руски граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 10:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија ги враќа визите за руските граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/#respond Sat, 22 Apr 2023 10:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=826340

Албанија го суспендираше безвизниот влез на албанска територија за руските државјани, кој важеше за летната туристичка сезона. Одлука за тоа донесе владата на вчерашната седница, јавија албанските медиуми. Амбасадата на Албанија во Руската Федерација преку соопштение информраше дека безвизниот режим ќе биде укинат за периодот од 1 мај до 30 септември секоја година. -Амбасадата на Република Албанија во Руската Федерација информира дека согласно последните измени во Одлуката на Советот на министри на Република Албанија бр. 858, од 29.12.2021 година, го укинува безвизниот режим за граѓаните на Руската Федерација (секоја година од 1 мај до 30 септември). За посета на Република Албанија потребно е да аплицирате за виза во согласност со целта на патувањето, се наведува во соопштението. Во изминатите години за време на туристичката сезона со одлука на Владата во Тирана на руските граѓани не им беше потребна виза за влез во оваа земја. Минатата година опозицијата ја критикуваше Владата поради тоа и бараше визи за руските граѓани и во текот на сезоната, но премиерот Еди Рама тоа го отфрли и во летната сезона од визниот режим беа ослободени граѓаните на осум држави, меѓу нив и руските. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/feed/ 0
ЕУ замрзна над 17 милијарди евра активи на руски граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-zamrzna-nad-17-milijardi-evra-aktivi-na-ruski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-zamrzna-nad-17-milijardi-evra-aktivi-na-ruski-gragjani/#respond Sat, 29 Oct 2022 10:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=752304

Европската унија со санкциите замрзнала руски имот во вредност од повеќе од 17 милијарди евра, соопшти еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, цитиран од ДПА. -До денеска во седум земји членки на ЕУ е замрзнат имот на 90 поединци во вредност од над 17 милијарди евра, од кои 2,2 милијарди се во Германија, изјави белгискиот политичар за медиумската групација „Функе“. Од почетокот на војната во Украина во февруари, ЕУ усвои осум пакети санкции против Русија. Украинските политичари постојано бараа овие замрзнати средства да се користат за обнова на нивната земја по завршувањето на војната. -Доколку средствата замрзнати од ЕУ се од криминален бизнис, можно е да се претворат во компензациски фонд за Украина. Сепак, тие се далеку од она што е потребно за закрепнување, прокоментира Реиндерс. Како дел од западните санкции, замрзнати се девизните резерви на руската централна банка во износ од 300 милијарди евра, потсети тој. -Од моја гледна точка, постои можност да се задржат овие средства како гаранција додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина, смета еврокомесарот за правда. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-zamrzna-nad-17-milijardi-evra-aktivi-na-ruski-gragjani/feed/ 0
ЕК: Построги проценки на руските барања за визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/#respond Fri, 30 Sep 2022 13:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=739619

Европската комисија денеска препорача земјите членки на Европската Унија да дадат „построга проценка“ на барањата на Русите за патни визи, особено на оние што се поднесени од трети земји, пишуваат дел од британските медиуми. Комесарката на ЕУ за внатрешни работи, Илва Јохансон изјави дека не би требало да се издаваат визи за оние кои планираат да останат подолго од 90 дена. Таа посочи дека „многу руски државјани“ ја напуштаат својата земја поради мобилизацијата за војната во Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/feed/ 0
Борел вели дека „не е добра идеја“ да им се стави целосна забрана на руските граѓани во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-veli-deka-ne-e-dobra-ideja-da-im-se-stavi-celosna-zabrana-na-ruskite-gragjani-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-veli-deka-ne-e-dobra-ideja-da-im-se-stavi-celosna-zabrana-na-ruskite-gragjani-vo-eu/#respond Mon, 29 Aug 2022 13:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=725576

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека целосната забрана за влез на Русите во ЕУ „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите-членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва. „Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси“, рече Борел во интервју за австриската телевизија ОРФ. Тој рече дека не верува оти прекинувањето на контактите со руските цивили ќе има позитивни резултати. Тој нагласи и дека не верува оти оваа идеја ќе ја добие потребната едногласна поддршка меѓу земјите членки. Борел рече дека некои процедури за издавање визи за одредени групи Руси треба да се ревидираат, но отфрли целосна забрана. „Мораме да бидеме селективни, не можеме да преземеме сеопфатна мерка“, рече тој, додавајќи дека е сигурен дека министрите за надворешни работи на ЕУ, кои треба да се состанат следната недела, ќе прифатат балансиран пристап. Идејата за ограничување на влезот на руските туристи во ЕУ се појави неодамна откако некои земји беа сведоци на доаѓањето на Русите на летен одмор преку соседните земји на ЕУ. Визата издадена од која било земја овозможува пристап без пасоши до сите 26 членки на Шенген зоната. „Фајненшл тајмс“ претходно објави дека земјите-членки на ЕУ се подготвуваат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија од 2007 година поради војната во Украина. Министрите за надворешни работи на ЕУ се подготвени да дадат политичка поддршка за суспензијата на дводневниот неформален состанок во Прага во вторник и среда, објави британскиот весник, цитирајќи тројца претставници вклучени во разговорите. Овој потег ќе ја продолжи делумната суспензија воведена во февруари за руските владини претставници и деловните лидери за да ги вклучи руските цивилни апликанти за визи за ЕУ, пишува Фајненшл тајмс. Суспензиите го прават процесот на издавање на визите за ЕУ ​​покомплициран, скап и бирократски, како и го продолжуваат времето на чекање за одобрување, според насоките на Европската комисија. Чешката Република, Финска и Естонија, откако воведоа сопствени визни ограничувања, се залагаат за ваква одлука на ниво на ЕУ и повикаа на целосна забрана на руските граѓани да патуваат во блокот. Меѓутоа, Германија и Комисијата повикаа на претпазливост против забрана на туристички визи или директни забрани за руските граѓани да патуваат во блокот. Критичарите изразија и хуманитарна загриженост. Европската унија веќе воведе повеќекратни рунди политички и економски санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина во февруари, вклучително и забрана за руски авиокомпании да влезат во воздушниот простор на ЕУ,пренесуваат медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-veli-deka-ne-e-dobra-ideja-da-im-se-stavi-celosna-zabrana-na-ruskite-gragjani-vo-eu/feed/ 0
Полска размислува да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/#respond Sun, 14 Aug 2022 15:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=718389

Полска разгледува планови да го следи примерот на Естонија и Летонија и да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи, јави ДПА. - Полска работи на концептшто ќе овозможи на Русите да не им се издаваат визи, изјави денеска полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Вавчик. Заменик министерот истакна дека неговата земја ја поддржува идејата за воведување на повеќе санкции од страна на Европската унија кон Русија поради војната во Украина, вклучително и воведувањето забрана за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ. - Меѓутоа, влијателни земји од Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Холандија, се против тоа, нагласи тој. Германија и Европската комисија се против воведување забрана за издавање визи за Русите на европско ниво, јави ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/feed/ 0
Германија ќе овозможи заштита за загрозените руски граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-ovozmozi-zashtita-za-zagrozenite-ruski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-ovozmozi-zashtita-za-zagrozenite-ruski-gragjani/#respond Mon, 30 May 2022 14:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=683688

Германската влада денеска постигна договор за нови поедноставени регулативи за обезбедување азил на руските граѓани прогонети во нивната земја. „Сè побруталната агресија на Русија против Украина е придружена со сè побрутална внатрешна репресија, која е особено насочена против претставниците на медиумите, опозицијата и групите за човекови права“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Затоа таа посочи дека Германија мора да им пружи помош на руските граѓани. „Пред се ќе им дадеме можност на новинарите слободно и независно да известуваат од Германија“, рече Фезер. Таа најави „забрзано и небирократско“ решавање на дозволите за престој на загрозените. Притоа нагласи дека апликантите за политичка заштита ќе бидат предмет на темелна проверка од безбедносните служби. „Кремљ се обидува со сите сили да го спречи известувањето за злосторничката војна против Украина, па затоа е многу важно да се овозможи независно известување кое ќе стигне и до руските граѓани“, рече Фезер. Визите за загрозените новинари и нивните семејства ќе се договорат меѓу министерствата за внатрешни и за надворешни работи и Државниот секретаријат за култура. Досега се издадени 16 визи за новинари и нивните семејства. Оваа постапка се објаснува со хуманитарни причини и „зачувување на политичките интереси на Сојузна Република Германија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-ovozmozi-zashtita-za-zagrozenite-ruski-gragjani/feed/ 0