руски хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 21:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерството за финансии на САД одбило напади од руски хакери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-finansii-na-sad-odbilo-napadi-od-ruski-hakeri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-finansii-na-sad-odbilo-napadi-od-ruski-hakeri/#respond Tue, 01 Nov 2022 21:12:19 +0000 https://kurir.mk/?p=754110

Министерството за финансии на САД во октомври одбило кибер напади од руска хакерска група. Како што објавија денеска од финансискиот орган, инцидентот не предизвикал прекини и потврдил дека преземените мерки за засилување на кибербезбедноста на министерството се ефективни. Нападите биле во форма на дистрибуиран отказ на служба (DDoS) и се случиле неколку денови по сличните напади на руската хакерска група „Килнет“ на американски фирми од финансискиот сектор. Тогаш била нападната мрежната инфраструктура на JPMorgan Chase Со., но банкатa не соопшти дали имало последици по нејзината дејност. Во согласност со новите процедури донесени од администрацијата на пртседателот Џо Бајден, Министерствотo за финансии ги предалo IP адресите користени во нападите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-finansii-na-sad-odbilo-napadi-od-ruski-hakeri/feed/ 0
Руски хакери се обиделе да ја саботираат украинската електрична мрежа, соопштија Украинските власти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-se-obidele-da-ja-sabotiraat-ukrainskata-elektrichna-mreza-soopshtija-ukrainskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-se-obidele-da-ja-sabotiraat-ukrainskata-elektrichna-mreza-soopshtija-ukrainskite-vlasti/#respond Tue, 12 Apr 2022 15:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=661998

Руски хакери минатата недела се обиделе да извршат кибер-напад врз електричната мрежа на Украина, соопштија денеска украинските власти и истражителите за кибер-безбедност. Групата, која безбедносните истражувачи ја нарекоа „Песочен црв“ (Sandworm) и претходно се поврзувала со деструктивни кибер-напади од страна на Русија, инсталирала злонамерен софтвер на компјутерите што ги контролираат високонапонските трафостаници во Украина, соопшти украинскиот Компјутерски тим за одговор при итни случаи (ЦЕРТ-УА) на својата веб-страница. – Организацијата која била цел на нападот доживеала два брана напади. Првиот се случил најдоцна до февруари 2022 година. Исклучувањето од електраните и демонтирањето на инфраструктурата на компанијата било закажано за петок вечер, 8 април 2022 година, се вели во соопштението на ЦЕРТ-УА. Во соопштението се додава дека нападот бил спречен но не се открива кој украински снабдувач со електрична енергија бил цел на нападот. Русија постојано ги негира наводите дека извршила кибер-напади врз Украина. Словачката компанија за кибер-безбедност ESET соопшти дека соработувала со CERT-UA за да спречи напади и го опиша малициозниот софтвер како надградена верзија на злонамерна програма што предизвика прекин на електричната енергија во Киев во 2016 година. Злонамерниот софтвер е дизајниран да ја преземе контролата врз компјутерските мрежи на снабдувачи со струја и да ја „прекине струјата“, објави ESET во блог пост. Заедно со него е инсталиран и друг злонамерен софтвер за да се забават обидите за враќање на напојувањето, додаде компанијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-se-obidele-da-ja-sabotiraat-ukrainskata-elektrichna-mreza-soopshtija-ukrainskite-vlasti/feed/ 0
Извештај на Гугл: Руски хакери нападнале мрежи на НАТО и на источноевропски воени сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-gugl-ruski-hakeri-napadnale-mrezi-na-nato-i-na-istochnoevropski-voeni-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-gugl-ruski-hakeri-napadnale-mrezi-na-nato-i-na-istochnoevropski-voeni-sili/#respond Wed, 30 Mar 2022 18:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=655933

Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група на Гугл што анализира закани. Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“. „Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и отидоа на сметки кои не се на Гугл, па не се знае колку биле успешни“, се вели во извештајот на тимот на Гугл.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-gugl-ruski-hakeri-napadnale-mrezi-na-nato-i-na-istochnoevropski-voeni-sili/feed/ 0
Брокеншир: Обидот на руските хакери да украдат истражувања за Ковид-19 е неприфатлив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brokenshir-obidot-na-ruskite-hakeri-da-ukradat-istrazuvanja-za-kovid-19-e-neprifatliv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brokenshir-obidot-na-ruskite-hakeri-da-ukradat-istrazuvanja-za-kovid-19-e-neprifatliv/#respond Fri, 17 Jul 2020 12:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=377711

Британскиот министер за безбедност, Џејмс Брокеншир денеска оцени дека обидот на руските хакери да украдат истражувања за вирусот Ковид-19 е целосно неприфатлив. Тој додаде дека, сепак, тој обид не предизвикал материјална штета. – Сосема е неприфатливо за руската разузнавачка служба да се обиде да влезе во системите на оние кои бараат одговор на кризата и развиваат вакцина. Засега нема докази или информации за каква било штета, изјави Брокеншир за Скај њуз. Британскиот Национален центар за кибер безбедност вчера соопшти дека хакерите поддржани од Русија се обидоа да украдат истражување за вакцината и третманот на вирусот Ковид-19 од академски и фармаколошки институции ширум светот, што Русија го негираше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brokenshir-obidot-na-ruskite-hakeri-da-ukradat-istrazuvanja-za-kovid-19-e-neprifatliv/feed/ 0
ФБИ ги објави имињата на најбараните руски хакери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-gi-objavi-iminjata-na-najbaranite-ruski-hakeri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-gi-objavi-iminjata-na-najbaranite-ruski-hakeri/#respond Thu, 11 Oct 2018 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=113615

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ги откри седуммината најбарани руски хакери откако шпиони на руската разузнавачка служба ГРУ, протерани од Холандија, ненамерно откриле имиња на уште 300 агенти од Кремљ. Како што е соопштено на прес-конференција во Вашингтон, станува збор за хакери кои би можеле да бидат „вооружени и опасни“. Оперативците на руската Влада се обвинети за хакирање на компјутерски мрежи на различни организации во обид да спречат скандал околу допинг на руски атлетичари. Обвинети се Дмитриј Бадин, Артем Малиџаев, Алексеј Минин, Алексеј Моренетс, Евгениј Серебрјаков, Олег Сотников и Иван Јермаков. Овие седуммина се сметаат за вооружени и опасни и можат да претставуваат „меѓународна закана“. Се претпоставува дека мажите на таа листа се дел од наводната единица на Путин за кибер-напад. Истражувачката новинска агенција „Белингкет“, која ги откри вистинските идентитети на напаѓачите кои го отруја Сергеј Скрипал, објави дека двајца од четворицата Руси кои во април беа протерани од Холандија, се регистрирани дека живеат во Воената академија на руската воено разузнавачка агенција ГРУ во Москва. Автомобилот марка „лада“ на Алексеј Моренетес, еден од четворицата протерани, исто така, е регистриран на адреса на одделот за хакери при ГРУ, во близина на Воената академија, а истражувачите велат дека при истрага на останатите возила регистрирани на оваа адреса биле идентификувани 305 други членови на единицата 26165, која е обвинета за спроведување на хакерски напади ширум светот. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-gi-objavi-iminjata-na-najbaranite-ruski-hakeri/feed/ 0
ФБИ предупредува: Русите хакираа повеќе од 100 000 рутери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-predupreduva-rusite-hakiraa-povekje-od-100-000-ruteri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-predupreduva-rusite-hakiraa-povekje-od-100-000-ruteri/#respond Sat, 26 May 2018 07:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=58428

Федералното истражна биро на САД (ФБИ) издаде предупредување дека руски хакери нападнале стотици илјади рутери во САД, со помош на кои тие би можеле да соберат лични податоци и да исклучуваат интернет мрежи. ФБИ им порача на сопственици на рутерите да ги вклучат, па исклучат, како и да симнат последна верзија на драјвери, за да се заштитат. Предупредувањето беше издадено откако Судот му дозволи на ФБИ да ја запленат интернет страницата, за која постои сомнеж дека хакерите сакале да ја искористат при испраќање инструкции на хакираните рутери. За хакирањето е обвинета руската група „Фенси бер", позната и како „Софаси“ или „APT28", која, наводно, е одговорна руската влада. Оваа група беше обвинета за хакирање и на Националниот комитет на демократите за време на претседателските избори во САД во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-predupreduva-rusite-hakiraa-povekje-od-100-000-ruteri/feed/ 0