рустеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Jan 2020 14:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рустеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Рекет“ продолжува: Јанева се смири, без пцовки и навреди кон Рустеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-janeva-se-smiri-bez-pcovki-i-navredi-kon-rustemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-janeva-se-smiri-bez-pcovki-i-navredi-kon-rustemi/#respond Tue, 28 Jan 2020 14:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=295834 Поранешниот специјален јавен обвинител, Бурим Рустеми кој беше дел од тимот на Катица Јанева денес сведочеше во „Рекет”. Се разликуваше и текот на рочиштата. Ако вчера судењето помина со навреди и вулгарни зборови, денес беше тивко и во мирна атмосфера.

Катица Јанева не изусти ниту збор, ниту пак имаше прашања за нејзиниот поранешен колега, Бурим Рустеми.

За него прашање имаше само обвинителката Гордана Смаќоска која на последните две рочишта ја менува Вилма Русковска.

На прашањата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рустеми појасни дека во СЈО тогашната шефица му го доделила предметот за „Поштенска банка“ за кој воделе предистрага која траела околу 1 година. Во октомври, 2018 година одлучиле дека треба да се отвори истрага и побарале притвор за, но судот определил само мерки.

Рустеми во своето сведочење ја спомена Јанева во делот во кој зборуваше за предлогот за замрзнување на имот во предметот и појасни дека за стан кој бил сопственост на осомничениот Томе Главчев добил напатствија да не бара замрзнување на овој стан оти, како што му кажала Јанева станот бил продаден.

По ова Јанева побарала да му се врати и патната исправа на Главчев врз основа на понудена гаранција во машини за кошули во вредност од 1 милион евра.

Рустеми посочи дека гаранцијата и ваквиот предлог му биле сосема оправдани и не се посомневал во никаква друга заднина.

Во неформален разговор Рустеми сведочеше дека добил од Јанева усмено известување дека таа размислува да се утврди штета во предметите, како и да се наведе висината на затворските казни и предметот да се затвори без осомничените да одат во затвор.

„Ваквото размислување ме збуни и единствено логично објаснување е дека Јанева ќе ги затвори предметите повикувајќи се на начелното правно мислење од Врховниот суд, бидејќи и Поштенска банка беше отворена после рокот од 18 месеци“, сведочеше Рустеми.

Тој појасни дека истиот овој предлог Јанева го кажала и на состанок, но дека никој од обвинителите немал можност да го соопшти својот став.

“Ни го кажа тоа и на состанок и направив Извештај кој го дадов на Јанева. Апсурдно беше, бидејќи на ваков начин не се правеа спогодбите. По ова ниту Јанева спомена, ниту јас сум побарал средба околу она што таа го предложи“, рече Рустеми.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-janeva-se-smiri-bez-pcovki-i-navredi-kon-rustemi/feed/ 0