руска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 06:54:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски удари врз голем број украински региони, има прекини на снабдувањето со струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-udari-vrz-golem-broj-ukrainski-regioni-ima-prekini-na-snabduvaneto-so-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-udari-vrz-golem-broj-ukrainski-regioni-ima-prekini-na-snabduvaneto-so-struja/#respond Thu, 09 Mar 2023 06:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=809739

Руската војска утрово изврши ракетни напади врз голем број украински региони, вклучително и црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија регионалните власти. Експлозии се регистрирани и во главиот град Киев.

Нападите погодија широк опсег на цели, вклучувајќи градови кои се протегаат од Житомир и Ривне на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина.

Гувернерот на регионот Одеса, Максим Марченко, изјави дека во масовен ракетен напад е погодена енергетска централа во пристанишниот град, што предизвика прекин на електричната енергија.

„Како резултат на масовниот ракетен напад беше погодена енергетската инфраструктура во регионот, како и станбени згради“, објави Марченко на Телеграм. Тој рече дека противвоздушните единици собориле некои проектили и дека може да следат уште напади.

„За среќа, нема жртви. На сила се рестрикции за електрична енергија“.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека градот и регионот биле погодени од околу 15 проектили.

„Инфраструктурата повторно беше меѓу целите. Се собираат информации за жртви“, објави тој на Телеграм.

Уште еден удар е регистриран во централниот град Дњепар и во западните градови Луцк и Ривне.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-udari-vrz-golem-broj-ukrainski-regioni-ima-prekini-na-snabduvaneto-so-struja/feed/ 0
Гаврилица: Молдавија бара руската војска да го напушти Придњестровје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gavrilica-moldavija-bara-ruskata-vojska-da-go-napushti-pridnjestrovje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gavrilica-moldavija-bara-ruskata-vojska-da-go-napushti-pridnjestrovje/#respond Tue, 10 May 2022 08:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=674377

Молдавија бара повлекување на руската војска од Придњестровје (Транснистрија) во Молдавија, бидејќи сака мирно решение на конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица. -Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим, рече Гаврилица на синоќешниот брифинг. Според неа, официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани. Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gavrilica-moldavija-bara-ruskata-vojska-da-go-napushti-pridnjestrovje/feed/ 0
Руската војска за утре најави отворање хуманитарен коридор од Азовстал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-za-utre-najavi-otvoranje-humanitaren-koridor-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-za-utre-najavi-otvoranje-humanitaren-koridor-od-azovstal/#respond Wed, 04 May 2022 19:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=671951

Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време. „Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание“, соопшти руската војска. Украинските власти се уште не ја коментирале руската најава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-vojska-za-utre-najavi-otvoranje-humanitaren-koridor-od-azovstal/feed/ 0
Украинскиот парламент го прогласи за геноцид дејствувањето на руската војска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-proglasi-za-genocid-dejstvuvanjeto-na-ruskata-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-proglasi-za-genocid-dejstvuvanjeto-na-ruskata-vojska/#respond Thu, 14 Apr 2022 18:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=663227

Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која дејствувањето на руската војска во Украина се квалификува како геноцид и ги повикува државите и невладините организации да го сторат истото. „Руските дејствија имаат за цел системски и кохерентно да го збришат украинскиот народ, да му го одземат правото на самоопределување и независен развој“, се вели во текстот, кој беше прифатен со мнозинство од 363 гласа во 450-члениот парламент. „Затоа, неопходно е веднаш да се препознаат акциите на руските вооружени сили за време на агресијата што започна на 24 февруари 2022 година како геноцид врз украинскиот народ“, се вели во текстот. Во текстот на резолуцијата се повикуваат и Обединетите нации, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и НАТО, како и владите и парламентите во светот дејствијата на руските сили во Украина да ги прогласат за геноцид. Американскиот претседател Џо Бајден и уште неколку странски лидери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин дека извршил геноцид во Украина, што официјален Киев го поздрави, но таквите изјави, според некои правници, потекнуваат повеќе од политичка реторика отколку од правно утврдени факти. -Зборот геноцид има прецизна правна дефиниција, но тој е широко користен од политичките лидери и активисти поради неговата моќ да стимулира дебата и да го поттикнува јавното мислење, вели Вилијам Шабас, професор по меѓународно право на Универзитетот Мидлсекс во Лондон. Францускиот претседател Емануел Макрон ја објасни својата одлука да не го изговори зборот геноцид бидејќи верува дека „вербалната ескалација нема да и помогне на Украина, па дури и може да го вовлече Западот во војна“. Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така одби да го изговори терминот геноцид и наместо тоа зборуваше за воени злосторства. „Во источна Европа се води страшна војна…тоа е страшна војна и извршени се воени злосторства, изјави вчера германскиот канцелар.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-proglasi-za-genocid-dejstvuvanjeto-na-ruskata-vojska/feed/ 0
Руските војници се повлекуваат од Киев и подготвуваат за нова офанзива на исток, вели портпаролот на Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-vojnici-se-povlekuvaat-od-kiev-i-podgotvuvaat-za-nova-ofanziva-na-istok-veli-portparolot-na-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-vojnici-se-povlekuvaat-od-kiev-i-podgotvuvaat-za-nova-ofanziva-na-istok-veli-portparolot-na-zelenski/#respond Sun, 03 Apr 2022 13:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=657755

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сергеј Никифоров, денеска повтори дека руските војници го напуштиле регионот на Киев и рече дека Москва ги повлекува своите сили во Белорусија, како и дека се подготвува за нова офанзива во источна Украина. - Тие се повлекуваат од север и ги концентрираат своите напори да нападнат на исток, да ја опколат нашата војска во Донбас, изјави портпаролот Никифоров за Би-Би-Си. Претходно Никифоров изјави дека властите во Украина пронашле нешто што „изгледа на воени злосторства“, вклучително и тела на цивили и масовни гробници, по повлекувањето на Русите од областа каде што се воделе борбите. Тој за Би-Би-Си изјави дека сцените откриени на делумно окупираните територии, како што е градот Буча, се „навистина тешки да се опишат“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-vojnici-se-povlekuvaat-od-kiev-i-podgotvuvaat-za-nova-ofanziva-na-istok-veli-portparolot-na-zelenski/feed/ 0
ЗАТВОР И ОГРОМНИ ПАРИЧНИ КАЗНИ: Руската Државна Дума изгласа воведување кривична одговорност за „ширење лажни вести за операциите на руската војска“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/#respond Fri, 04 Mar 2022 08:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=640656

Руската Државна дума денеска, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот за воведување кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација, јави ТАСС. „Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години“, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра) За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години. Државната дума воведе и прекршочна одговорност за дискредитација на вооружените сили на РФ. Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли. Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли. Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност. Државната дума на денешната седница ги направи и неопходните измени во Кривичниот законик на Руската Федерација. Државната дума, исто така, едногласно, веднаш во второ и трето читање, го усвои предлог-законот, кој вклучува криминализирање на повици за воведување странски санкции против Русија, јави руската државна агенција ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvor-i-ogromni-parichni-kazni-ruskata-drzavna-duma-izglasa-voveduvanje-krivichna-odgovornost-za-shirenje-lazni-vesti-za-operaciite-na-ruskata-vojska/feed/ 0
Величенствена сцена: Погледнете како блесна главниот храм на руската војска за Божиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velichenstvena-scena-poglednete-kako-blesna-glavniot-hram-na-ruskata-vojska-za-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velichenstvena-scena-poglednete-kako-blesna-glavniot-hram-na-ruskata-vojska-za-bozikj/#respond Thu, 07 Jan 2021 17:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=452704

Овој Божиќ ќе влезе во историјата на руската војска – оваа година, големиот Христијански празник за првпат беше дочекан во Главниот храм на Вооружените сили во паркот „Патриот“. На Божиќната литургија, покрај војниците и офицерите присуствуваше и највисокото раководство на Министерството за одбрана на Русија, а меѓу нив беше и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу. Да потсетиме, Главниот храм на Вооружените сили на Русија беше отворен на 9-ти мај во чест на 75-годишнината од победата над Нацистите во Втората светска војна, а храмот е посветен на руските војници. Извор: Точка]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velichenstvena-scena-poglednete-kako-blesna-glavniot-hram-na-ruskata-vojska-za-bozikj/feed/ 0