руска вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Apr 2021 07:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финска ќе ја набавува руската вакцина „Спутник V“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-kje-ja-nabavuva-ruskata-vakcina-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-kje-ja-nabavuva-ruskata-vakcina-sputnik-v/#respond Fri, 16 Apr 2021 07:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=497983

Финската министерка за здравство Криста Киури изјави дека скандинавската земја започнува преговори со Русија за набавка на нејзината вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, која сè уште не е одобрена за употреба во Европската унија. -Ќе се свртиме кон Русија за да преговараме. Ова е во согласност со заедничката шема за набавки на Европската унија, бидејќи Унијата сè уште нема договори со производителот. Не можам да кажам како ќе се одвива, но работата е започната во Министерството за надворешни работи, рече министерката Киуру пред Парламентот. Две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, веќе го одобрија лекот за итна употреба. Германија се подготвува да започне билатерални разговори со Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-kje-ja-nabavuva-ruskata-vakcina-sputnik-v/feed/ 0
ФОТО: Пристигна и втората пратка од 3.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristigna-i-vtorata-pratka-od-3-000-dozi-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristigna-i-vtorata-pratka-od-3-000-dozi-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/#respond Sun, 28 Mar 2021 13:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=488877

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина „Спутник V“, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници. Инаку, изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristigna-i-vtorata-pratka-od-3-000-dozi-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/feed/ 0
Денеска во Македонија пристигнува првата пратка на руската вакцина „Спутник V“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/#respond Sun, 07 Mar 2021 08:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=478361

Во земјава денеска со специјален транспорт преку компанијата „ДХЛ“ треба да стигне првата пратка вакцини против КОВИД-19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител „Спутник В“. Вакцините ќе ги пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин на меѓународниот аеродром во Скопје. Вакцините, кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите. -Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје, изјави министерот Филипче. Од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава. Вакцинацијата веројатно ќе почне в среда, најави министерот Филипче. Во земјава бројот на пациенти заразени со КОВИД-19 и натаму е во пораст. Во изминатото деноноќие се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи со КОВИД-19. Зголемен број на пациенти има во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Битола…Оздравени се 186 лица, од кои 50 се во Скопје. Починати се девет лица, сите во болнички услови. Досега во државата се направени вкупно 540.725 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186. Од Министерството за здравство информираат дека има слободни болнички кревети, а сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД-19, велат дека ја следат состојбата и засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но не ја исклучуваат можноста и на почеток на следната недела ќе го кажат ставот. мд/сст/ 2021-03-07 08:02:36, од Магдалена Ристоманов ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/feed/ 0
Иако последна е нарачана, руската вакцина „Спутник V“ прва пристигнува во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-posledna-e-narachana-ruskata-vakcina-sputnik-v-prva-pristignuva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-posledna-e-narachana-ruskata-vakcina-sputnik-v-prva-pristignuva-vo-makedonija/#respond Sat, 06 Mar 2021 16:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=478245

Руската вакцина „Спутник V“ утре ќе пристигне во Македонија, и официјално ќе биде првата вакцина која што Република Македонија истата сама ја набавила. Иако, оваа вакцина последна се нарача во дирекна комуникација со Руската Федерација, сепак во земјава прва ќе пристигне од сите други останати. И од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека утре на скопскиот аеродром ќе пристигне првата пратка на руската вакцина „Спутник V“. -Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, н.е.Сергеј Баздникин, утре (07.03.2021) на меѓународниот аеродорм во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник В, информираат од МЗ. Останува под знак прашалник, кога во состојба на пандемија, кога секоја земја на свој начин се бори да набави вакцина плус за својата земја, што чекале здравствените власти во Македонија? Како за пример. во една прилика хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ ќе рече „ако е достапна вакцина би купил и од чеченската мафија“. Курир на почетокот на месец Февруари испрати конкретно прашање до Министерството за здравство „дали МЗ заедно со владата ја разгледуваат можноста за набавка на руската вакцина „Спутник V“?, а од таму тогаш истото вешто го избегнаа и не одговорија на истото. -Министерството за здравство во повеќе наврати досега информирало по кои механзими обезбедува вакцини против Ковид 19. Во директни преговори ја обезбедивме вакцината Фајзер и Синофарм, преку Ковакс механизмот најавено е дека првично ќе ја добиеме вакцината Астра Зенека. Сите вакцини се безбедни и направени на безбедни платформи, производителите на вакцините имаат документи од нивните национални тела, а некои од нив и од европското и американското регулаторно тело за лекови, ни одговорија тогаш МЗ, притоа воопшто во одговорот не ја спонаа руската вакцина „Спутник V“. Најголем процент од граѓаните во Македонија сакаат да се вакцинираат со руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19. Станува збор токму за вакцина за која нема најава дека некогаш ќе пристигне во земјава, иако истата ѝ беше понудена на Македонија, како што потврди руската амбасада во земјава. Според анкетата на новинската агенција „Макфакс“, на прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но голем е процентот (29,3%) и на оние кои изјавиле дека не би избрале ниту една вакцина и дека нема да се вакцинираат. Македонија можеше да биде меѓу првите земји кои што ја набавиле руската вакцина, но за жал нашата Влада не се произнесе на предлогот на руската амбасада за директна комуникација со руските власти за набавка на истата. Повеќе од 50 држави од светот испратија барање за набавка на над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V, истакна неодамна економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов, притоа додавајќи дека иако на македонските власти им било понудени дирекни преговори за набавка на истата, тие повратен одговор не добиле: -Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руската вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче нѐ информираше дека лицето за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александа Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт. Исто така и беше испратено писмо од претставникот од рускиот Фонд за директни инвестиции кое за жал остана без одговор, истакна есеноска Хрисанфов. Исто така на социјалната мрежа на Фејсбук преку групата „Ковид-19 Искуства и совети“ спроведена беше анкета на која што мнозинството повторно се определи за за „Спутник V“. Имено на прашањето „Ако имате шанса да бирате ДАЛИ И АКО „ДА“ со која вакцина би се вакцинирале?“ најмногу одговориле дека би се вакцинираат токму со руската вакцина. И конечно после неколку месеци, а само пред една недела нашите здравствени власти се одлучија да порачаат руска вакцина, иако истата е последна нарачана за разлика од преостанатите, сепак и официјално ќе биде првата вакцина која што пристигнала во Република Македонија, се разбира доколку се изземе она донација од Србија од 8.000 дози на компанијата „Фајзер“. Она што останува, се ветувањата дека наскоро, односно до крајот на месец март треба да пристигнат вакцините и од останатите производители, па граѓаните се надеват дека тоа нема да биде како изминатиот месец и истите ќе пристигнат во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-posledna-e-narachana-ruskata-vakcina-sputnik-v-prva-pristignuva-vo-makedonija/feed/ 0
Утре во Македонија пристигнува првата пратка на руската вакцина „Спутник V“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/#respond Sat, 06 Mar 2021 15:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=478227

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин утре на скопскиот аеродром ќе ја пречекаат првата пратка од руската вакцина „Спутник V“. Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, н.е.Сергеј Баздникин, утре (07.03.2021) на меѓународниот аеродорм во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник В, информираат од МЗ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-makedonija-pristignuva-prvata-pratka-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/feed/ 0
Во Украина се забранува користењето на руската вакцина против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-zabranuva-koristenjeto-na-ruskata-vakcina-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-zabranuva-koristenjeto-na-ruskata-vakcina-protiv-koronavirus/#respond Fri, 29 Jan 2021 15:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=461613

Врховната рада во Украина го одобри предлог-законот што има за цел да го забрза одобрувањето на вакцините против Ковид-19, и кој исто така го забранува користењето на вакцините произведени во Русија. Владата соопшти дека очекува во февруари да добие од 100.000 до 200.000 дози вакцини на Фајзер според глобалната програма Ковакс. Во Украина се уште нема одобрена вакцина, но властите постојано изјавуваа дека Киев нема да одобри или користи вакцини од Русија, со кои односите на Украина беа затегнати до крајност. – Веднаш можам да кажам: можеби сте хистерични многу долго, но никој нема да ја регистрира руската вакцина во земјава, изјави украинскиот министер за здравство Максим Степанов за време на телевизиска прес-конференција. Украинската фармацевтска компанија Биолик, поддржана од Виктор Медведчук, опозиционер русофил, на почетокот на овој месец соопшти дека поднела барање за одобрување од страна на државата на руската вакцина Спутник V. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-se-zabranuva-koristenjeto-na-ruskata-vakcina-protiv-koronavirus/feed/ 0
Рускиот фонд поднесе барање, а ЕМА ќе донесе одлука дали ќе се регистрира руската вакцина во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-fond-podnese-baranje-a-ema-kje-donese-odluka-dali-kje-se-registrira-ruskata-vakcina-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-fond-podnese-baranje-a-ema-kje-donese-odluka-dali-kje-se-registrira-ruskata-vakcina-vo-eu/#respond Wed, 20 Jan 2021 12:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=457525

Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање за регистрација на вакцината Спутник V против коронавирус во Европската унија и очекува разгледувањето на барањето да започне во февруари. Тимови на руски производители на вакцини и Европската агенција за лекови во вчера одржаа научен преглед на вакцината. – Повеќе од 20 меѓународни експерти и експерти учествуваа на состанокот. Препораките ќе бидат испратени до производителите на Спутник V за седум до 10 дена, рече претставникот на Фондот, пренесува ТАСС. ЕМА ќе донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки. Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, палестинските територии, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-fond-podnese-baranje-a-ema-kje-donese-odluka-dali-kje-se-registrira-ruskata-vakcina-vo-eu/feed/ 0
Цената на руската вакцина ќе биде пониска од онаа на Фајзер и Модерна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-ruskata-vakcina-kje-bide-poniska-od-onaa-na-fajzer-i-moderna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-ruskata-vakcina-kje-bide-poniska-od-onaa-na-fajzer-i-moderna/#respond Sun, 22 Nov 2020 12:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=432805

Цената на руската вакцина „Спутник V“ ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, објавено е на Твитер профилот на Спутник V, пренесува Танјуг. Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер“,„Спутник V“и „Модерна “. Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-ruskata-vakcina-kje-bide-poniska-od-onaa-na-fajzer-i-moderna/feed/ 0
Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtorata-ruska-vakcina-protiv-kovid-19-kje-bide-registrirana-do-15-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtorata-ruska-vakcina-protiv-kovid-19-kje-bide-registrirana-do-15-oktomvri/#respond Tue, 22 Sep 2020 11:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=406734

Втората руска вакцина против Ковид 19, изработена од сибирскиот институт „Вектор“, ќе биде регистрирана до 15 октомври, соопшти денеска агенцијата за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“. „Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината  ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението. Како што пренесува агенцијата ТАСС, вакцината ќе се произведува во индустриската фабрика на истражувачкиот центар „Вектор“. По регистрацијата на вакцината, ќе започнат клинички испитувања со учество на волонтери постари од 60 години, како и лица со хронични заболувања. На 24 јули, истражувачкиот центар Вектор доби дозвола од руското Министерство за здравство да спроведе клинички испитувања на вакцината врз доброволци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtorata-ruska-vakcina-protiv-kovid-19-kje-bide-registrirana-do-15-oktomvri/feed/ 0
Премиерот на Белорусија ја прими руската вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belorusija-ja-primi-ruskata-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belorusija-ja-primi-ruskata-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Mon, 07 Sep 2020 20:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=400399

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирусот и се чувствува одлично, изјави неговата портпаролка Александра Исаева. Таа рече дека Головченко ја примил вакцината во четвртокот, по разговорите со рускиот премиер и дека се чувствува одлично, пренесува ТАСС. За време на состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рускиот премиер Михаил Мишустин објави дека Головченко одлучил да ја прими руската вакцина против коронавирусот. Рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко претходно се согласија Белорусија да биде една од првите земји каде ќе биде дистрибуирана вакцината „Спутник V“, што ја разви рускиот институт Гамалеја. Покрај тоа, Белорусија ќе учествува во последната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, која на 11 август стана првата регистрирана вакцина од ваков вид во светот, иако ја нема минато финалната фаза од испитувањето, што ќе ја докаже ефикасноста и безбедноста. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belorusija-ja-primi-ruskata-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0