руски имот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 18:07:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски имот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Белгија поднесени над илјада барања за одмрзнување на руски имот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-podneseni-nad-iljada-barana-za-odmrznuvane-na-ruski-imot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-podneseni-nad-iljada-barana-za-odmrznuvane-na-ruski-imot/#respond Mon, 10 Apr 2023 18:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=822592

Од вкупно 1.000 барања за ослободување на замрзнат руски имот поднесени до надлежните белгиски владини служби разгледани се околу 300, потврди денеска шефот на белгискиот државен трезор Александар Де Гист во интервју за весникот „Соар“. Една од примарните задачи на тимот за спроведување на финансиските санкции на нашата администрација е да ги разгледува барањата за ослободување на имотот. Поднесени се повеќе од илјада барања. Со оглед на ограничените ресурси на осумчлениот тим и огромниот обем досега се обработени само 300 барања, посочи Де Гист. Барањата се поднесени од физички и правни лица. кои сметаат дека не треба да се применуваат санкции за нив, на пример, клиенти на санкционирани руски банки чии лични средства биле автоматски замрзнати, иако тие самите не се на санкционираната листа. Барателите за одмрзнување на имотот треба да докажат дека не се под санкции, дека не дејствуваат во интерес на лицата под санкции и дека нема да ги вратат своите пари во Русија. Не ослободуваме средства ако имаме и најмал сомнеж, наведе Де Гист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-podneseni-nad-iljada-barana-za-odmrznuvane-na-ruski-imot/feed/ 0
Велика Британија замрзна руски имот во вредност од над 20 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-zamrzna-ruski-imot-vo-vrednost-od-nad-20-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-zamrzna-ruski-imot-vo-vrednost-od-nad-20-milijardi-dolari/#respond Thu, 10 Nov 2022 17:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=758747

Британската влада денеска објави дека замрзнала средства во вредност од повеќе од 18 милијарди фунти (20,5 милијарди долари) што ги поседуваат руски олигарси, други поединци и компании санкционирани поради инвазијата на Москва врз Украина. Русија ги престигна Либија и Иран и стана најсанкционирана земја од Велика Британија, објави Канцеларијата за спроведување на финансиските санкции (ОФСИ), дел од Министерството за финансии, во својот годишен извештај. Замрзнатите руски средства се за 6 милијарди фунти повеќе од сумата што се брои во сите други санкции од Велика Британија. Рускиот милијардер Роман Абрамович и бизнисменот Михаил Фридман се меѓу санкционираните оваа година, заедно со претседателот Владимир Путин, неговото семејство и воените команданти. Замрзнатите средства се комбинација од сопственички акции во компании и готовина што се чува на банкарски сметки. Владата санкционираше 95 отсто од рускиот извоз во Британија. Целиот увоз на руска нафта и гас ќе прекине до крајот на годината, јавија британските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-zamrzna-ruski-imot-vo-vrednost-od-nad-20-milijardi-dolari/feed/ 0
Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-izvesti-kipar-za-zaplena-na-ruski-imot-od-393-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-izvesti-kipar-za-zaplena-na-ruski-imot-od-393-milioni-evra/#respond Tue, 24 May 2022 18:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=681036

Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти. Во соопштението се наведува дека Украина го покренала прашањето до „релевантните органи на Република Кипар“ и оти не може да се дадат информации дали компаниите регистрирани на Кипар биле користени за заштита на имотот од санкциите воведени на почетокот на инвазијата. Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова го идентификуваше санкционираниот руски бизнисмен како милијардерот Михаил Фридман од Алфа банка. Канцеларијата на Венедиктова претходно соопшти дека неименуван руски олигарх и бизнисмен, присутен во украинскиот банкарски сектор, се обидел да го заштити своето богатство од санкции упатувајќи го на Кипар. – Кипар е целосно посветен на ефективната примена на санкциите на ОН и рестриктивните мерки на Европската унија, а секое прекршување е казниво со закон. Фридман нема кипарски пасош, се вели во соопштението. Кипар, исто така, ќе им го одземе државјанството на осум Руси и членови на нивните семејства кои се наоѓаат на списокот со санкции на ЕУ.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-izvesti-kipar-za-zaplena-na-ruski-imot-od-393-milioni-evra/feed/ 0
Шмигаљ: Украина ќе го конфискува рускиот имот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmigalj-ukraina-kje-go-konfiskuva-ruskiot-imot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmigalj-ukraina-kje-go-konfiskuva-ruskiot-imot/#respond Tue, 10 May 2022 19:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=674840

Украинската Влада денеска одобри указ со кој целиот руски имот на територијата на Украина се пренесува на државата односно на државното претпријатие Национален инвестициски фонд. – И претседателот и Владата повеќе пати зборуваа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина, изјави премиерот Денис Шмигаљ. Тој на Телеграм објави дека Киев ќе одземе сè што Русија поседува во Украина и тоа ќе го искористи за зајакнување на армијата, за поддршка на луѓето и за обнова на земјата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shmigalj-ukraina-kje-go-konfiskuva-ruskiot-imot/feed/ 0
Франција запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zaplenila-ruski-imot-vo-vrednost-od-23-7-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zaplenila-ruski-imot-vo-vrednost-od-23-7-milijardi-evra/#respond Wed, 13 Apr 2022 06:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=662207

Франција досега на своја територија запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра, вклучувајќи недвижен имот вреден 573,6 милиони евра, пренесува Бета. Информациите од извори блиски до француското Министерство за економија и финансии укажуват дека ажурираниот список вклучува 22,8 милијарди евра на Централната банка на Русија блокирани на француските сметки. На тоа се додаваат 178 милиони евра од различни банкарски сметки. Француските власти уште заплениле четири руски товарни бродови и четири јахти во вкупна вредност од 125,2 милиони евра, шест хеликоптери во вредност од над 60 милиони евра, како и уметнички дела вредни седум милиони евра. Истовремено запленети се и 33 имоти, а наскоро на списокот треба ќе се додадат уште десетина имоти во вредност од неверојатни 24 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zaplenila-ruski-imot-vo-vrednost-od-23-7-milijardi-evra/feed/ 0
Лондон со намера да го замрзне сиот руски државен имот поради Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/#respond Wed, 27 Jan 2021 14:54:47 +0000 https://kurir.mk/?p=460651

Велика Британија ќе го замрзне целиот руски државен имот доколку има докази за закана по животот или имотот на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа земја, соопшти Форин офис. Лондон исто така ќе ги разгледа сите можни санкции против поединци од Русија, што се воведени во врска со притворањето на Алексеј Навални. Министерката Венди Мортон изјави пред Парламентот дека целиот руски имот ќе биде замрзнат доколку властите најдат докази дека Русите им се заканувале на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа држава. Мортон исто така посочи дека можните нови санкции постојано ќе се разгледуваат и дека во овој момент не е соодветно да се коментираат натамошните потези бидејќи тоа може да го намали нивното влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-so-namera-da-go-zamrzne-siot-ruski-drzaven-imot-poradi-navalni/feed/ 0