руски гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 13:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=896171

Владата уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена. -Европската комисија го усвои барањето на Бугарија за таксата кон „Гаспром“. Таму состојбите се уште не се најјасни, дали „Гаспром“ ќе ја прифати таа такса и што ќе значи тоа. Ние инсистираме на ослободување на капацитети за да не бидеме директно погодени, но, секако, ако тоа се случи, како што најави премиерот, ние сме подготвени зашто последицата е поскапа струја и зголемени трошоци за компаниите. Затоа бараме ЕК да и помогне на нашата држава во совладување на оваа новонастаната ситуација, рече Битиќи, на новинарско прашање по настанот за проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“. Таксата што ја наметна Бугарија е 10 евра за мегават час. Владата од Европската комисија побара да се ослободи капацитет за да може да набавуваме гас од други извори, односно да нема оптоварување од оваа дополнителна такса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/feed/ 0
Таксата за транзит на руски гас ја отвара можноста за зголемување на цената на парното и струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=895575

Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. - Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. - До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност. Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/feed/ 0
ЕК: Бугарија сама решава како ќе ги користи приходите од таксите за транзит на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895340

Бугарија има право сама да одлучи како ќе ги користи приходите што ќе ги остварува од наплатата на таксата за транзит на увезениот руски гас низ бугарска територија, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Воведувањето на таксата предизвика реакции во Белград и Будимпешта кои тврдат дека таа ќе резултира со поскапување на рускиот гас за 20 отсто за крајните корисници, додека Софија потенцира дека плаќањето на давачката на е обврска на земјите до кои се дистрибуира енергенсот, туку на добавувачот, руската компанија „Газпром“. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе биде запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/feed/ 0
Ердоган дал налог на владата да почне изградбата на гасниот чвор во Турција за руски гас за Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-dal-nalog-na-vladata-da-pochne-izgradbata-na-gasniot-chvor-vo-turcija-za-ruski-gas-za-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-dal-nalog-na-vladata-da-pochne-izgradbata-na-gasniot-chvor-vo-turcija-za-ruski-gas-za-evropa/#respond Fri, 14 Oct 2022 10:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=745243

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција, објавија денеска турските медиуми. Изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа. -Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат, изјави Ердоган на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател. За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас. Тој кажа и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-dal-nalog-na-vladata-da-pochne-izgradbata-na-gasniot-chvor-vo-turcija-za-ruski-gas-za-evropa/feed/ 0
Австрија против ограничувањето на цената на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protiv-ogranichuvanjeto-na-cenata-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protiv-ogranichuvanjeto-na-cenata-na-ruskiot-gas/#respond Fri, 09 Sep 2022 09:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=730611

Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ. Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање. „Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена. Министерството првите предлози на Европската комисија ги оцени како чекори во вистинска насока. Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-protiv-ogranichuvanjeto-na-cenata-na-ruskiot-gas/feed/ 0
Шолц: Германија ќе ја преживее зимата и без руски гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-ja-prezivee-zimata-i-bez-ruski-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-ja-prezivee-zimata-i-bez-ruski-gas/#respond Thu, 01 Sep 2022 19:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=727444

Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запрат испораките на руски гас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испорака од Норвешка или Холандија. . – Владата рано презеде мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц на соброт во градското собрание на Есен. – Дури и ако стане тесно, веројатно ќе ја преживееме зимата, рече Шолц, повторувајќи ја својата поддршка за изградба на гасовод од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-ja-prezivee-zimata-i-bez-ruski-gas/feed/ 0
Украина го запре транспортот на руска нафта за Унгарија, Чешка и Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-zapre-transportot-na-ruska-nafta-za-ungarija-cheshka-i-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-zapre-transportot-na-ruska-nafta-za-ungarija-cheshka-i-slovachka/#respond Tue, 09 Aug 2022 11:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=716063

Украинската компанија Укртранснафта на 4 август го прекина испумпувањето на руската нафта преку јужниот крак на нафтоводот Дружба кон Унгарија, Чешка и Словачка, потврди за РИА Новости Игор Демин, портпаролот на претседателот на Транснефт, пренесува РИА Новости. - Навистина, на 4 август, во 6:10 часот, Укртранснафта целосно престана да пумпа нафта за Унгарија, Чешка и Словачка долж јужниот огранок на Дружба. Во исто време продолжува транзитот низ Белорусија во правец на Полска и Германија, рече тој. Според Демин, украинската компанија обезбедува транспортни услуги на 100 отсто припејд основа, но при последниот обид да се плати транзитот, средствата биле вратени на сметката на Транснефт. - Руското Министерство за енергетика и испраќачите кои снабдуваат гориво за Унгарија, Чешка и Словачка, како и самата Укртранснафта, се свесни за моменталната ситуација, заклучи тој. Транснефт објави дека размислуваат за алтернативни опции за плаќање за транзитни услуги низ Украина. Компанијата апелираше до Гаспромбанка да добие дозвола од европскиот регулатор да врши плаќања врз основа на договорот со АД Укртранснафта. Гасоводот Дружба започнува во областа Самара, поминува низ Брјанск, а потоа се разгранува во северниот и јужниот дел, поминувајќи низ територијата на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија. Украинскиот дел е во сопственост на Укртранснафта, додека Русија плаќа за транзитот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-zapre-transportot-na-ruska-nafta-za-ungarija-cheshka-i-slovachka/feed/ 0
Германија за прв пат во рубљи го плати рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/#respond Wed, 01 Jun 2022 09:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=684814

Германските енергетски компании „РВЕ“ и „Унипер“ потврдија дека за прв пат рускиот гас го платиле според правилата на Москва односно во рубљи преку посредничка банка во Русија. Според правилото усвоено на крајот март, набавувачите на руски гас од „непријателските земји“ мораат да отворат сметка во „Гаспром банка“ и на неа да уплатат дознаки во договорената валута, пред се во долари и евра. Банката тие средства на берзата ги менува за рубљи и ги дозначува на сметка на „Гаспром“. Москва за „непријателски“ држави ги смета сите членки на ЕУ, САД, Швајцарија и останатите кои поради инвазијата во Украина воведоа санкции против Русија, исклучувајќи ги големите руски банки од глобалниот финансиски систем. Таквите одредби определени од Москва ги подели земјите на ЕУ. Полска, Бугарија и Финска одбија да плаќаат за рускиот гас по новите правила, а „Гаспром“ од минатиот месец им ги запре испораките. Оваа седмица руската компанија најави дека ги стопира и испораките на гас за холандската „ГасТера“ и данскиот „Оерстед“. Германија е голем увозник на руски гас што минатата година сочинуваше повеќе од половината на увозот на тој енергенс, а значаен удел од увозот се реализираше токму преку „РВЕ“ и „Унипер“. Двете компании веќе најавија дека ќе отворат сметки во „Гаспром банка“, согласно важечките правила што ги диктира Москва, за да обезбедат континуирано снабдување на земјата со руски гас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-za-prv-pat-vo-rublji-go-plati-ruskiot-gas/feed/ 0
Европските нарачки за руски гас преку украинскиот пункт Сохрановка паднале на нула https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-narachki-za-ruski-gas-preku-ukrainskiot-punkt-sohranovka-padnale-na-nula/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-narachki-za-ruski-gas-preku-ukrainskiot-punkt-sohranovka-padnale-na-nula/#respond Wed, 11 May 2022 08:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=674948

Денешните нарачките за руски гас со транзит низ Украина преку влезниот пункт Сохрановка паднаа на нула, откако претходно украинскиот оператор за дотур на гас најави затворање на тој транзитен коридор. Киев во вторникот соопшти дека ќе го стопира транзитот на руски гас преку пунктот Сохрановка од каде се доставуваше речиси третина од европските нарачки на гас преку Украина. За таквата ситуација беше обвинета Москва, а беше најавено дека протокот на гас ќе се спроведува преку други транзитни рути. Гасоводот преку Сохрановка минува низ украинската област Луганск чии делови се под контрола на проруските сепаратисти. Украинскиот оператор со гас „ГТСОУ“ соопшти дека од среда ги запира испораките на гас преку односната рута заради „виша сила“, клаузула на која операторот може да се повика во случај доколку настане ситуација што е надвор од нејзина контрола. Но „Газпром“, компанијата што е под контрола на Кремљ и има монопол врз рускиот гас, соопшти дека е „технички невозможно“ да се испорачаат сите количества гас преку друга интерконекција како што предлага „ГТСОУ“. Според вчерашните податоци, побарувачката на руски гас за Европа низ Украина преку влезниот пункт Суџа вчера изнесувале речиси 72 милиони кубни метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-narachki-za-ruski-gas-preku-ukrainskiot-punkt-sohranovka-padnale-na-nula/feed/ 0
Финска соопшти: Подготвени сме за запирање на испораките на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-podgotveni-sme-za-zapiranje-na-isporakite-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-podgotveni-sme-za-zapiranje-na-isporakite-na-ruskiot-gas/#respond Thu, 05 May 2022 17:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=672530

Финска соопшти дека додека ја носи конечната одлука за влез во НАТО, се подготвува за можноста Русија да го прекине снабдувањето со гас. Финската влада минатиот четврток соопшти дека нема да го исполни барањето на Москва гасот да се плаќа во рубљи. Ова може да доведе до прекини во снабдувањето како што се случи во Полска и Бугарија. Финска следната недела би можела да објави дали има намера да влезе во НАТО, поради што Русија веќе и се закани. – Финска е подготвена за можноста за запирање на испораките на гас од Русија, изјави финскиот министер за европски прашања Тити Тупураинен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-podgotveni-sme-za-zapiranje-na-isporakite-na-ruskiot-gas/feed/ 0