руска рубља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 13:51:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска рубља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската рубља падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rubla-padna-na-najnisko-nivo-vo-odnos-na-evroto-od-mart-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rubla-padna-na-najnisko-nivo-vo-odnos-na-evroto-od-mart-2022-godina/#respond Wed, 09 Aug 2023 13:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865099

Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година. Според податоците на Московската берза, денеска, за прв пат од 25 март минатата година, еврото во еден момент вредеше повеќе од 107 рубљи, пренесува „Комерсант“. Во 9 часот и 38 минути вредноста на еврото се зголеми за 0,37 отсто на 106,8 рубљи, како и доларот – за 0,14 отсто на 97,2 рубљи, а кинескиот јуан за 0,34 отсто на 13,4 рубљи. Пред два дена американскиот долар се искачи над 97 рубљи за прв пат од март минатата година. Економските експерти тогаш посочија дека оваа динамика е последица на недоволната понуда на девизи во Русија во услови на намален извоз, како и сезонската висока побарувачка за странски валути. Нема многу фактори кои би можеле да го сменат овој тренд, а растот на цената на нафтата може да влијае само на рускиот девизен пазар наесен, се вели во анализата. Како што нагласи главниот аналитичар на Промсвјазбанката, Денис Попов, падот на надворешно-трговскиот суфицит на Русија - стабилен пад на извозот, со високиот увоз - е основниот фактор за слабеење на рубљата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-rubla-padna-na-najnisko-nivo-vo-odnos-na-evroto-od-mart-2022-godina/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас на потребниот начин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-gledam-deka-ima-nekoja-prechka-za-plakjanje-na-ruskiot-gas-na-potrebniot-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-gledam-deka-ima-nekoja-prechka-za-plakjanje-na-ruskiot-gas-na-potrebniot-nachin/#respond Thu, 28 Apr 2022 12:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=669193

– Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска. – Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи. Гувернерката посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот. – Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување, порача Ангеловска–Бежоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-gledam-deka-ima-nekoja-prechka-za-plakjanje-na-ruskiot-gas-na-potrebniot-nachin/feed/ 0
Русите панично вадат пари од банкомати, руската рубља драстично падна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-panichno-vadat-pari-od-bankomati-ruskata-rublja-drastichno-padna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-panichno-vadat-pari-od-bankomati-ruskata-rublja-drastichno-padna/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=637968

Откако дел од руските банки се исфрлени од СВИФТ системот, поради строгите економски санкции воведени од Западот, Русите панично почнаа да ги вадат заштедените пари. Вредноста на руската рубља денес драматично падна. Рускиот весник „Новаја газета“ објави видео на Руси во Москва како чекаат во редици за да подигнат пари од банкоматите. Соединетите Американски Држави, Европската Унија и сојузниците постигнаа договор да го укинат пристапот на одреден број руски банки до меѓународниот платежен систем СВИФТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-panichno-vadat-pari-od-bankomati-ruskata-rublja-drastichno-padna/feed/ 0