руска новинарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 08:05:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска новинарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската новинарка, претепана во Грозни, префрлена во болница во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-pretepana-vo-grozni-prefrlena-vo-bolnitsa-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-pretepana-vo-grozni-prefrlena-vo-bolnitsa-vo-moskva/#respond Wed, 05 Jul 2023 08:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=852859

Руската новинарка Елена Милашина и адвокатот кои беа претепани во јужна Чеченија се префрлени во болница во Москва, изјави денеска поранешниот директор на затвореното московско радио. Руската новинарка која работи за независниот весник „Нова газета“ била нападната набргу откако вчера со својот адвокат Александар Немов пристигнала во главниот град на Чеченија, Грозни од локалниот аеродром. Милашина и Немов биле претепани со пиштол, а напаѓачите ја избричиле главата на новинарката и ја обоиле во зелена боја. -Тие се префрлени во локална болница, каде било утврдено дека на Милаша и се скршени прстите и дека повремено губи свест, соопшти вчера организацијата за човекови права „Меморијал“. Поранешниот директор на згаснатата радио станица „Ехо на Москва“ Алексеј Венедиктов, денеска на Телеграм напиша дека двајцата се префрлени во болница во Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-pretepana-vo-grozni-prefrlena-vo-bolnitsa-vo-moskva/feed/ 0
Руска новинарка и адвокат нападнати во Чеченија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-novinarka-i-advokat-napadnati-vo-chechenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-novinarka-i-advokat-napadnati-vo-chechenija/#respond Tue, 04 Jul 2023 13:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=852558

Руска новинарка и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија. Јелена Милашина, новинарка од Новаја Газета и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни. „Новаја газета“ минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија. Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и скршиле неколку прсти и ја полеале со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал. „Брутално ги удирале со клоци, вклучително и по лицето, им се заканувале со смрт, им држеле пиштол на глава, им ја одзеле опремата и ја искршиле“, објави Меморијал на Телеграм. Групата за човекови права Team Against Torture соопшти дека Немов бил прободен со нож во ногата и дека мотивот за нападот е „казна“ за нивното известување. Руските медиуми јавуваат дека претседателот Владимир Путин е запознаен со ситуацијата, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е потребен „енергичен“ одговор на нападот. „Постои потреба од проверка и истрага за позадината на овој напад“, рече Песков. Со соопштение за поддршка на новинарката и адвокатот излезе и Министерството за дигитална трансформација. „Новинарот додека ја врши својата работа не смее да биде изложен на малтретирање и тортура. Очекуваме дека овој случај ќе биде детално истражен и сторителите ќе бидат казнети“, се наведува во соопштението.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-novinarka-i-advokat-napadnati-vo-chechenija/feed/ 0
Руската новинарка Овсјаникова обвинета за ширење лажни информации за армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=716637

Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка против поранешната уредничка на Канал еден (Channel One), Марина Овсјаникова, под обвинение за ширење лажни информации за руската армија, изјави нејзиниот адвокат Дмитри Захватов за руски медиуми. Како што тој додаде, претресен е нејзиниот стан. Во средината на март, Овсјаникова „влета“ во ТВ студио за време на програма во живо, држејќи транспарент како протест против тоа што Русија го нарекува „специјална воена операција во Украина“. За инцидентот беше покрената предистражна постапка, но, разултатите сè уште се непознати. Московскиот окружен суд Останкински ја прогласи Овсјаникова за виновна поради организирање или одржување јавен настан без да се достави известување. Таа беше осудена на парична казна од 30.000 рубљи или 496 долари. Според податоците, Овсјаникова беше казнета поради нејзиното претходно видео повикување на неовластени протести, но, не и за телевизискиот инцидент, пишуваат руски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/feed/ 0