руски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 08:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски брод вооружен со хиперсонични ракети спроведе вежба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/#respond Thu, 26 Jan 2023 08:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=792132

Руски воен брод вооружен со напредни хиперсонични ракети ја заврши вежбата во Атлантскиот Океан пред заедничките поморски вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица закажани за следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана. Руската фрегата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични ракети Циркон, вежбаше „симулација на ракетен напад против непријателска површинска цел“, изјави командантот на бродот Игор Крокмал. Вежбата, која руските државни медиуми ја опишаа како виртуелна симулација, ги потврди „дизајнираните карактеристики“ на ракетниот систем, рече Крокмал, кој укажа на наводната способност на проектилите да достигнат растојанија од повеќе од 900 километри. Фрегатата „Адмирал Горшков“ следниот месец ќе спроведе заедничка обука со кинеската и јужноафриканската морнарица крај брегот на Јужна Африка, соопштија Москва и Преторија. Вежбите доаѓаат во период кога се приближува првата годишнина од руската инвазија врз Украина. Белата куќа соопшти дека САД се „загрижени поради која било земја што вежба со Русија додека Русија води брутална војна против Украина“. За време на заедничкиот состанок во Преторија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот јужноафрикански колега Наледи Пандор ги бранеа поморските вежби, при што Лавров рече дека Москва не сака никакви „скандали“ поврзани со вежбите. Пандор рече дека е нормална практика сите земји да спроведуваат воени вежби со „пријателите ширум светот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/feed/ 0
Турската царина запре рускиот брод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-carina-zapre-ruskiot-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-carina-zapre-ruskiot-brod/#respond Mon, 04 Jul 2022 12:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=699701

Турската царина во Црно Море запре товарен брод, што пловел под руско знаме и ги истражува украинските тврдења дека бродот превезува украдено жито, изјави денеска висок турски претставник. Украина на 30 јуни побара од Турција да го задржи товарниот брод „Жибек Жоли“, кој под руско знаме превезува украинско жито украдено од окупираното пристаниште Берѓанск и да го уапси екипажот. Според Украинската поморска управа, бродот „Жибек Жоли“ превезува околу 4.500 тони украинско жито, а крајната дестинација на бродот е турскиот град Карас. „Жибек Жоли“ е во сопственост на казахстанската транспортна компанија „КТЗ Експрес“, но оти бродот е најмен од фирмата „Грин лајн“, која не е на листата со санкции. Уште од почетокот на инвазијата, Украина ја обвинува Русија дека го краде нејзиното жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-carina-zapre-ruskiot-brod/feed/ 0
Украина потопи уште еден руски брод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-potopi-ushte-eden-ruski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-potopi-ushte-eden-ruski-brod/#respond Sat, 18 Jun 2022 10:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=692411

Руски брод кој доставувал оружје на стратешки важниот Змиски остров бил потопен откако бил погоден од украински ракети, потврди воен претставник доцна синоќа. Рускиот црноморски реморкер „Василиј Бех“ претходно, во текот на вчерашниот ден, беше оштетен од противбродски проектили што Данска и ги достави на Украина. „Подоцна се дозна дека потонал“, соопшти преку Телеграм Максим Марченко, воениот гувернер на Одеса. Тврдењето не може да биде проверено од независен извор, а руската страна не го коментираше случајот. Бродот, опремен со противвоздушен одбранбен систем Тор, беше погоден со ракети Харпун и вчера беше тешко оштетен. Дестинацијата на влечното пловило беше Змискиот Остров, во близина на јужниот украински брег, кој беше окупиран од руските сили кон крајот на февруари. Василиј Бех не е првиот брод што го загуби руската Црноморска флота за време на војната. Руската страна ја потврди загубата на десантниот брод „Саратов“ и на ракетниот крстосувач „Москва“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-potopi-ushte-eden-ruski-brod/feed/ 0
Украина уништила голем руски брод со 20 тенкови и 400 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-unishtila-golem-ruski-brod-so-20-tenkovi-i-400-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-unishtila-golem-ruski-brod-so-20-tenkovi-i-400-vojnici/#respond Fri, 25 Mar 2022 07:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=653052

Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно информирано. -Според ажурираните информации, големиот десантен брод Саратов е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили. – На Саратов уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе, појасни Антун Герашченко. Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-unishtila-golem-ruski-brod-so-20-tenkovi-i-400-vojnici/feed/ 0
ЛОШИ ВЕСТИ: ДВАЈЦА МОРНАРИ СЕ УДАВИЛЕ – од потонатиот руски брод спасени се само 5 морнари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/#respond Sun, 17 Jan 2021 15:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=456553

Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека од вкупно 13 члена на рускиот товарен брод, петмина се спасени а двајца морнари биле пронајдени мртви. Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/feed/ 0
ПОТОНА РУСКИ ТОВАРЕН БРОД – сред Црно Море морнари чекаат спасувачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-ruski-tovaren-brod-sred-crno-more-mornari-chekaat-spasuvachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-ruski-tovaren-brod-sred-crno-more-mornari-chekaat-spasuvachi/#respond Sun, 17 Jan 2021 12:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=456497

Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти, потенцирајќи дека е во тек акцијата за спасување на околу 15 члена на екипажот, кои се наоѓаат во чамци во морето. Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека бродот со сув товар потонал крај брегот на регионот Инкуму, додавајќи дека нема извештаи за жртви, јави државната агенција Анадолу. Причината за инцидентот засега не позната. -Ќе почнеме со спасувачки операции на приближно 15 члена на екипажот заглавени во три спасувачки чамци, рече Гунер. „Во моментов нема извештаи за жртви или потонување на чамците за спасување“, додаде тој. Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-ruski-tovaren-brod-sred-crno-more-mornari-chekaat-spasuvachi/feed/ 0