руска агресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Apr 2022 11:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска агресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кулеба: Оние кои не ја поддржуваат Украина со оружје, де факто ја поддржуваат руската агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-onie-koi-ne-ja-poddrzuvaat-ukraina-so-oruzje-de-fakto-ja-poddrzuvaat-ruskata-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-onie-koi-ne-ja-poddrzuvaat-ukraina-so-oruzje-de-fakto-ja-poddrzuvaat-ruskata-agresija/#respond Wed, 20 Apr 2022 11:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=665910

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба во бугарското народно собрание изјави дека оние кои денеска не и помагаат на неговата земја, тие и помагаат на Русија, јави дописникот на МИА од Софија. Кулеба коментира дека е задоволен од средбите со министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, со премиерот Петков и со претседателот Радев. Пред бугарскиот претседател, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика да се прекине со флоскулата за војна меѓу двата братски словенски народи и рече дека ако Киев е пријател со Москва, тогаш тие се како Каин и Авел. Според Кулеба, Бугарија направила многу за евроинтеграциите и за бегалците од Украина. Што се однесува до воено-техничката помош што Бугарија може да и ја испрати на Украина – рече дека ја разбира внатрешно-политичката ситуација во земјата и додаде дека оваа одлука ја остава на бугарската влада. Оние кои се двоумат и зборуваат против помагањето на Украина со оружје против Русија – тие според него, ја поддржува де факто руската агресија и убивањето на нејзините граѓани. Тој говореше на седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, на која присуствуваа и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и амбасадорот на Украина во Софија, Виталиј Москаленко, поранешен амбасадор во Република Северна Македонија. Претседателката на надворешната комисија, Венцислава Љубенова од „Промената продолжува“ рече дека се што се случува во Украина сериозно и постојано се следи во бугарскиот парламент, бугарската држава, а особено бугарското општество. Дмитриј Кулеба беше примен и од претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-onie-koi-ne-ja-poddrzuvaat-ukraina-so-oruzje-de-fakto-ja-poddrzuvaat-ruskata-agresija/feed/ 0
„Луј Витон“ ја претстави новата колекција на накит па предизвика гнев поради симболот кој означуа само едно – агресијата на Русија врз Украина (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=655478

Модниот гигант „Луј Витон“ претстави нова колекција накит, па предизвика гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној на агресијата на Русија врз Украина – буквата „Z“. Француската модна куќа на Инстаграм ја претстави унисекс-колекцијата „LV Volt“, со познати личности како лица на брендот. Меѓу нив се раперот Кид Куди, глумицата Џин Чен и Алиша Викандер. Иако се решија, како и обично, со стилизирано преплетување на буквите „L“ и „V“, тие сега постигнаа спротивен ефект бидејќи тоа многумина ги асоцира на „рускиот воен симбол“, па луто одговорија во коментарите потоа. За некои, тоа е дури и „срамен“ потег. - Модата не може да произлезе од војна! Буквата ’Z‘ е симбол на руската агресија против Украина“, „Дали сте сериозни!?“, „Веќе гледам дека ова ќе биде еден од најлошите маркетиншки неуспеси ширум светот, гласат дел од коментарите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/feed/ 0
Зеленски пред италијанските пратеници: Руската агресија во Украина може да донесе глад во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pred-italijanskite-pratenici-ruskata-agresija-vo-ukraina-moze-da-donese-glad-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pred-italijanskite-pratenici-ruskata-agresija-vo-ukraina-moze-da-donese-glad-vo-svetot/#respond Tue, 22 Mar 2022 14:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=651422

Нападот на Русија врз Украина може да предизвика глад во други земји во светот, предупреди денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето пред италијанскиот Парламент, повикувајќи на поголема помош во борбата против агресорите. Обраќајќи им се на италијанските пратеници преку видео врска, Зеленски рече дека неговиот народ се бори за опстанок додека руската армија ги уништува украинските градови и убива цивили. – За руските војници Украина е вратата кон Европа која сакаат да ја пробијат, но не смее да се дозволи варварите да го направат тоа, рече тој, додавајќи дека ефектите од војната веќе се чувствуваат во многу делови од светот. – Најлошото е што на некои земји им се приближува гладот. Украина отсекогаш била еден од најголемите извозници на храна, но како можеме да посееме род под руски артилериски напади?, праша украинскиот претседател. Земјите како Либан, Египет, Јемен и други во последните години зависат од украинската пченица, а војната предизвика голем пораст на цените на пченицата, за дури 50 проценти во последниот месец. Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека Украина пружила „херојски“ отпор на руската инвазија и вети дека ќе продолжи да им помага на бегалците и да испраќа воена помош. – Ароганцијата на руската влада се соочи со достоинството на украинскиот народ, кој успеа да ги потисне експанзионистичките цели на Москва и да и нанесе огромна цена на окупаторската војска, рече Драги. Украина долго време сака да влезе во ЕУ и неодамна аплицираше за членство. Драги рече дека тоа е долг процес бидејќи треба да се спроведат многу реформи. – Сакам да му кажам на претседателот Зеленски дека Италија е на украинската страна во овој процес. Италија ја сака Украина во Европската унија, потенцираше тој. ссм/ – Украинскиот народ ве поддржа за време на пандемијата. Ви испративме лекари, а Италијанците ни помогнаа за време на поплавата (во 2020 година), рече Зеленски во видео-обраќањето во италијанскиот Парламент. – Ние сме благодарни, но инвазијата трае веќе 27 дена, речиси еден месец, и ни требаат повеќе санкции, поголем притисок, инсистира Зеленски. Зеленски рече дека руските агресори се виновни за злосторства во неговата земја, како оние што ги извршиле нацистите. – Во Киев мачат, силуваат, киднапираат деца, уништуваат и ни го одземаат имотот, рече Зеленски. Последен пат во Европа тоа беше направено од нацистите. Руската армија дури го минираше морето во близина на нашите пристаништа, потенцира Зеленски. Зеленски беше пречекан со овации од италијанските пратеници и сенатори и на почетокот и на крајот од неговото 12-минутно обраќање]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-pred-italijanskite-pratenici-ruskata-agresija-vo-ukraina-moze-da-donese-glad-vo-svetot/feed/ 0
САД, Велика Британија, Германија, Франција, Канада и европски држави: Евентуалната руска воена агресија против Украина би имала „огромни последици“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-velika-britanija-germanija-francija-kanada-i-evropski-drzavi-eventualnata-ruska-voena-agresija-protiv-ukraina-bi-imala-ogromni-posledici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-velika-britanija-germanija-francija-kanada-i-evropski-drzavi-eventualnata-ruska-voena-agresija-protiv-ukraina-bi-imala-ogromni-posledici/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=611921

Евентуалната руска воена агресија против Украина би имала „огромни последици“ и би предизвикала „сериозен одговор“, се вели во заедничката изјава на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Канада, Украина, Полска и неколку други европски држави. Соопштението е објавено откако на барање на Русија се одржа неофицијален состанок во Советот за безбедност, според таканаречената формула Арија, на која не е задолжително присуството на сите членки. Земјите потписнички на документот оценија дека времето на одржување на таа средба е особено загрижувачко, бидејќи доаѓа во време кога „Русија го засилува своето воено присуство на Крим и на границите на Украина“. Во соопштението се истакнува дека Повелбата на ОН забранува закани или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава. Потписниците на документот ја повикуваат Русија да ја прекине „непријателската кампања за дезинформации против Украина“, да ги намали тензиите во и околу Украина и без одлагање да ги повлече воените сили и опремата што, како што се вели, ги распоредила во таа земја без одобрение на Киев. „Постапките на Русија се прашање на глобална загриженост и го прекршуваат меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН“, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-velika-britanija-germanija-francija-kanada-i-evropski-drzavi-eventualnata-ruska-voena-agresija-protiv-ukraina-bi-imala-ogromni-posledici/feed/ 0