руска православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/#respond Sat, 04 Nov 2023 13:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=896420

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква. Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на претседателот Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“. Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“. Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“. Го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“. „Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/feed/ 0
Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-mpc-oa-kako-avtokefalna-sestrinska-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-mpc-oa-kako-avtokefalna-sestrinska-crkva/#respond Thu, 25 Aug 2022 18:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=724064

Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква. – На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква. Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-mpc-oa-kako-avtokefalna-sestrinska-crkva/feed/ 0
Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонско единство со МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-pozdravi-odlukata-na-spc-za-kanonsko-edinstvo-so-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-pozdravi-odlukata-na-spc-za-kanonsko-edinstvo-so-mpc-oa/#respond Mon, 16 May 2022 16:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=677483

Руската православна црква (РПЦ) ја поздравува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да го обнови канонското единство со Македонската православна црква – Охридска архепископија, јави дописникот на МИА од Белград. – Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов, нагласувајќи дека тоа претставува „надминување на половина век стариот црковен раскол“. Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година. Во соопштенеито се наведува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок. По одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук минатата недела изјави дека РПЦ „ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Северна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-pozdravi-odlukata-na-spc-za-kanonsko-edinstvo-so-mpc-oa/feed/ 0
РЕАКЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА МПЦ: Руската црква ги признава ексклузивните канонски права на СПЦ во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-za-priznavanjeto-na-mpc-ruskata-crkva-gi-priznava-ekskluzivnite-kanonski-prava-na-spc-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-za-priznavanjeto-na-mpc-ruskata-crkva-gi-priznava-ekskluzivnite-kanonski-prava-na-spc-vo-makedonija/#respond Mon, 09 May 2022 19:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=674239

Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во  Македонија. -Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук. Од Вселенската патријаршија, по денешното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа. Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-za-priznavanjeto-na-mpc-ruskata-crkva-gi-priznava-ekskluzivnite-kanonski-prava-na-spc-vo-makedonija/feed/ 0
ЕУ предлага санкции за поглаварот на Руската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-predlaga-sankcii-za-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-predlaga-sankcii-za-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-crkva/#respond Wed, 04 May 2022 06:59:06 +0000 https://kurir.mk/?p=671451

Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, кои исто така вклучуваат етапна забрана за увоз на нафта, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми. Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-predlaga-sankcii-za-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-crkva/feed/ 0
Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskata-pravoslavna-crkva-osmisli-molitva-za-lugje-opsednati-so-kompjuteri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskata-pravoslavna-crkva-osmisli-molitva-za-lugje-opsednati-so-kompjuteri/#respond Tue, 18 Jan 2022 09:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=620679

Руската православна црква (РПЦ) осмисли 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“. Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до Синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви. Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија. И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskata-pravoslavna-crkva-osmisli-molitva-za-lugje-opsednati-so-kompjuteri/feed/ 0
Според руската православна црква оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот се грешници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-ruskata-pravoslavna-crkva-onie-koi-odbivaat-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-se-greshnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-ruskata-pravoslavna-crkva-onie-koi-odbivaat-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-se-greshnici/#respond Mon, 05 Jul 2021 18:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=532398

Руската православна црква ги нарече грешници сите лица кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека се осудени на барање опрост до крајот на животот. Со податоците за повеќе од 24.000 нови случаи на коронавирус за 24 часа, од кои речиси 6.600 во Москва, руската црквата ги повика верниците да се вакцинираат. Од почетокот на пандемијата во Русија се заразија повеќе од 5,6 милиони лица, додека вирусот, според официјалните податоци, однесе речиси 139. 000 животи. Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев. -Секој ден гледаме луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, што, несвесно, предизвикале нечија смрт. Грев е да се мисли само на себе, а не на другите, рече Иларион. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-ruskata-pravoslavna-crkva-onie-koi-odbivaat-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-se-greshnici/feed/ 0
Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-pravoslavna-crkva-zali-poradi-odlukata-na-turskiot-sud-za-sveta-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-pravoslavna-crkva-zali-poradi-odlukata-na-turskiot-sud-za-sveta-sofija/#respond Fri, 10 Jul 2020 15:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=373529

Руската православна црква денеска изрази жалење поради одлуката на турскиот Државен совет (висок административен суд) за поништување на одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј. Руската православна црква истакна дека таквата одлука може да доведе до уште поголеми поделби Со одлуката се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија. Според неофицијални извори првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, дента кога во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар во Турција. Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк. Света Софија во 1985 година е прогласена за споменик на Светското културно наследство на УНЕСКО. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-pravoslavna-crkva-zali-poradi-odlukata-na-turskiot-sud-za-sveta-sofija/feed/ 0