руски танкер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Apr 2022 12:24:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски танкер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/#respond Mon, 25 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=667595

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“. Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина. – Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката. Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/feed/ 0
Запленет руски танкер во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-ruski-tanker-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-ruski-tanker-vo-grcija/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=665242

Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со која танкерот останува закотвен во близина на пристаниште во Каристос, а заплената се однесува на самиот брод, а не и на нафтата што ја пренесувал. Грчките медиуми објавија дека танкерот уште од петокот е во близина на грчкиот остров откако се соочил со проблеми со моторот, а со помош на реморкер требало да биде извлечен до Пелопонез, меѓутоа поради лошото време останал закотвен на Евија. Во танкерот имало 19-член екипаж, морнари од Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-ruski-tanker-vo-grcija/feed/ 0