руски сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 06:37:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руските сили повторно ја нападнаа Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-ja-napadnaa-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-ja-napadnaa-odesa/#respond Mon, 25 Sep 2023 06:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=881416

Русија повторно ја нападна областа Одеса во јужна Украина со 19 беспилотни летала и 14 проектили, соопштија денеска украинските власти додавајќи дека едно лице е повредено, а пристанишната инфраструктура е оштетена. Москва „го нападна регионот Одеса со дронови и два вида проектили“, информира гувернерот Олег Кипер на Телеграм, наведувајќи неколку напади, вклучително и напад врз пристанишната инфраструктура. „Еден цивил е повреден од експлозија“, додаде тој, прецизирајќи дека лицето е префрлено во болница. Според украинската армија, Русија во нападот користела 19 дронови Шахед од иранско производство, две суперсонични ракети Оникс и 12 ракети Калибр. Активирана е и подморница, според истиот извор. Сите дронови и 11 проектили Калибр биле соборени од противвоздушната одбрана, но градот претрпел „значителна“ штета. Во еден хотел избувнал пожар кој брзо бил изгаснат. Во исто време, гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит, соопшти дека украински напад со дрон оштетил административна зграда и неколку приватни домови. Засега нема информации за обемот на нападот и информацијата не може да биде потврдена од независен извор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-ja-napadnaa-odesa/feed/ 0
Руските сили повторно го гранатираа Кременчук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-go-granatiraa-kremenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-go-granatiraa-kremenchuk/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=850196

Руските сили денеска го гранатираа градот Кременчук, централна Украина, на првата годишнина од нападот врз трговскиот центар во тој град. Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви. Непријателот го нападна регионот Полтава. Исто како пред една година денес, со ракетите Кс-22, напиша тој на својот профил на Телеграм. Најмалку 22 лица беа убиени во трговскиот центар Амстор за време на руски ракетен напад врз Кременчук пред точно една година. Русија редовно извршува воздушни напади врз Украина од крајот на февруари 2022 година. Во Кременчук се наоѓа Украинската рафинерија за нафта, која од почетокот на војната во Украина е гранатирана неколку пати. Советникот на претседателот на Украина, Мјахил Подољак го опиша денешниот напад како обид да се привлече вниманието на руската јавност по прекинатиот бунт на шефот на руската приватна воена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-povtorno-go-granatiraa-kremenchuk/feed/ 0
Зеленски повтори дека одбива преговори со Москва доколку не се повлечат руските сили од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povtori-deka-odbiva-pregovori-so-moskva-dokolku-ne-se-povlechat-ruskite-sili-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povtori-deka-odbiva-pregovori-so-moskva-dokolku-ne-se-povlechat-ruskite-sili-od-ukraina/#respond Thu, 26 Jan 2023 09:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=792178

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Скај Њуз изјави дека не е заинтересиран за средба со Владимир Путин за мировни преговори, велејќи дека рускиот претседател е „никој“. – Разговори би биле можни само ако Русија ги повлече своите војници, ја признае својата грешка и има нова влада во Москва, изјави Зеленски за британската телевизија Скај њуз. – Само тогаш би биле можни разговори, потенцираше шефот на украинската држава. Зеленски, и претходно, со декрет забрани преговори со рускиот претседател Владимир Путин на крајот на септември 2022 година, потсетува ДПА. – Тие не сакаат разговори, а тоа беше случај и пред инвазијата. Претседателот Путин така одлучи, вели Зеленски. Украинскиот претседател истакна дека средбата со Путин нема смисла. – Немам интерес. Не е интересно да се среќаваме, не е интересно да зборуваме, рече тој. …Навистина не знам кој ги носи одлуките во Русија. Тој додаде дека „не разбира кој ги носи одлуките во Русија“ и дека додека Москва бара мир, таа лаже напаѓајќи ја Украина со проектили. Тој, исто така, ги коментираше шпекулациите за руска офанзива во Украина во наредните недели. Претседателот на Украина рече дека луѓето се негов приоритет број еден, додавајќи: „Не сакам да се борам на руска територија. Само сакам што поскоро да ја прекинат војната и што побрзо да ја напуштат нашата земја. Можам со сигурност да ви кажам дека ако ја напуштат нашата територија, војната ќе престане. Тоа е се.” На прашањето дали е доцна за разговори, Зеленски рече: По сеопфатната инвазија, за мене Путин е никој“. Тој рече дека е убеден дека Украина е само првиот чекор за Путин. Пред војната, рече тој, имало средби со Путин. „Видов човек кој рече едно, а потоа направи друго“, рече Зеленски на англиски. „Кој е тој сега? По целосната инвазија, за мене тој е никој“, истакна Зеленски во интервјуто за Скај Њуз, дадено на англиски јазик.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povtori-deka-odbiva-pregovori-so-moskva-dokolku-ne-se-povlechat-ruskite-sili-od-ukraina/feed/ 0
Руските сили влегле во Северодонецк, потврди градоначалникот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-vlegle-vo-severodoneck-potvrdi-gradonachalnikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-vlegle-vo-severodoneck-potvrdi-gradonachalnikot/#respond Mon, 30 May 2022 13:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=683663

Градоначалникот на Северодонецк, Олександар Стрјук денеска потврди дека руските сили влегле во тој град во источна Украина. Стрјук изјави дека снабдувањето со електрична енергија и комуникациите се прекинати и дека градот е „целосно уништен“. -Бројот на жртвите расте од час во час, но не можеме да ги броиме загинатите и ранетите во уличните борби, додаде градоначалникот во телефонското интервју за АП. Стрјук рече дека 12.000-13.000 цивили, колку што останале во градот од повеќе од 100.000 луѓе, се засолниле во подруми и бункери за да го избегнат руското бомбардирање. Градоначалникот рече дека 1.500 цивили во градот загинале од почетокот на војната во руските напади, како и поради недостиг на лекови или медицински третман. Украинската армија соопшти дека руските сили ги зајакнуваат своите позиции во североисточното и југоисточното предградие на Северодонецк и носат дополнителна опрема и муниција за зајакнување на офанзивата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-vlegle-vo-severodoneck-potvrdi-gradonachalnikot/feed/ 0
Украински власти тврдат дека руските сили пукале во автобуси со цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/#respond Fri, 15 Apr 2022 12:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=663596

Украинските власти денеска соопштија дека седум лица загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган врз автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харков. Како што пренесе Бета, регионалното обвинителство соопшти дека украинските безбедносни агенции работат на утврдување на околностите на нападот. Инспекторите, исто така, ги утврдуваат маршрутите и дестинацијата на возилата што превезуваат цивили преку територијата под руска контрола околу селото Бороваја. Обвинителството информира дека покренало кривична постапка поради сомнение за „повреда на законите и обичаите на војната, во комбинација со убиство со умисла“. Информациите не можат да се потврдат од независни извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-tvrdat-deka-ruskite-sili-pukale-vo-avtobusi-so-civili/feed/ 0
Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-pogodija-rezervoar-so-azotna-kiselina-vo-istochna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-pogodija-rezervoar-so-azotna-kiselina-vo-istochna-ukraina/#respond Tue, 05 Apr 2022 12:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=658764

Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источниот украински град Рубижне, поради што над областа има облак од отровен чад. Локалните власти на Луганск ги предупредија жителите да останат во затворени простории или да носат маска за лице натопена во раствор на натриум. Азотна киселина е многу опасна ако се вдише, голтне или ако е во контакт со кожата. Последиците од контакт со азотна киселина се слични на употреба на хемиско или биолошко оружје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-pogodija-rezervoar-so-azotna-kiselina-vo-istochna-ukraina/feed/ 0
Градоначалникот на Лавов: Руските сили извршија воздушен напад врз градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-lavov-ruskite-sili-izvrshija-vozdushen-napad-vrz-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-lavov-ruskite-sili-izvrshija-vozdushen-napad-vrz-gradot/#respond Sat, 26 Mar 2022 16:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=653826

Лавов, најголемиот град во западна Украина, денеска беше цел на руски воздушен напад, соопшти градоначалникот на градот, кој не даде дополнителни детали за нападот. Градоначалникот Андриј Садовиј рече дека чека информации од воената администрација, во објава на Телеграм. Тој ги повика луѓето да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување фотографии или видеа од нападот. Дописникот на Си-Ен-Ен од Лавов потврди дека имало три експлозии во градот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-lavov-ruskite-sili-izvrshija-vozdushen-napad-vrz-gradot/feed/ 0
Украинскиот меѓународен аеродром цел на руските сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-megjunaroden-aerodrom-cel-na-ruskite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-megjunaroden-aerodrom-cel-na-ruskite-sili/#respond Tue, 22 Mar 2022 11:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=651328

Повик за евакуација на украинскиот град Бориспил објави градоначалникот Володимир Борисенко денеска поради вжештувањето на битките со руските сили. Станува збор за град во кој се наоѓа меѓународен аеродром и кој е во близина на главниот град Киев. Градоначалникот Борисенко во видео обраќање ги советува жителите да го напуштат градот, затоа што, како што вели „нема потреба да се биде во градот сега бидејќи веќе се водат борби во областа околу него“. -Го повикувам цивилното население да биде паметно, да се обрати до нашиот центар за повици и да го напушти градот штом ќе се појави прилика, додаде тој во обраќањето кое беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-megjunaroden-aerodrom-cel-na-ruskite-sili/feed/ 0
Руските сили го гранатираа пазарот во Харков https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/#respond Thu, 17 Mar 2022 20:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=649119

Руските сили го гранатираа големиот пазар Барабашов во Харков, предизвикувајќи серија пожари, соопштија локалните власти. Снимките покажуваат огромни облаци од црн чад што се издигнуваат од неколку делови на пазарот, што укажува на тоа дека комплексот претрпел повеќекратни удари. – Во гаснење на пожарот учествувале 70 лица, кој се проширил во околните куќи. Едно лице вклучено во гаснењето на пожарот загина, изјави градоначалникот на Харков. Пазарот, кој се смета за еден од најголемите во светот, се простира на површина од 300.000 квадратни метри, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/feed/ 0