руски дипломати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 07:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски дипломати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финска ќе протера девет руски дипломати заради шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-ke-protera-devet-ruski-diplomati-zaradi-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-ke-protera-devet-ruski-diplomati-zaradi-shpionazha/#respond Wed, 07 Jun 2023 07:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=843029

Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“. „Финска ќе протера девет лица од руската амбасада, кои работеле во разузнавачката служба“, се наведува во соопштението по средбата меѓу претседателот Саули Нииниста и министерскиот Комитет за надворешна и безбедносна политика. Во соопштението се додава дека одлуката за протерување е донесена врз основа на проценка на финската безбедносна разузнавачка служба. Односите меѓу двата соседа се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-ke-protera-devet-ruski-diplomati-zaradi-shpionazha/feed/ 0
Шведска протера петмина руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-protera-petmina-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-protera-petmina-ruski-diplomati/#respond Tue, 25 Apr 2023 14:06:21 +0000 https://kurir.mk/?p=827469

Шведска протера петмина руски дипломати поради активности што се неспоиви со нивниот дипломатски статус. „Шведска го повика рускиот амбасадор и го информираше дека пет лица кои работат во амбасадата се замолени да ја напуштат земјата како резултат на активности кои се некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти шведското Министерство за надворешни работи. Шведска протера тројца руски дипломати во април минатата година по руската инвазија на Украина. Претходно овој месец, соседна Норвешка објави дека протерува 15 функционери од руската амбасада за кои рече дека се „разузнавачи кои работат под закрила на дипломатски места“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-protera-petmina-ruski-diplomati/feed/ 0
Австрија протера четворица руски дипломати поради кршење на меѓународни договори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protera-chetvoritsa-ruski-diplomati-poradi-krshene-na-megunarodni-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protera-chetvoritsa-ruski-diplomati-poradi-krshene-na-megunarodni-dogovori/#respond Thu, 02 Feb 2023 09:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=795021

Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи. Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари. Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското МНР. Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protera-chetvoritsa-ruski-diplomati-poradi-krshene-na-megunarodni-dogovori/feed/ 0
Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/#respond Fri, 15 Apr 2022 10:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=663522

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Русија во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата. Како што соопшти МНР, врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена. Претходно, на 28 март, државава прогласи за персона нон грата пет руски дипломати, кои извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Минатата година, пак, за персона нон гарта МНР прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. Во овие два лански случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/feed/ 0
Јапонија протерува осум руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-proteruva-osum-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-proteruva-osum-ruski-diplomati/#respond Fri, 08 Apr 2022 09:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=660173

Јапонија денеска соопшти дека протерува осум руски дипломати и други функционери поради смртта на цивили во Украина, опишувајќи го притоа како „апсолутно неприфатливо“ руското кршење на меѓународното право. „Како резултат на целосната проценка направена од нашата земја, побаравме протерување на осум дипломати од руската амбасада во Јапонија и претставници на трговското претставништво на Руската Федерација“, изјави портпаролката на јапонското Министерство за надворешни работи, Хикарико Оно. Многу држави изминатите денови соопштија дека протеруваат руски дипломати, главно наведувајќи ги како причина извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-proteruva-osum-ruski-diplomati/feed/ 0
Црна Гора протера уште четворица руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-protera-ushte-chetvorica-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-protera-ushte-chetvorica-ruski-diplomati/#respond Thu, 07 Apr 2022 15:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=659845

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат таа држава. -На рускиот амбасадор денеска му беше врачена официјална нота за оваа одлука, со која се одредува рок од седум дена за напуштање на територијата на нашата земја. Министерството ја донесе споменатата одлука врз основа на оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на руските дипломати и член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР. Министерството на почетокот на март, врз основа на проценката на Националната агенција за безбедност, го прогласи дипломатот Виктор Антипин за непожелна личност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-protera-ushte-chetvorica-ruski-diplomati/feed/ 0
Австрија протерува четворица руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proteruva-chetvorica-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proteruva-chetvorica-ruski-diplomati/#respond Thu, 07 Apr 2022 09:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=659603

Австрија протера четворица руски дипломати поради постапување на начин некомпатибилен со нивниот дипломатски статус, изјави денеска портпаролката на австриското Министерство за надворешни работи. На тој начин Австрија се приклучи на групата држави од ЕУ кои презедоа слични чекори оваа недела. За разлика од Франција, Италија и Германија, портпаролот на австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг не рече дека потегот на Австрија за протерување на дипломати е резултат на акциите на руските сили во Украина. Тројца дипломати од Руската амбасада во Виена и еден од Салцбург мора да ја напуштат Австрија до 12 април. Голем број земји-членки на НАТО и ЕУ одлучија да протераат руски дипломати по извештаите за откривање масовни гробници и убиства на цивили во украинскиот град Буча, за кои се товарат руските трупи во Украина. Москва, која тврди дека снимките од погубените цивили во Буча се лажни продукти на украинската и на западната пропаганда со цел да се дискредитира Русија, соопшти дека ќе возврати на протерувањето нејзини дипломати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-proteruva-chetvorica-ruski-diplomati/feed/ 0
Австрија засега воздржана, Грција протера 12 руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-zasega-vozdrzana-grcija-protera-12-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-zasega-vozdrzana-grcija-protera-12-ruski-diplomati/#respond Wed, 06 Apr 2022 10:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=659135

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ги критикуваше одделните постапки на членките на ЕУ во врска со протерувањето руски дипломати. Тој додаде дека Австрија засега нема да се приклучи кон протерување руски дипломати. – Мислам дека е жално што секоја држава постапува независно по ова прашање, изјави Шаленберг за јавниот сервис ОРФ. Тој посочи дека го задржува правото да постапува врз основа на член 11 од Виенската конвенција, кој дозволува можност да се бара да се намали бројот на дипломати на исто ниво кое земјата домаќин го има во државата чии дипломати се протерани, и укажа дека Русија ќе воведе реципрочна мерка и ќе протера исто толку австриски дипломати од Москва, што де факто ќе ја затвори Амбасадата. Друга можност, објаснува Шаленберг, е дипломатите да бидат прогласени за непожелни поради нивните шпионски активности. Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи, пак, го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила. ЕУ и нејзините сојузници претходно соопштија дека кривично гонат 200 руски дипломати во врска со убиствата во Буча, пренесува Гардијан. Изданието забележува дека откако Москва ја нападна Украина, над 325 руски дипломати и персонал од амбасадата се протерани од земјите-домаќини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-zasega-vozdrzana-grcija-protera-12-ruski-diplomati/feed/ 0
Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-pridruzuva-na-drugite-zemji-vo-proteruvanjeto-ruski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-pridruzuva-na-drugite-zemji-vo-proteruvanjeto-ruski-diplomati/#respond Tue, 05 Apr 2022 13:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=658786

Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина. Министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез изјави дека очекува Русија да одговори со протерувања шпански дипломати. Одлуката на Мадрид да протера 25 дипломати и вработени во амбасадата на Русија следува по сличните потези на Германија, Франција, Италија, Шведска и Данска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-pridruzuva-na-drugite-zemji-vo-proteruvanjeto-ruski-diplomati/feed/ 0
Данска протера 15 руски дипломати поради шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-protera-15-ruski-diplomati-poradi-shpionaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-protera-15-ruski-diplomati-poradi-shpionaza/#respond Tue, 05 Apr 2022 08:49:25 +0000 https://kurir.mk/?p=658573

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати по извештаите за пронајдени масовни гробници и за убиства на цивили во украинскиот град Буча, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод. Данските медиуми посочуваат дека станува збор за 15 руски разузнавачи регистрирани како дипломати во земјата. Ним им е даден рок од 14 дена да ја напуштат државата. -Мора да излезат што е можно поскоро. Им се дава можност да ги земат своите работи и да ја напуштат земјата. Ова се смета за разумно предупредување, вели шефот на данската дипломатија. -Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираат од Данска, изјави Јепе Кофод. Министерот за надворешни работи наведува дека 15-те Руси шпионирале на данска територија. Тој рече дека не може да коментира за природата на шпионажата, но ја нарече „напад врз данската безбедносна архитектура“. -Тоа е историски чекор што го правиме од данска страна. Но, тоа го правиме и во согласност со голем број европски земји, бидејќи сакаме да ја заштитиме нашата безбедност и сигурност. Не сакаме руска шпионажа во Данска, вели Јепе Кофод. Русија веќе најави дека ќе возврати на протерувањето на руски дипломати од страна на Данска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-protera-15-ruski-diplomati-poradi-shpionaza/feed/ 0