uchestvuva-vo-vezhbi-na-alijansata/feed/ 0
ГШ на украинските вооружени сили: Русите жестоко напаѓаат на сите делови на фронтот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskite-vooruzheni-sili-rusite-zhestoko-napagaat-na-site-delovi-na-frontot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskite-vooruzheni-sili-rusite-zhestoko-napagaat-na-site-delovi-na-frontot/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=893237

Руските сили напаѓаат речиси на сите делови од фронтот, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина. Како што се наведува во соопштението, најжестоките борби во изминатите 24 часа се воделе во правец на Маринка, каде украинските војници одбиле повеќе од 20 напади. Украинските сили ги одбија руските напади во правец на Купјанск и продолжуваат со офанзивните операции јужно од Бахмут, јави агенцијата Униан. Руските трупи не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници цврсто ја држат својата одбрана, се вели во соопштението. Се додава дека руските напади биле одбиени и во правец на Запорожје, а украинските одбранбени сили продолжуваат со офанзивната операција во правец на Мелитопол. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskite-vooruzheni-sili-rusite-zhestoko-napagaat-na-site-delovi-na-frontot/feed/ 0
Русија уништила три украински дрона над Црно Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892397

Руската војска неутрализирала три украински дрона над Црното Море за кои се верува дека за цел го имале заливот Севастопол, на Крим. „Ноќеска, околу 4 часот по локално време, откриени се три беспилотни летала на украинската армија во северниот дел на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Како што се додава во соопштението, во зоната за откривање на беспилотните летала бил извршен напад со антидиверзантски ракетни системи. Во заливот Севастопол, каде што е матичното пристаниште на руската Црноморска флота, во тек се антидиверзантски мерки.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-unishtila-tri-ukrainski-drona-nad-tsrno-more/feed/ 0