руски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 09:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ бара од Гугл да ги отстрани руските државни медиумски сајтови од пребарувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-od-gugl-da-gi-otstrani-ruskite-drzavni-mediumski-sajtovi-od-prebaruvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-od-gugl-da-gi-otstrani-ruskite-drzavni-mediumski-sajtovi-od-prebaruvanjeto/#respond Thu, 17 Mar 2022 09:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=648711

Европската комисија испрати барање до Гугл да ги отстрани резултатите од руските државни медиуми за пребарувањата спроведени во земјите во ЕУ. Според извештајот на Вашингтон пост, Гугл доставил писмо од претставници на ЕУ во базата на податоци за владини барања. Во него официјалните лица објаснуваат како официјалната наредба на комисијата за забрана на емитување на РТ и Спутник во Европската унија се однесува на пребарувачите и воопшто на интернет компаниите. Комисијата ја забрани работата на државните медиуми неколку дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, тогаш изјави дека на овој начин медиумите „повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин“. Иако не беше целосно јасно како наредбата се применува на интернет компании, Фејсбук, Твитер и ТикТок веднаш го ограничија пристапот до РТ и Спутник низ Европа. Своите ограничувања ги објави и Гугл, но само за Јутјуб каналите на тие куќи. Во писмото објавено од Гугл, официјалните лица објаснија дека пребарувачите играат главна улога во ширењето на содржината и дека ако компанијата не ги отстрани тие куќи, тоа ќе го олесни пристапот на јавноста. Во дел од писмото се вели: „Активноста на пребарувачот игра клучна улога во севкупната дистрибуција на содржината во смисла дека му дава достапнoст на секој корисник на Интернет кој пребарува врз основа на индикации за содржина или поврзани термини, вклучително и интернет корисници кои инаку не би пронашле веб-локација каде што содржината е објавена. . Според тоа, додека пребарувачите како Гугл не ги отстранат РТ и Спутник, тие го олеснуваат или придонесуваат за јавен пристап до содржината на РТ и Спутник.“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-od-gugl-da-gi-otstrani-ruskite-drzavni-mediumski-sajtovi-od-prebaruvanjeto/feed/ 0