русино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Sep 2021 13:30:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png русино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таравари: Не би сакал да верувам дека пожарот во Русино е дело на некој партиски пироман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-bi-sakal-da-veruvam-deka-pozarot-vo-rusino-e-delo-na-nekoj-partiski-piroman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-bi-sakal-da-veruvam-deka-pozarot-vo-rusino-e-delo-na-nekoj-partiski-piroman/#respond Thu, 02 Sep 2021 13:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=558414

Политичките опоненти од ДУИ и Алијанса за Албанците си ја префрлаат одговорноста за појавата на пожар на депонијата Русино. На новинарски прашања дека изминативе два дена има непријатна миризба и чад кој доаѓа од јужниот дел на општина. Двете страни изразија сомнеж дека причините се политички мотивирани. Градоначалникот Арбен Таравари запрашан за актуелната состојба во регионалната депонија изрази сомнеж дека тоа е дело на човечка рака. Тој бил информиран дека по дојавата на граѓани, пожарникарите утрово интервенирале на депонијата Русино и спречиле поголеми последици. – Не би сакал да верувам дека ова е дело на некој партиски пироман и на ваков начин да го загрозува здравјето на своите сограѓани. Сомнително е што таму беше мирно и во најголемите жештини и немаше ниту самозапалување. А сега на еден месец пред кампања на ваков начин се актуализира овој проблем. Доколку на камерите кои се поставени се појави лице кое тоа го прави, ние ќе го пријавиме до надлежните, рече Таравари. На прашање до министрите за екологија и економија Насер Нуредини и Крешник Бектеши кои денес промовира инвестиција во Гостивар, за коментар околу искажаните сомнежи на првиот човек на општина Гостивар. Двајцата, за состојбата во депонијата Русино одговорноста ја посочија кон локалната власт. – Воопшто не во ред тоа што се случува таму и подметнувањето на пожар е за секаква осуда. Обврските и управувањето со депонијата Русино се на локалната власт. Ние помагаме и имаме проект вреден над 18 милиони евра и наскоро ќе почне неговата реализација. Сега одговорноста за управување со депонијата е на локалната самоуправа, рече Нуредини. Министерот за економија Крешник Бектеши дополни дека не ги знае мотивите, но потенцира дека изјавата на Таравари е дефокусирање на јавноста од проектите кои државата ги реализира во гостиварскиот регион. Од локалниот огранокот на ДУИ јавно поставија прашање, дали компанијата задолжена за обезбедување ја исполнува обврската за која плаќа со пари од касата на општината. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-bi-sakal-da-veruvam-deka-pozarot-vo-rusino-e-delo-na-nekoj-partiski-piroman/feed/ 0
Блокадата на депонијата Русино ќе трае уште десет денови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/blokadata-na-deponijata-rusino-kje-trae-ushte-deset-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/blokadata-na-deponijata-rusino-kje-trae-ushte-deset-denovi/#respond Wed, 02 Sep 2020 13:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=398326

Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет денови. Комуналниот смет од гостиварската општина повторно ќе продолжи да се носи на депонијата откако повеќе од барањата на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ беа исполнети. Отпадот од останатите општини на депонијата не се носи од почетокот на август. Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека во меѓувреме се остварени повеќе средби и е разговарано за состојбата. Одлуката на еко активистите е да има блокада уште десет денови. – Остануваме на нашето основно барање затворање на ѓубриштето Русино. Очекуваме во меѓувреме и одговор од останатите општини до кои се испратени нашите барања и институциите да дадат можни решенија за проблемот. Останатите барања упатени до општина Гостивар се исполнети и очекуваме деновиве да постигнеме договор за постојано дежурство од чуварска служба, вели Анастасија Дукоска од иницијатвата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Таа посочи дека решението за Русино е комплексно и бара поголем ангажман на државата. Нагласи дека нема да отстапат доколку не добијат цврсти гаранции за нова локација за депонија. По еднонеделната блокада на почетокот од август, локалната власт постигна привремен договор за пропуштање на камиони со отпад за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби. Во меѓувреме сите барања кои еко активистите ги упатија до општина Гостивар се остварени. Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат и наредниве денови и со список од ЈП Комуналец ќе го контролираат носењето на отпадот. Рампата на локалниот пат кон Русино е спуштена од 2 август и отогаш не се пропуштаат камиони со отпад од други општини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/blokadata-na-deponijata-rusino-kje-trae-ushte-deset-denovi/feed/ 0
ГОСТИВАР ПОВТОРНО ВО ЧАД: Гори депонијата во Русино, надлежните повторно останаа слепи и глуви (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-povtorno-vo-chad-gori-deponijata-vo-rusino-nadleznite-povtorno-ostanaa-slepi-i-gluvi-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-povtorno-vo-chad-gori-deponijata-vo-rusino-nadleznite-povtorno-ostanaa-slepi-i-gluvi-video/#respond Fri, 24 Jul 2020 12:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=380848

Гостивар утрово се разбуди обвиткан во чад и непријатна миризба нецели 12 часа откако се одржаа протести за загадувањето кое го предизвикува депонирањето отпад во месноста Русино. Причина е новиот пожар на регионалната депонија. Еко активисти кои ја следат состојбата, утрово алармираа преку социјалните мрежи со видео материјали направени околу пет часот. Огнот се разгорел, а ветерот го насочил чадот кон градот и селата Симница и Церово. Додека граѓаните на социјалните мрежи револтирано коментираат, мерните станици регистрираа неколкуратно зголемена загаденост на воздухот над дозволените вредности. Дел од активистите и членовите на иницијативата „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ оваа постапка ја доживуваат како порака од несовесните и сметаат дека палењето на депонијата е одмазда за протестот кој се организраше синоќа. Граѓанската инцијатива доби поддршка од неколку стотини гостиварци кои со учество во дефилето со автомобили го истканаа проблемот со Русино. Од пред година и пол поради проблемите со депонијата и преку странски фондации беше најдено решение да се формира заедничко претпријатие на девет општини. Депонирањето и собирањето на комуналниот смет влезе во проект што го финсира швајцарската агенција за развој. Од Полошкиот плански регион потврдија дека се доцни со постапката на формирање на претпријатието кое ќе управува со отпадот. Градоначалникот Арбен Таравари му даде поддршка на протестот, но кажа дека барањето на протестирачите со кое депонијата ќе се затвори во скоро време не е можно. Тој повика на дебата за да се дефинираат наредните чекори. Загрижувачка е состојбата. Секоја недела има пожар, загадување на воздухот, непријатна миризба. Повеќе од две години ние немаме никакви ингеренции врз депонијата. Дислокацијата ќе биде голем проблем, а во моментов се спроведува проект за управување со отпад и уредување на депонијата, изјави Таравари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-povtorno-vo-chad-gori-deponijata-vo-rusino-nadleznite-povtorno-ostanaa-slepi-i-gluvi-video/feed/ 0
Пожар на депонијата Русино, гаснењето отежнато https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-na-deponijata-rusino-gasnenjeto-oteznato/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-na-deponijata-rusino-gasnenjeto-oteznato/#respond Sat, 10 Aug 2019 08:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=228297

Пожар на отворено избувнал утрово на регионалната депонија Русино. Огнот зафатил отпад и други запалливи материи и од местото се шири чад и миризба што се чувствува во градот и околните населби. Од јавното комунално претпријатие “Комуналец”, кое управува со депонијата потврдија дека има оган на дел што е на непристапен терен. Тоа го пријавиле во територијалната противпожарна единица. Гаснењето е отежнато, бидејќи како што ги информирале, патот по кој треба да дојдат камионите во моментов се реконструира и се поставува асфалт. Според најавите гаснењето на огнот на депонијата, најверојатно ќе започне попладнево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-na-deponijata-rusino-gasnenjeto-oteznato/feed/ 0