руски олигарси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 09:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски олигарси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Навални: Запад да го прошири списокот санкционирани руски олигарси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-zapad-da-go-proshiri-spisokot-sankcionirani-ruski-oligarsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-zapad-da-go-proshiri-spisokot-sankcionirani-ruski-oligarsi/#respond Wed, 17 Aug 2022 09:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719746

Рускиот дисидент Алексеј Навални по повика Западот да воведе уште посилни санкции против руските олигарси, во услови кога Москва ја продолжува војната во Украина. „Да не забовравиме, санкциите се неопходни за да се натера агресорот да ја запре војната. Да се изврши притисок врз него. На располагање се комплексни решенија како ембаргото на нафтата и на гасот. Но, има и мошне едноставни, персонални санкции. За нив не е потребно ништо освен политичка волја“, напиша тој од затворот каде отслужува долгогодишна казна. Во низата објави преку Твитер Навални го критикува фактот што директорот на државната нафтена компанија „Роснефт“ Игор Сечин е на листата санкционирани личности, додека директорот на „Газпром“ Алексеј Милер не е. Како пример тој уште го посочи и милијардерот Роман Абрамович, кој исто така не е на американската листа санкционирани руски олигарси. Од 200 најбогати руски државјани од листата на руското издание на „Форбс“, едвај четвртина се на списокот санкционирани, пишува Навални. Навални моментално отслужува деветгодишна затворска казна, изречена заради наводно извршено кривично дело „измама“. Тој се смета за политички затвореник, поради неговите отворени критики упатени на адреса на руските власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-zapad-da-go-proshiri-spisokot-sankcionirani-ruski-oligarsi/feed/ 0
Мишел: ЕУ треба да го продаде имотот што го заплени од руските олигарси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-eu-treba-da-go-prodade-imotot-shto-go-zapleni-od-ruskite-oligarsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-eu-treba-da-go-prodade-imotot-shto-go-zapleni-od-ruskite-oligarsi/#respond Thu, 05 May 2022 15:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=672467

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да го продаде имотот што го запленила од санкционирани руски поединци и средствата од продажбата да се искористат за обнова на Украина. – Апсолутно сум убеден дека ова е исклучително важно. Треба да се дозволи конфискација и да се инвестира во обновата на Украина. Мислам дека ова е прашање на праведност, изјави Мишел за украински Интерфакс. ЕУ минатиот месец соопшти дека замрзнала 30 милијарди евра средства поврзани со руски и белоруски поединци кои се под санкции. Со изјавата за продажба на запленетиот руски имот, Шарл Мишел стана првиот висок функционер на ЕУ кој предложи конфискација на имотот. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела предложи запленетиот имот на олигарсите да се продаде за да се поправи штетата предизвикана од Русија и да се помогне во обновата на Украина. Сепак одредени познавачи на состојбите предупредија дека какви било законски чекори во тој поглед би можеле да загрозат некои основни права, што Мишел го призна како нешто што предизвикува загриженост. – Запленувањето имот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес, рече Шарл Мишел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-eu-treba-da-go-prodade-imotot-shto-go-zapleni-od-ruskite-oligarsi/feed/ 0
Франција замрзна 800 милиони евра на руски олигарси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-800-milioni-evra-na-ruski-oligarsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-800-milioni-evra-na-ruski-oligarsi/#respond Wed, 23 Mar 2022 14:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=652089

Француските власти замрзнаа имот од 800 милиони долари во сопственост на руски олигарси како дел од санкциите по руската инвазија на Украина, изјави денеска за новинарите во Париз портпаролот на француската влада Габриел Атал. „Овие санкции се чувствуваат во Русија, каде што економијата се тетерави, рубљата пропаѓа, берзата во најголем дел сè уште е затворена, а Централната банка е силно погодена, рече тој. – Нема да има табу ако треба да одиме понатаму, рече Атал во однос на какви било дополнителни санкции. Последната рунда санкции на Европската унија на почетокот на март против Русија вклучуваше мерки насочени кон 160 олигарси и руски политичари. Министерот за финансии Бруно Ле Мер во неделата изјави дека Франција досега замрзнала околу 150 милиони евра приватни банкарски сметки кај француските финансиски институции и недвижен имот во земјата во вредност од 539 милиони евра, а станува збор за триесетина недвижности или станови. – Франција исто така го блокираше користењето на две јахти во руска сопственост вредни околу 150 милиони евра, рече Ле Мер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-zamrzna-800-milioni-evra-na-ruski-oligarsi/feed/ 0
Велика Британија: Домовите на руските олигарси може да се користат за сместување украински бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-domovite-na-ruskite-oligarsi-moze-da-se-koristat-za-smestuvanje-ukrainski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-domovite-na-ruskite-oligarsi-moze-da-se-koristat-za-smestuvanje-ukrainski-begalci/#respond Sun, 13 Mar 2022 11:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=646321

Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер. Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и имотите на санкционирани поединци, сè додека тие се санкционирани, за хуманитарни и други цели. – Постои прилично висока законска пречка што треба да се помине и не зборуваме за трајна конфискација. Но, ние велиме: „Ти си санкциониран, го поддржуваш Путин, овој дом е тука, немаш право да го користиш или да профитираш од него … Ако можеме да го користиме за да им помогнеме на другите, ајде да го направиме тоа“, рече Гоув. Тој додаде дека британската Влада сака да ги зајакне сегашните мерки кои ги спречуваат олигарсите само да ги продаваат своите домови во Велика Британија, а не и да живеат во нив. – Ако вашето богатство и вашето влијание се користат со цел да се поддржи или да се обезбеди утеха на Путин, со оглед на тоа што тој го прави, тогаш се плашам дека треба да ги сносите последиците, повлече Гоув.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-domovite-na-ruskite-oligarsi-moze-da-se-koristat-za-smestuvanje-ukrainski-begalci/feed/ 0
Франција подготвува список на имот на руски олигарси кој ќе подлежи на санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francija-podgotvuva-spisok-na-imot-na-ruski-oligarsi-koj-kje-podlezi-na-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francija-podgotvuva-spisok-na-imot-na-ruski-oligarsi-koj-kje-podlezi-na-sankcii/#respond Mon, 28 Feb 2022 15:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=638132

Франција подготвува список на имот во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи луксузни автомобили и јахти што можат да бидат запленети според санкциите на ЕУ воведени по руската инвазија на Украина. На Француската ривиера долго време имаат имот богати Руси, а многумина летуваат на јахти или во нивните луксузни вили на брегот на Средоземното Море. „На барање на претседателот, продолжуваме со целосно истражување на финансиските средства, недвижен имот, јахти и луксузни возила (во Франција) кои припаѓаат на руски личности кои се цел на европските санкции“, изјави денеска министерот за економија Бруно Ле Мер. Тој додаде дека Франција исто така работи на идентификување на имотот на другите Руси кои би можеле да бидат погодени од дополнителни рунди на санкции „поради нивната блискост со руската влада“. Министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, говорејќи покрај Ле Мер во претседателската палата во Париз, рече дека ќе бидат преземени мерки „за многу краток временски период“ против „руските пропагандни органи“ кои се одговорни за „дезинформации“ во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francija-podgotvuva-spisok-na-imot-na-ruski-oligarsi-koj-kje-podlezi-na-sankcii/feed/ 0