С-300 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 13:18:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png С-300 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкара ќе го информира НАТО дека грчката армија со руски „С-300“ системи следела турски борбени авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ankara-kje-go-informira-nato-deka-grchkata-armija-so-ruski-s-300-sistemi-sledela-turski-borbeni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ankara-kje-go-informira-nato-deka-grchkata-armija-so-ruski-s-300-sistemi-sledela-turski-borbeni-avioni/#respond Wed, 31 Aug 2022 13:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=726717

Турција ќе го информира НАТО „за провокациите на грчката страна со употреба на противвоздушни ракетни системи С-300 во регионите на Егејот и Средоземното Море“, го пренесува агенцијата „Анадолија“ соопштението на турското Министерство за национална одбрана. Министерството соопшти дека грчките системи за противвоздушна одбрана од руско производство биле користени за следење на активностите на турските борбени авиони „Ф-16“ западно од грчкиот остров Родос. Грција категорично ги отфрла тврдењата на Турција. Турското Министерство за одбрана соопшти дека дејствијата на Грција се спротивни на „сојузничкиот дух“ и оти за тоа ќе ги информира Секретаријатот на НАТО и земјите-членки. Грчките аналитичари коментираат дека Турција се обидува да го искористи наводниот инцидент за да покаже дека со своите ракетни системи „С-300“ од руско производство Грција всушност ја изложува одбраната на НАТО на идентичен ризик за каков е посочена Анкара поради нејзините набавки на системи „С-300“ и „С-400“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ankara-kje-go-informira-nato-deka-grchkata-armija-so-ruski-s-300-sistemi-sledela-turski-borbeni-avioni/feed/ 0
Русија тврди дека уништила системи „С-300“ што биле донирани на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-unishtila-sistemi-s-300-shto-bile-donirani-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-unishtila-sistemi-s-300-shto-bile-donirani-na-ukraina/#respond Mon, 11 Apr 2022 10:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=661203

Русија тврди дека уништила противракетни системи „С-300“ во Украина што Киев ги доби од една европска држава, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, како и дека руските сили собориле два авиони „Су-25“. Руското МО тврди дека ракети „Калибар“ лансирани во неделата уништиле четири лансери „С-300“ сокриени во хангар во предградие на Дњипар. Во нападот биле погодени 25 украински војници, тврдат воените власти во Москва. Притоа руската страна не наведува од која европска држава се испорачани системите „С-300“. Словачка која донираше свои противракетни системи „С-300“ вчера ги отфрли информациите дека се погодени нивните ракетни системи односно дека руските информации се лажни. Руското МО уште соопшти за два соборени воени авиони „Су-25“ во близина на градот Изјум како и уништување на две складишта со муниција од кои едното во близина на градот Миколајев во јужниот дел на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-tvrdi-deka-unishtila-sistemi-s-300-shto-bile-donirani-na-ukraina/feed/ 0
Словачка на Украина и донираше противракетен систем С-300 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-na-ukraina-i-donirashe-protivraketen-sistem-s-300/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-na-ukraina-i-donirashe-protivraketen-sistem-s-300/#respond Fri, 08 Apr 2022 14:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=660451

Словачка и донираше на Украина моќен систем за противвоздушна одбрана С-300 како мала помош во одбраната од руската агресија, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер. Британските медиуми пренесуваат дека Украина секојдневно го повикува Западот да и донира од толку потребното оружје. -Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во одбраната од агресијата, изјави Хегер, кој денеска се наоѓа во посета на Киев. Системот С-300 е произведен во поранешниот СССР, а во оперативна употреба е и денеска. Словачка следната недела од САД ќе добие четири противвоздушни ракетни системи „Патриот“, што ќе ги заменат системите за противракетна одбрана С-300 пренесени во Украина, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Јарослав Над. -Четирите системи „Патриот САМ“, од најновата модификација PAC 3, ќе ни обезбедат неспоредливо повисок степен на заштита од застарениот систем С-300 произведен во 1987 година. Зборуваме за недвосмислено зајакнување на одбранбените способности на Словачка, рече Над.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-na-ukraina-i-donirashe-protivraketen-sistem-s-300/feed/ 0