руска централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 18:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската централна банка ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра до март следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-centralna-banka-gi-prodolzi-ogranichuvanjata-za-povlekuvanje-dolari-i-evra-do-mart-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-centralna-banka-gi-prodolzi-ogranichuvanjata-za-povlekuvanje-dolari-i-evra-do-mart-slednata-godina/#respond Mon, 01 Aug 2022 18:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=712817

Централната банка на Русија денеска ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, јави Радио Слободна Европа. Како што пренесе Бета, Централната банка објави дека ограничувањата, воведени откако западните земји воведоа санкции против Русија на почетокот на март поради нападот врз Украина, ќе останат во сила до 9 март следната година. Според ограничувањата, клиентите на банките во Русија не можат да подигнат повеќе од 10.000 долари (9.734 евра). Износите над тоа може да се повлечат само во рубљи, по стапка што ја одредува централната банка. Исто така, можно е да се подигнат само пари депонирани на банкарски сметки пред 9 март 2022 година, а банките можат да продаваат само долари и евра што ги набавиле пред тој датум. На странските компании и нерезиденти во Русија им е забрането да повлекуваат евра и долари. Овие мерки беа воведени за поддршка на руската валута во услови на санкции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-centralna-banka-gi-prodolzi-ogranichuvanjata-za-povlekuvanje-dolari-i-evra-do-mart-slednata-godina/feed/ 0
Франција замрзна 22 милијарди евра на руската централна банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-22-milijardi-evra-na-ruskata-centralna-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-22-milijardi-evra-na-ruskata-centralna-banka/#respond Sun, 20 Mar 2022 13:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=650208

Француските власти ги замрзнаа средствата на Банката на Русија во износ од 22 милијарди евра, како и сметките и имотот на поединци кои се под санкции од западните земји, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. -Замрзнавме средства на руската централна банка во износ од 22 милијарди евра. Ги замрзнавме и средствата на сметките на физички лица во француските компании во износ од 150 милиони евра, изјави министерот Ле Мер за радио „РТЛ“, пренесе агенцијата ТАСС. Тој додаде дека на француска територија се замрзнати средства во вкупна вредност од „половина милијарда евра“ во сопственост на околу 30 Руси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-22-milijardi-evra-na-ruskata-centralna-banka/feed/ 0