руски спортисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 10:05:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски спортисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина ќе ги бојкотира меѓународните натпреварувања со руски спортисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-gi-bojkotira-megunarodnite-natprevaruvana-so-ruski-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-gi-bojkotira-megunarodnite-natprevaruvana-so-ruski-sportisti/#respond Fri, 31 Mar 2023 10:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=818439

Властите во Киев соопштија денеска дека на украинските спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри 2024 во Париз доколку на нив мораат да се натпреваруваат против Руси. Владината одлука е донесена по предлогот на украинскиот министер за спорт Вадим Хутсаит, кој, исто така, е претседател на Олимпискиот комитет на Украина. „На седницата на Влада е донесена протоколарна одлука на предлог на колегата Хутсаит во квалификациските натпревари да учествуваме само доколку таму нема Руси“, изјави секретарот на Министерскиот совет, Олех Немчинов. Меѓународниот олимписки комитет издаде во вторникот препорака за постепено враќање на меѓународните натпреварувања на руските и белоруските спортисти под неутрални обележја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-gi-bojkotira-megunarodnite-natprevaruvana-so-ruski-sportisti/feed/ 0
Руските фудбалски клубови и репрезентации остануваат надвор од меѓународните натпреварувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ruskite-fudbalski-klubovi-i-reprezentatsii-ostanuvaat-nadvor-od-megunarodnite-natprevaruvana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ruskite-fudbalski-klubovi-i-reprezentatsii-ostanuvaat-nadvor-od-megunarodnite-natprevaruvana/#respond Fri, 24 Feb 2023 10:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=804547

Одлуката за исклучување на руските фудбалски репрезентации и екипи од сите меѓународни натпреварувања останува на сила, соопшти Меѓународниот спортски суд во Лозана. ФИФА, како и УЕФА, го суспендираа рускиот репрезентативен и клупски фудбал во февруари лани кога Русија воено ја нападна Украина. Одлуката потоа ја потврди и Судот во Лозана на 25 ноември. Тогаш беше одбиена и руската жалба на одлуката. Агенцијата ДПА наведе дека Фудбалската Федерација на Русија имаше право да поднесе жалба на суспензијата до 13 јануари оваа година, но Судот во Лозана ја примил жалбата дури на 10 февруари. Судот својата одлука за продолжување на суспензијата ја донел на 20 февруари, а официјално ја објави во четвртокот. Со тоа, сите споменати суспензии станаа и правосилни.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ruskite-fudbalski-klubovi-i-reprezentatsii-ostanuvaat-nadvor-od-megunarodnite-natprevaruvana/feed/ 0
ФИС ја продолжи суспензијата за руските и белоруските спортисти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fis-ja-prodolzi-suspenzijata-za-ruskite-i-beloruskite-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fis-ja-prodolzi-suspenzijata-za-ruskite-i-beloruskite-sportisti/#respond Sun, 23 Oct 2022 13:22:48 +0000 https://kurir.mk/?p=749615

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) донесе одлука да ја задржи на сила суспензијата за руските и белоруските спортисти за сите свои натпреварувања. „Во интерес на зачувување на интегритетот на натпреварувањата на ФИС и безбедноста на сите учесници, а во согласност со препораките на МОК, Извршниот одбор одлучи да ја задржи забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите натпреварувања“, соопшти ФИС по состанокот во Золден. ФИС во март годинава, по руската инвазија врз Украина, воведе суспензија за сезоната 2021/22, која сега е продолжена и на новата сезона. Одлуката најмногу е влијае на натпреварувањата во нордиско скијање, дисциплина во која руските натпреварувачи освоија речиси третина од сите медали на последните Зимски олимписки игри во Пекинг. -Ќе се вратам. Сите мораме да се вратиме, напиша на социјалните мрежи, коментирајќи ја одлуката на ФИС, руската скијачка Вероника Степанова, која во Пекинг го освои златниот медал во женската штафетна трка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fis-ja-prodolzi-suspenzijata-za-ruskite-i-beloruskite-sportisti/feed/ 0
ЦЕЛ СВЕТ ГЛЕДАШЕ ВО РУСКИТЕ СПОРТИСТИ – еве како реагираа кога Украинците им кажаа дека нема да се борат со нив поради војната! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cel-svet-gledashe-vo-ruskite-sportisti-eve-kako-reagiraa-koga-ukraincite-im-kazaa-deka-nema-da-se-borat-so-niv-poradi-vojnata-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cel-svet-gledashe-vo-ruskite-sportisti-eve-kako-reagiraa-koga-ukraincite-im-kazaa-deka-nema-da-se-borat-so-niv-poradi-vojnata-video/#respond Mon, 28 Feb 2022 16:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=638159

Првата средба на руски и украински спортисти, после руската агресија врз Украина почната во четвртокот наутро, очекувано не се случи. Требаше селекциите на двете земји да се борат во мечување, ама Украинците ги одбија натпреварите. Во Доха (Катар) требаше да има мечување на селекциите на Русија и Украина, селекциите се појавија на борилиштето, а Украинците тоа го сторија само за да ја соопштат одлуката дека нема да се натпреваруваат, поради ситуацијата во својата земја. И после одлуката, Украинците добија аплаузи, ама остана впечатлива реакцијата и на Русите. Двајца од четворицата руски мечувалци исто така аплаудираа, иако тоа го сторија срамежливо. Инаку прв човек на светската мечувалска федерација е Алишер Усманов, газдата на лондонски Арсенал и еден од низата олигарси кои е тесно поврзан со рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е исклучен од почесното претседателско место во светската џудо федерација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cel-svet-gledashe-vo-ruskite-sportisti-eve-kako-reagiraa-koga-ukraincite-im-kazaa-deka-nema-da-se-borat-so-niv-poradi-vojnata-video/feed/ 0