руски акции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Mar 2022 12:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски акции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Британија стравува од „поекстремни“ руски акции во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-stravuva-od-poekstremni-ruski-akcii-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-stravuva-od-poekstremni-ruski-akcii-vo-ukraina/#respond Sat, 19 Mar 2022 12:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=649943

Лондон, 19 март 2022 (МИА) – Мировните преговори за ставање крај на украинскиот конфликт би можеле да бидат „димна завеса“ за поекстремни руски воени маневри, предупреди денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју за весникот „Тајмс“. – Јас сум многу скептична. Она што го видовме е обид да се создаде простор Русите да се прегрупираат. Нивната инвазија не оди според планот. Се плашам дека преговорите се уште еден обид да се создаде диверзија и да се создаде димна завеса. Мислам дека сè уште не сме во точка за преговори, додаде таа. Таа ги повтори коментарите на британското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се сврти кон „сè поекстремни акции“, додавајќи дека „веќе сме виделе ужасни злосторства“. – Кремљ досега не успеа да ги постигне своите првични цели. Беше изненаден од размерите и жестокоста на украинскиот отпор, изјави вчера началникот на британското воено разузнавање Џим Хокенхал, нагласувајќи дека „Русија сега спроведува стратегија на трошење. Ова ќе вклучи непромислена и неселективна употреба на оружена моќ. Ова ќе резултира со зголемени цивилни жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза“. Трус рече дека Британија потенцијално би можела да дејствува како гарант доколку се постигне некакво решение, и дека Путин „не верувал“ оти меѓународната заедница ќе воведе таков обем на санкции. Британија неодамна беше насочена кон олигарси од висок профил, вклучувајќи го и сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович. Шефицата на британската дипломатија посочи дека е „исклучително тешко“ да се предвиди укинување на овие санкции, велејќи дека „овие олигарси му овозможија на Владимир Путин да го прави тоа што го прави“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-stravuva-od-poekstremni-ruski-akcii-vo-ukraina/feed/ 0
Украина планира воени вежби на југ, како одговор на руските акции на Кавказ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-planira-voeni-vezbi-na-jug-kako-odgovor-na-ruskite-akcii-na-kavkaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-planira-voeni-vezbi-na-jug-kako-odgovor-na-ruskite-akcii-na-kavkaz/#respond Fri, 17 Jul 2020 11:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=377696

Украина денеска најави дека ќе организира воени вежби на своја територија, како одговор на истиот таков потег кој го планира Русија на Кавказ. Украинскиот министер за одбрана Андриј Таран изјави на седница на Парламентот дека во маневрите ќе биде вклучена и воздушната одбрана, а вежбите ќе се одржат при крајот на септември во јужниот дел од земјата. – Овој асиметричен одговор ќе ја покаже подготвеноста на вооружените сили на Украина соодветно да одговорат на секој обид на Русија да ја влоши ситуацијата или да започне конфликти во големи размери, истакна Таран. Украина се надева дека во нивните воени вежби, чија цел е заштита на источните граници, ќе учествуваат и други земји, кои се членки на НАТО. Односите меѓу Москва и Киев се тензични од 2014 година, кога Русија изврши анексија на Крим и го поддржа сепаратистичкиот бунт во источниот дел на Украина. Во судирите меѓу украинската војска и бунтовничките сили поддржани од Русија од 2014 година загинале повеќе од 13.000 луѓе и покрај договорот за прекин на огнот во 2015 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-planira-voeni-vezbi-na-jug-kako-odgovor-na-ruskite-akcii-na-kavkaz/feed/ 0