руски тенк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 19:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png руски тенк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Руски тенк Т-72 влетал на плажа додека луѓе се сончале, војската вели дека тоа било воен терен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ruski-tenk-t-72-vletal-na-plazha-dodeka-luge-se-sonchale-vojskata-veli-deka-toa-bilo-voen-teren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ruski-tenk-t-72-vletal-na-plazha-dodeka-luge-se-sonchale-vojskata-veli-deka-toa-bilo-voen-teren/#respond Tue, 11 Jul 2023 19:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=855561

Локалните жители во рускиот град Тјумен се налутија кога тенк влета на плажа, каде тие се сончале и сакале да се разладат во Андрејевското езеро Температурите во тој руски град последните денови беа значително повисоки од 30 степени, па мештаните побараа освежување во блиското езеро. Меѓутоа, мирниот летен ден ненадејно го прекинал тенк Т-72 на руската армија, кој двапати без застанување влета меѓу луѓето, пишува Дневник.хр. Според извештаите на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак, доаѓањето на тенкот Т-72 и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина. Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби. „Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување помина тенк со голема брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец. Од военото училиште, пак, тврдат дека тоа подрачје е забрането за собирање цивили. „Ништо не се случи. Ова е територија на Министерството за одбрана и е забрането да се собираат цивили и да се капат на тоа подрачје. Целото подрачје е ископано. Ова е наш полигон. Тенкот едноставно излезе од шумата, сврте и се врати назад, тоа е се. Никој никому не се закануваше“, велат од Военото училиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ruski-tenk-t-72-vletal-na-plazha-dodeka-luge-se-sonchale-vojskata-veli-deka-toa-bilo-voen-teren/feed/ 0
Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-tenk-granatirashe-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-tenk-granatirashe-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica-vo-ukraina/#respond Sun, 20 Mar 2022 13:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=650204

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во градот Кремина во источниот дел на Украина, истакна шефот на воената цивилна управа во Луганск, Сергеј Хаидаи, јави Би Би Си. Тој на платформата Телеграм напиша дека руските сили „цинично и намерно“ отвориле оган, при што загинале 56 луѓе. Хаидаи тврди дека 15-те преживеани биле „киднапирани од окупаторите“ пред да бидат однесени во „регионалниот дом за стари и изнемоштени лица“ во Сватово. Би-Би-Си не успеа да ја потврди информацијата од независен извор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-tenk-granatirashe-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica-vo-ukraina/feed/ 0