рута на солидарноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jul 2018 10:29:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рута на солидарноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рута на солидарноста во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ruta-na-solidarnosta-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ruta-na-solidarnosta-vo-skopje/#respond Tue, 24 Jul 2018 10:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=80370

Со „Рута на солидарноста“ денеска во Скопје продолжува одбележувањето на 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“. Панорамско разгледување на Скопје почнува од паркот Мајка Тереза, платото пред зградата на ЕВН, каде граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Организатори се Град Скопје, Јавно сообраќајно претпријатие-Скопје и ЈСП Турс. На рутата, како што информираат од Град Скопје, се Старата железничка станица, населбите Тафталиџе 1 и 2 изградени со помош на светската солидарност, поликлиника Букурешт која е подарок од Романија, Универзална сала што е подарок од Бугарија, како и блоковите од Градски ѕид кои се дел од проект на архитектот Кензо Танге. Зборува Скопје 1 Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат денеска, утре и задутре, со две поаѓања, во 11 и 17 часот. Двете тури денеска се бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари. Манифестацијата „Зборува Скопје“ почна вчера во Музејот на град Скопје со враќањето на буквите од пораката на солидарноста на источната страна од музејот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ruta-na-solidarnosta-vo-skopje/feed/ 0
ЈСП Турс со „Рута на солидарноста“ за 55 години од земјотресот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/#respond Fri, 20 Jul 2018 11:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=79128

ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на Сити бусот „Рута на солидарноста“. Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со земјотресот. Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за останатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари. - Со овој мал гест сакаме да искажеме благодарност и почит кон сите што му помогнаа на Скопје, а истовремено да пратиме порака дека скопјани никогаш нема да ја заборават подадената рака и светската солидарност по катастрофата во 1963 година, соопшти ЈСП Скопје. Почетна станица ќе биде местото каде што е родена Мајка Тереза, паркчето пред зградата на ЕВН на плоштад. Оттаму автобусот ќе се упати кон Стара железничка станица, потоа ќе вози кон населбите Тафталиџе 1 и 2,  кои се изградени со помош на светската солидарност, ќе продолжи по улиците „Варшавска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Осло“, „Хелсинки“, па преку „Московска“ по булеварот „Партизански одреди“ автобусот ќе минува спроти поликлиника „Букурешт“, подарок од Романија. Туристичкиот автобус потоа ќе се упати покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзална Сала (подарок од Бугарија) и блоковите од Градски Ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), ќе стаса до стариот театар и кај зградата на МОБ (за скопјани се уште позната како МНТ). Турата ќе заврши повторно на плоштад кај родната куќа на Мајка Тереза на платото пред зградата на ЕВН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/feed/ 0