руски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Aug 2022 06:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-protiv-celosna-zabrana-za-vlez-na-ruski-drzavjani-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-protiv-celosna-zabrana-za-vlez-na-ruski-drzavjani-vo-eu/#respond Mon, 29 Aug 2022 06:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=725260

Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел синоќа изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите-членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва. – Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси, изјави Борел во интервју за австриската телевизија ОРФ. Тој рече дека не верува оти прекинувањето на контактите со руските цивили ќе има позитивни резултати. Тој нагласи и дека не верува оти оваа идеја ќе ја добие потребната едногласна поддршка меѓу земјите членки. Борел рече дека некои процедури за издавање визи за одредени групи Руси треба да се ревидираат, но отфрли целосна забрана. – Мораме да бидеме селективни, не можеме да преземеме сеопфатна мерка, рече тој изразувајќи уверување дека министрите за надворешни работи на ЕУ што треба да се состанат следната недела ќе прифатат балансиран пристап. Идејата за ограничување на влез на руски туристи во ЕУ се појави неодамна откако Русите патуваа на летен одмор преку соседни земји на ЕУ. Виза издадена од која било земја овозможува пристап без пасош до сите 26 членки на Шенген зоната. „Фајненшл тајмс“ претходно јави дека земјите-членки на ЕУ се подготвуваат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија од 2007 година поради војната во Украина. Министрите за надворешни работи на ЕУ се подготвени да дадат политичка поддршка за суспензијата на дводневниот неформален состанок во Прага што ќе се одржи утре и задутре, информира британскиот весник, цитирајќи тројца претставници вклучени во разговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-protiv-celosna-zabrana-za-vlez-na-ruski-drzavjani-vo-eu/feed/ 0
Естонија ги затвора границите за Русите со шенген визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=717147

Следната недела Естонија ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Урмас Рејнсалу. - За една недела ќе се применат санкции за шенген визите што ги издава Естонија на граѓаните на Русија. Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но носителите на визи ќе бидат санкционирани при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот - рече Рејнсалу на прес-конференцијата. Тој изјави дека вработените во дипломатските претставништва во Естонија и членовите на нивните семејства, лицата кои се занимаваат со меѓународен карго и патнички транспорт и оние кои имаат право на слободно движење според правото на ЕУ ќе бидат ослободени од санкции, пренесува РИА Новости. Од санкциите ќе бидат изземени и лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиските роднини на естонските граѓани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија. Естонскaтa премиерка Каја Калас во вторникот изјави дека е неопходно да се прекине издавањето туристички визи за руските граѓани и посетата на Европа ја нарече „привилегија, а не човеково право“. По почетокот на војната во Украина, некои европски земји предложија да се ограничи издавањето шенген визи за Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена ги повика западните земји да забранат влез на сите Руси на една година. Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека најважни санкции се затворањето на границите затоа што „Русите ја одземаат туѓата земја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/feed/ 0
Црна Гора не сака официјално да ги објави имињата на руските државјани на кои им го замрзна имотот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ne-saka-oficijalno-da-gi-objavi-iminjata-na-ruskite-drzavjani-na-koi-im-go-zamrzna-imotot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ne-saka-oficijalno-da-gi-objavi-iminjata-na-ruskite-drzavjani-na-koi-im-go-zamrzna-imotot/#respond Tue, 14 Jun 2022 19:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=690929

Црногорските државни институции не сакаат официјално да ги објават имињата на руските државјани чиј имот го замрзнале, со образложение дека не се овластени да даваат такви информации, јави денеска Радио Слободна Европа, повикувајќи се на извори во надлежните државни институции. Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на 10 јуни изјави дека 44 имоти во Црна Гора, во сопственост на 34 руски државјани, се замрзнати. Замрзнувањето е извршено врз основа на исполнување на обврските преземени со донесувањето на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки против Русија поради воената агресија врз Украина. Црна Гора, како земја кандидат, ги донесе овие одлуки следејќи ја надворешната политика на Европската Унија. Коментирајќи го замрзнувањето на имотот на руските граѓани, министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека ова е прв во низата чекори за што поефикасно лоцирање и замрзнување на рускиот имот. Тој додаде дека процедурите, не само во Црна Гора, туку и на глобално ниво, може да бидат предмет на правни обиди за нивно оспорување, но оти смета дека тие можат да бидат успешни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-ne-saka-oficijalno-da-gi-objavi-iminjata-na-ruskite-drzavjani-na-koi-im-go-zamrzna-imotot/feed/ 0