сабина ајрула тозија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 08:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сабина ајрула тозија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синот на Сабина Ајрула Тозија: Начинот на Драмски за испраќање е навредлив, мајка ми заслужува повеќе од хипи-смотра низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/#respond Thu, 28 Apr 2022 08:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=669028

Недостоен и навредлив. Вака синот на актерката Сабина Ајрула Тозија го опишува настанот за денеска на кој Драмскиот театар ќе им се заблагодари на Ристо, Сабина, Мајда, Вида..., наместо да одржи комеморација. Вардан Тозија се огласи преку социјалните мрежи и истакна дека денеска нема да присуствува на настанот. Тозија посочува дека неговата мајка заслужува нешто повеќе од, како што вели, хипи-смотра на денот на театарот, низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“. Драги пријатели и почитувачи на делото на Сабина Тозија, Ве известувам дека нема да присуствувам на утрешната комеморација организирана од Драмски театар за заминувањето на мојата мајка, Сабина Тозија. Сметам дека групниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие луѓе кои го посветиле животот на Драмски, а воедно е навредлив за мене и моето семејство. Мислам дека, како личност која поминала најголем дел од животот во оваа институција и оставила силен печат во македонскиот театар и кинематографија, таа заслужува нешто повеќе од хипи-смотра на денот на театарот, низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“. До неодамна постоеше правило како се испраќа колега, пријател, актер... очигледно, тие вредности кај некои кои раководат со театарот не значат многу. Сигурен сум дека таа на ист начин би ги бранела овие актерски, и пред се’, човечки начела кога би станало збор за нејзин соработник. Ова збогување со луѓе кои го оставиле својот живот за афирмација на театарот и својата земја, е воедно срам за театарот, и срам за оваа земја. Комеморација за Сабина Тозија ќе има во блиска иднина. Таа ќе биде изведена на поинаков начин, за жал, во рамки на друга институција, и за тоа ќе бидете благовремено известени. Нека почиваат во мир иконите на македонскиот театар, напиша Вардан на Фејсбук. Со ист став е и семејството на Ристо Стефановски театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје. И тие истакнаа дека нема да присуствуваат денеска во Драмски. -Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди, стои во изјавата на семејството на Стефановски. Инаку, наместо одржување на комеморација, Драмски најави дека на Стефановски, Ајрула и Тушар ќе им се заблагодарат за се што му дале на театарот. Дополнително, пред Ѕидот на славните, како што е најавено, ќе се пие и црно тиквешко. -Денешниов ден ќе го искористиме да ви најавиме дека на 28.4. (четврток) во 12:00 часот ширум ќе ги отвориме вратите на Драмски за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи. На 28.4. во 12:00 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида… за се она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она МНОГУ што Драмски го доби од Нив. А потоа, пред Ѕидот на славните на Драмски, ќе се напиеме тиквешко црно и ќе ви подариме Монографија од Драмски, која благодарение на Нив постои, објави минатата недела Драмски театар на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sinot-na-sabina-ajrula-tozija-nachinot-na-dramski-za-isprakjanje-e-navredliv-majka-mi-zasluzuva-povekje-od-hipi-smotra-niz-banalna-blagodarnost-i-chasha-tikveshko/feed/ 0
Постхумна награда за Сабина Ајрула Тозија, свечено отворање на шестото издание на МФФ „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posthumna-nagrada-za-sabina-ajrula-tozija-svecheno-otvoranje-na-shestoto-izdanie-na-mff-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posthumna-nagrada-za-sabina-ajrula-tozija-svecheno-otvoranje-na-shestoto-izdanie-na-mff-kinenova/#respond Wed, 27 Oct 2021 07:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=586193

Во киното „Милениум“, вечерва со почеток во 20 часот свечено ќе биде отворено шестото издание на фестивалот „Киненова“. На свеченоста ќе биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија, а на отворањето на Фестивалот ќе се прикаже филмот „СТРАХИЊА БАНОВИЌ / AS FAR AS I CAN WALK“ на Стефан Арсенијевиќ. „Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди. -Им отстапиме простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми. „Киненова“ е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаме и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, додека португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување. Проекциите на филмовите се во киното „Милениум“ и Кинотека на Македонија, велат организаторите на настанот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/posthumna-nagrada-za-sabina-ajrula-tozija-svecheno-otvoranje-na-shestoto-izdanie-na-mff-kinenova/feed/ 0
Овие стари фотографии се вечен сведок за тоа каква актерка изгуби Македонија – почивај во мир Сабина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-stari-fotografii-se-vechen-svedok-za-toa-kakva-akterka-izgubi-makedonija-pochivaj-vo-mir-sabina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-stari-fotografii-se-vechen-svedok-za-toa-kakva-akterka-izgubi-makedonija-pochivaj-vo-mir-sabina/#respond Wed, 11 Aug 2021 14:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=549241

Сабина Ајрула Тозија, една од најдобрите актерки во Македонија, почина вчера на 75-годишна возраст. Со неа се простува публиката, колегите, пријателите, а последен поздрав испраќаат и од нејзиниот Драмски театар. -Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на нашата Сабина Ајрула Тозија, една од најмаркантните актерки во театарската и филмската уметност. Сабина беше еден од столбовите на Драмскиот театар и ќе остане вечно запаметена по нејзините успешно одиграни улоги во претставите: „Дамите од Аламо“, „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Еригон“, „Косанчиќев венец“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Авантурите на Понг и Луси“, „Свадба“ и многу други. Добитник е на безброј награди меѓу кои Државната награда „Свети Климент Охридски“ и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“. Вечна и слава, објавија од театарот. Тие објавија и низа фотографии од богатата ризница. Сабина беше актерка која на сите улоги им даваше неверојатен сјај. Нејзината убавина, талент, улогите... вечно ќе останат во нашата меморија. Во продолжение погледнете дел од старите фотографии од нејзините значајни улоги: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-stari-fotografii-se-vechen-svedok-za-toa-kakva-akterka-izgubi-makedonija-pochivaj-vo-mir-sabina/feed/ 0
Сочувство од Пендаровски, Заев и Стефоска за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pendarovski-zaev-i-stefoska-za-smrtta-na-akterkata-sabina-ajrula-tozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pendarovski-zaev-i-stefoska-za-smrtta-na-akterkata-sabina-ajrula-tozija/#respond Wed, 11 Aug 2021 13:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=549218

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за култура Ирена Стефоска, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, изразија жалење и сочуство за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија. Претседателот Пендаровски на својот профил истакна дека смртта на Сабина е голема загуба за македонската драмска, филмска и културна сцена, но, дека споменот за неа ќе продолжи да живее меѓу публиката, драмските уметници, режисери и продуценти. -Ми беше голема чест што Сабина ја прифати мојата покана да биде член на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија. Нека почива во мир, напиша тој. Според премиерот Заев, Сабина заслужува вечен аплауз и длабок поклон за нејзиниот артистички оган со кој им вдахна животворен дух на стотина театарски, филмски и телевизиски ликови, кои засекогаш ќе бидат запаметени. -Со огромно жалење ја примив веста за заминувањето на една од нашите најпознати актерки и доајен на театарската уметност во земјава. Сабина Ајрула Тозија си замина од сцената, оставајќи маркантни траги на театарската сцена кои се инспирација за сите генерации после неа, стои во објавата. И министерката за култура изрази жалење, со потсетување дека Сабина е ретка ѕвезда на нашите простори која има стигнато до грандиозните турски продукции. Актерката Сабина Ајрула Тозија е родена во Скопје на 17 април 1946 година. Почина вчера на 75- годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pendarovski-zaev-i-stefoska-za-smrtta-na-akterkata-sabina-ajrula-tozija/feed/ 0
Колегите неутешни: Џамбазов напишал песна која ја пеел за роденденот на Сабина, Жугиќ една работа која ја научила од неа нема да ја заборави! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolegite-neuteshni-dzambazov-napishal-pesna-koja-ja-peel-za-rodendenot-na-sabina-zugikj-edna-rabota-koja-ja-nauchila-od-nea-nema-da-ja-zaboravi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolegite-neuteshni-dzambazov-napishal-pesna-koja-ja-peel-za-rodendenot-na-sabina-zugikj-edna-rabota-koja-ja-nauchila-od-nea-nema-da-ja-zaboravi/#respond Wed, 11 Aug 2021 11:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=549149

На 75-годишна возраст вчеравечер во Скопје, по кратко боледување почина актерката Сабина Ајрула - Тозија. Веста за нејзината смрт ја потресе македонската јавност, а нејзините колеги сè уште не можат да поверуваат, па дел од нив со емотивни пораки на социјалните мрежи се простија од актерката. Весна Петрушевска: „Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав. Ама многу. Прекрасница. Моето најдлабоко сочувство. Глумиците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага.“, напишала таа на Инстаграм профилот.
Игор Џамбазов: „За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина...“.
Јелена Жуѓиќ: „Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија Sabina Tozija Паметам како вчера да беше… -иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето,сенката…полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме…ме научи како со полни плуќа да “дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам “зад кулисните игри” и професионално да созревам… Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси. Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата“. Драган Спасов Дац: „Сабина! Глумците не умираат!“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolegite-neuteshni-dzambazov-napishal-pesna-koja-ja-peel-za-rodendenot-na-sabina-zugikj-edna-rabota-koja-ja-nauchila-od-nea-nema-da-ja-zaboravi/feed/ 0
Еден до најпознатите турски актери со неутешни зборови за Сабина со која играа во многу филмови: Грлото ми е врзано во јазли… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-do-najpoznatite-turski-akteri-so-neuteshni-zborovi-za-sabina-so-koja-igraa-vo-mnogu-filmovi-grloto-mi-e-vrzano-vo-jazli-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-do-najpoznatite-turski-akteri-so-neuteshni-zborovi-za-sabina-so-koja-igraa-vo-mnogu-filmovi-grloto-mi-e-vrzano-vo-jazli-foto/#respond Wed, 11 Aug 2021 08:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=549069

Веста за смртта на македонската актерка Сабина Ајрула Тозија не ја потресе само нашата земја, во Турција веста уште вчера вечерта беше пренесена со големо жалење на сите. Македонската актерка речиси да беше позната во Турција исто колку и во Македонија, а тоа се должи на нејзиниот ангажман во турската филмска индустрија во последните неколку години. Турција ја памети по улогата на Афифе Хатун во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, таа играше и други улоги на тамошната сцена, како и неколку глани ликови. Меѓу последните беше ТВ-серијата „Ескија“, каде го играше ликот на Хајрије Чакирбејли. Еден од најпознатите актери во Турција вчера по повод смртта на актерката се прости со неутешни зборови на својот Инстаграм профил. Имено Октај Кајнарџа напиша дека не знае дали го тестираат со оваа тажна вест.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Oktay Kaynarca (@oktaykaynarca)

„Не знам дали ме тестираат, но мислам дека Создателот знае нешто... Невозможно е да ја опишам, оваа огромна празнина, огромна ништожност, грлото ми е врзано во јазли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-do-najpoznatite-turski-akteri-so-neuteshni-zborovi-za-sabina-so-koja-igraa-vo-mnogu-filmovi-grloto-mi-e-vrzano-vo-jazli-foto/feed/ 0
Нашата позната актерка во неверување се прости од Сабина: Многу ја сакав, глумците не умираат, така барем се тешиме… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/#respond Wed, 11 Aug 2021 07:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=549023

Македонската јавност се уште не може да поверува по вчерашната вест дека на 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија. Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата. -Си замина и таа....секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна,достоинствена🙏🏻🙏🏻❤️со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива...на сцена и приватно...многу ја сакав❤️ама многу❤️прекрасница❤️моето најдлабоко сочувство @vardantozija Vardan Tozija ти и беше целиот свет❤️глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина❤️тага❤️, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashata-poznata-akterka-vo-neveruvanje-se-prosti-od-sabina-mnogu-ja-sakav-glumcite-ne-umiraat-taka-barem-se-teshime-foto/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ, ГОЛЕМА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНИЈА: Почина Сабина Ајрула Тозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-golema-zaguba-za-makedonija-pochina-sabina-ajrula-tozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-golema-zaguba-za-makedonija-pochina-sabina-ajrula-tozija/#respond Tue, 10 Aug 2021 20:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=548968

По долго и тешко боледување, на 75-годишна возраст почина познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија, пренесе ПлусИнфо. Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент. Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-golema-zaguba-za-makedonija-pochina-sabina-ajrula-tozija/feed/ 0