руски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 18:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радио Слободна Европа започна нова програма на руски јазик за балтичките земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/#respond Wed, 22 Mar 2023 18:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=815202

Американското радио Слободна Европа започна нова програма на руски јазик за корисниците во балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија, јави ДПА. Програмата „Балтикот во сегашно време“ има за цел да му обезбеди објективни вести на рускојазичното малцинство и да се бори против дезинформациите на Москва, соопшти радиото. Получасовниот пренос во живо ќе се емитува од понеделник до петок од студио во Рига со поддршка на новинарите во Талин и Вилнус. Еден од првите гости во студиото беше претседателот на Летонија Егилс Левитс. „Балтикот во сегашно време“ ќе биде важна противтежа на корозивните лаги на Кремљ за демократските институции и вредности на балтичките земји“, порача шефот на Радио Слободна Европа Џејми Флај. Многумина од рускојазичните малцинства во балтичките земји, кои се граничат со Русија, со години гледаат само руска државна телевизија емитувана од Москва, потсетува ДПА. Од почетокот на руската инвазија на Украина, трите балтички земји воведоа забрани за руските телевизиски канали со образложение дека шират лажни информации и провоена пропаганда или поттикнуваат омраза. Радио Слободна Европа, основано во 1951 година, е финансирано од американската влада, но, според самиот медиум, вестите ги пренесува без никакви насоки од Вашингтон. Се емитува на 27 јазици во 23 земји и го слушаат повеќе од 40 милиони луѓе секоја недела. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/radio-slobodna-evropa-zapochna-nova-programa-na-ruski-jazik-za-baltichkite-zemji/feed/ 0
Британскиот весник „Индипендент“ објавува верзија на руски јазик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-vesnik-indipendent-objavuva-verzija-na-ruski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-vesnik-indipendent-objavuva-verzija-na-ruski-jazik/#respond Tue, 16 Jun 2020 15:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=358743

Рускиот медиумски магнат Александар Лебедев изјави дека планира овој месец да објави електронска верзија на руски јазик на британскиот весник „Индипендент“, соопшти рускиот портал РБК. Лебедев, кој е сопственик на „Индипендент“ и на лондонскиот „Ивнинг стандард“, не прецизираше конкретен датум за започнување на новото издание. Главниот и одговорен уредник на новиот проект, Артјом Артиомов, изјави за РБК дека новата верзија на руски јазик ќе се состои исклучиво од руски преводи на написите на „Индипендент“ и, слично на британското издание, ќе биде достапна само на интернет. Тој нагласи дека периодот на тестирање на веб страницата на руската верзија започна во февруари и ќе биде достапна за јавноста во рок од две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-vesnik-indipendent-objavuva-verzija-na-ruski-jazik/feed/ 0